СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде светски првак?

  • Вкупно гласачи
    155
  • Гласањето е завршено на .
Огромен напредок од 1994 кога играа на одвратни стадиони, некогаш белите линии од американски фудбал се познаваа и не беа избришани целосно, финалето се играше на таа грдосијата во Пасадена на сонце, огромен стадион без сенка... само на стадионот во Далас мислам дека се играше и тогаш, сите останати стадиони што ги гледаме сега не беа користени тогаш.
Паметам добро 1994 немаше линии од амерички фудбал да не претеруваме.:icon_lol: Имаше некои со покретен кров и два три со атлетски патеки. Во Њу Јорк каде играа Ирска Италија беше страшно добар стадион. Плус Солџерс филд во Чикаго.
 
Првенството р ужас...
 
Патот на Франција до полуфинале:

Сенегал (играчи и тренери кои немаат добиено плата)
Ирак (дојдоа до СП преку интерконтинентален Плејоф)
Шведска на Потер (дојдоа до СП преку плејоф поради Лига на Нации откако во квалификациите завршија зад Косово)
Б Тимот на Норвешка
Парагвај (најлошо пласирана екипа со директен КОНМЕБОЛ пласман)
Б Тимот на Франција

1783726544882.png
 
Не беа толку ужасни Белгија ко Мароко вчера. Не им дозволија многу да играат Шпанците , а и покрај тоа имаа некои прилики од кои едната се претвори во гол. Да немаше Ламенс почетничка грешка ќе се закомплицираше утакмицата.
Утре ако тепа Англија , ќе останат они , Франција , Шпанија , Аргентина и Швајцарија :pos:
Благодарение на очајот на Португалија и Колумбија се разбира. Утре денот ќе покаже дали има простор за изненадување или тие што ги збориме најмногу тие ќе се тие.
Ова не е ни дилема, Белгија имаа концепт, игра, тактика, знаеја што треба да направат. На крај таа е разликата меѓу двете екипи, малце среќа, малце индивидуалност, малце квалитет... Тоа е.
Солидни беа они, Мароко делуваа изгубено, ко Норвешка у групна фаза, делуваа ко да се чуваат за во иднина......

Сега мислам дека е редно време пак да се отвори дискусијата кој е бољи од Мората и Лукаку .
Шала на страна Лукаку е за мене можеби најпотценет напаѓач на сите времиња. Човекот можеби е меме пошто утнал ваму и таму и бидејќи не може да задржи екипа, ама објективно Лукаку е сосема озбилен напаѓач и криво ми е што не успеа да најде некој сериозен дом. Да останеше во една екипа подолго време мислам цел свет ќе сфатеше за каков напаѓач станува збор.

Во голем дел и сам си е крив. А доби и нова шанса и во Интер и во Наполи,буквално во било која екипа да останеше до доцна 'кариерна старост' ќе беше запеметен како легенда. Вака останува само да се надева дека некоја идна генерација ќе му гледа хајлајтс и статистика и ќе сфати дека бил добар напаѓач. За жал, моменталниот став дека е само 'меме играч' на интернетот е нереален.

Овие МОТМ ги бираат на еци пеци пец... :pos:

Која шега од првенство...

Јамал беше добар денеска, ова му е најдобар меч на првенствово, ако одигра вака против Франција ќе биде топ. Јбг, повредата си го чинеше своето, ама денеска беше добар.

With that said... Озбилно, како ги бираат овие МОТМ? Гласови на публика? Х% гласање на интернет и Х% експерти како на Евровизија? Ми има логика да има удел интернетот, голем број на МОТМ наградиве на ова СП делвуаат малце рандом
 
Пишав поназад дека фановите гласаат, не знам дали го даваат тоа кај нас, тука на Фокс накај 60та минута излегува qr код да го скенираш каде што можеш да гласаш. Затоа и Роналдо скоро секој натпревар добиваше мотм.
 
Огромен напредок од 1994 кога играа на одвратни стадиони, некогаш белите линии од американски фудбал се познаваа и не беа избришани целосно, финалето се играше на таа грдосијата во Пасадена на сонце, огромен стадион без сенка... само на стадионот во Далас мислам дека се играше и тогаш, сите останати стадиони што ги гледаме сега не беа користени тогаш.
Паметам добро 1994 немаше линии од амерички фудбал да не претеруваме.:icon_lol: Имаше некои со покретен кров и два три со атлетски патеки. Во Њу Јорк каде играа Ирска Италија беше страшно добар стадион. Плус Солџерс филд во Чикаго.

1783731566361.png
 
Јамал беше добар денеска, ова му е најдобар меч на првенствово, ако одигра вака против Франција ќе биде топ. Јбг, повредата си го чинеше своето, ама денеска беше добар.

With that said... Озбилно, како ги бираат овие МОТМ? Гласови на публика? Х% гласање на интернет и Х% експерти како на Евровизија? Ми има логика да има удел интернетот, голем број на МОТМ наградиве на ова СП делвуаат малце рандом
Јамал не играше лошо али да беше МОТМ не беше, а не му дадоа една ваква туку неколку ко што видов.
 
Јамал не играше лошо, ама не заврши ниедна акција, макар со нешто што личи на асистенција, ширење на напад. И тоа што личеше на завршеток, за чур не беше.
Вака имам впечаток дека 90 минути да се загреваше покрај аут линија, пак ќе беше играч на натпреварот. До толку интернетот и масата фешнфан ја имаат искривено перцепцијата за фудбал.
Витни Хјустон, бог да и душа прости, да ја ставеа на листа за гласање, ако не беше во тесна борба со Јамал, па те.
 
Шала на страна Лукаку е за мене можеби најпотценет напаѓач на сите времиња. Човекот можеби е меме пошто утнал ваму и таму и бидејќи не може да задржи екипа,
Каде бе ваму и таму, уште ми е пред очи во Катар во групата со Хрватска, каде беа фаворити, промаши чиста шанса за пролаз даље, мислам дека ќе испаднеа Хрватите ако погодеше Лукаку, беше последна утакмица од групата.
 
Ме смори првенството откако останаа само европјаните, ми се изгуби дражот некако.
 
Ме смори првенството откако останаа само европјаните, ми се изгуби дражот некако.
Е ај кој од другите да пројдеше?
Освен Бразил кој е во слободен пад, се' друго е кадарно само за едно полувреме.
 
Е ај кој од другите да пројдеше?
Освен Бразил кој е во слободен пад, се' друго е кадарно само за едно полувреме.

Колумбија и Бразил да минеа ќе беа интересни парови:

Бразил - Англија
Аргентина - Колумбија
 
Back
На врв Bottom