Геополитички размислувања за минатото и иднината на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Liechtenstein
  • Време на започнување Време на започнување
Застрашувачко е колку врховизмот, јаничарството, конвертитството, квислинштвото го разорува Македонското ткиво.

Налетав на видеово каде овој копук Јанко (мајмунот) “Србино“ е до толку забеган што мене ме јаде туѓ срам
Замислете копукот мртов ладен говори, претходно објавил во книга, дека баба му (мајка на мајка му) по се изгледа Македонка до самиот крај му рекла дека е Србинка, од село Суровичево Леринско.
Но да не ширам погледнете самите,




Инаку за Суровичево на Википедиа го има следново,
Суровичево или Соровичево (грчки: Αμύνταιο, Аминдео; до 1928 г. Σόροβιτς, Соровиц; https://mk.wikipedia.org/wiki/Суровичево, турски: Soroviç, Сорович) — град во Леринскиот Округ во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува седиште на општината Суровичево

Во статистиките на К’нчов од 1910 Суровичево се споменува со 835 жители од кои 750 Македонци, 35 Турци и 50 Роми, додека Милоевиќ го забележал како село со 150 македонски куќи

овде имате повеќе инфо.

Ете таква е состојбата денес во Грекистан, мислам дека ништо подобра не е ни во Булгаристан а за Северџистан и да не говориме, жива катастрофа со Македонштината и Македонската културна матрица..

Застрашувачко е што овој копук лаже и глуми дека имал српски корени, која би била причината за вакво нешто!

Имаме влада имаме академија има ли некој таму да напише некаква платформа за да се прекине овој срам оваа одродување!
 
Последно уредено:
Е па....Варуфакисиевиќ може да бара српски пасош...секако, ако претходно се изјасни дека е Србин најмалку од 4-то колено, со родно место некаде во Беломорска Македонија.
 
Застрашувачко е колку врховизмот, јаничарството, конвертитството, квислинштвото го разорува Македонското ткиво.

Налетав на видеово каде овој копук Јанко (мајмунот) “Србино“ е до толку забеган што мене ме јаде туѓ срам
Замислете копукот мртов ладен говори, претходно објавил во книга, дека баба му (мајка на мајка му) по се изгледа Македонка до самиот крај му рекла дека е Србинка, од село Суровичево Леринско.
Но да не ширам погледнете самите,




Инаку за Суровичево на Википедиа го има следново,




овде имате повеќе инфо.

Ете таква е состојбата денес во Грекистан, мислам дека ништо подобра не е ни во Булгаристан а за Северџистан и да не говориме, жива катастрофа со Македонштината и Македонската културна матрица..

Застрашувачко е што овој копук лаже и глуми дека имал српски корени, која би била причината за вакво нешто!

Имаме влада имаме академија има ли некој таму да напише некаква платформа за да се прекине овој срам оваа одродување!
Не знам дали знаеш дека у Србија последниве години се шири квази муабет дека уствари Грците од независноста 1821 до 1949 год со граѓанската војна, цело време убивале Срби. Лошиот Тито не отишол да интервенира да ги спаси, сите топоними дека биле српски и тоа се до Пелопонез, и дека Грците никакви браќе не им биле на Србите.
Успешно оваа глупост ја негираат Србите што веруваат во православните братства со Грција.
 
Напротив многу е значајно кај е ОТАН, затоа што ОТАН е инструмент на политиката која ја “демократски“ наметнува клубот на пет очи на членки но и на други кои не се членки. Сите се повикуваме на турско-грчката војна но за приридата на истата сме информирани од западни-нато извори и ја знаеме “вистината“ која тие ни ја сервираат.
Зошто САД би ни дале одврзани раце кога операцијата тие ја водеа?
Кондолиза Рајс го рашетуваше светот да врши притисок да не ни продаваат оружје, и ден денес се шпекулира како Украина ни продала оружје дали со согласност на Русија или самостојно, едни велат да други не, но како и погоре повторно ја знаеме нивната вистина.


Не е битно од каде влегло оружјето туку кој стои зад таа “зделка“ и со какви интереси.
Да најголемо количество дојде од тие држави но и од Албанија и НАТО само што беше наменето за Учкарите/необалистите.
Бугарија не дозволи преку нејзина територија да се донесе оружјето од Украина, па истото беше доставено преку Грекија но откако заврши се и со согласнот од Љубчета/балгарчета и Боро/проповедникот да е локација подалеку од регионите каде имаше балистичко дивеење.
Ниту една земја или организација не ни даде логистичка или информативна/разузнавачка подршка (додека истото НАТО им даваше секаква подршка на балистите) се моравме сами за сите пари што ги имавме и со сериозна закана за опстанокот на државта Македонија...

И повторно останува прашањето зошто на Македонија и треба НАТО, до толку ли ни испиле мозокот па да мислиме/веруваме дека некаква си военополитичка организација создадена од геостратешки интереси на западната империја а против Русија нешто нам ќе ни могне во било кои услови ? ?
Не велам не но да не сме про американски настроени т.е секоја наша Влада да не е про западно ориентирана ќе почнат во почеток Диво Насеље стил да ни се пројавуваат опасности и на крај ќе завршиме со нападот 2001 на полициската станица во Теарце.
Тие и го направија Диво Насеље како опомена на Грујо да не забегува со курсот. Сакале или не во Европа се наоѓаме и моментално Русија е преслаба за некакво поголемо влијание плус треба копнено некако да се поврзуваме па утре да речеме ќе бидеме со Русија не со ОТАН.
 
Не велам не но да не сме про американски настроени т.е секоја наша Влада да не е про западно ориентирана ќе почнат во почеток Диво Насеље стил да ни се пројавуваат опасности и на крај ќе завршиме со нападот 2001 на полициската станица во Теарце.
Тие и го направија Диво Насеље како опомена на Грујо да не забегува со курсот. Сакале или не во Европа се наоѓаме и моментално Русија е преслаба за некакво поголемо влијание плус треба копнено некако да се поврзуваме па утре да речеме ќе бидеме со Русија не со ОТАН.
Претпоставувам имаш одреден личен интерес што си љубител на говедари(каубои), но дозволи да има и поинакви ставови.
Диво населије беше направено да се спречи гасоводот да поминуа низ Макеоднија.
Инаку не само Диво ами и 2001-ва и и се што ни се сервира последниве 30 години е производ на нивно вмешување и управување на хаосот.
Од секогаш сме биле во полуостровот Европа, не знам зошто постојано се повлекува такво нешто.

И како и многумина погрешно ги интерпретираш работите, не се работи да бидеме проруски или проамерикански туку ПроМакедонски.
Ме потсети на случак, дојдоа едни и врбуваат за членство со бајка биле проруски, одговорот беше мене ме интересира ПроМакедонски... секако за развивање на добри односи со Русија ама пред се на културен план во Македонија постојано се пласира русофобија без некоја голема причина, за Русија и нејзината култура кај нас многу малку се знае, ако некој веќе е прорус тогаш нека оди во рускта амбасада и нека бара стипендии за наши за Ломоносов или слични престижни универзитети и на тој начин ќе создадеме потребна клима за соработка.
Автоматски споено мислење:

Не знам дали знаеш дека у Србија последниве години се шири квази муабет дека уствари Грците од независноста 1821 до 1949 год со граѓанската војна, цело време убивале Срби. Лошиот Тито не отишол да интервенира да ги спаси, сите топоними дека биле српски и тоа се до Пелопонез, и дека Грците никакви браќе не им биле на Србите.
Успешно оваа глупост ја негираат Србите што веруваат во православните братства со Грција.
Сосема небитно е каква пропаганда с епласира во Србија.
Проблемот е што овој копук кој по се изгледа 1/2 (можеби и повеќе ама ме изнервира и не гледав до крај после Суровичево било српско) има Македонско потекло, а дали од срам или за пари сега е Србин!

Кога веќе потенцираш какви се забегани работи има во Србија ме потсети на случката од пред 1-2 години кога некој со ВИ направил видео каде Илонка Маската говори дека имал српско потекло, многумина па и јавни личности/политичари тоа го говореа преку тв емисии верувајќи во тоа, и денес има такви кои веруваат :pos:
 
Последно уредено:
Сосема небитно е каква пропаганда с епласира во Србија.
Проблемот е што овој копук кој по се изгледа 1/2 (можеби и повеќе ама ме изнервира и не гледав до крај после Суровичево било српско) има Македонско потекло, а дали од срам или за пари сега е Србин!

Кога веќе потенцираш какви се забегани работи има во Србија ме потсети на случката од пред 1-2 години кога некој со ВИ направил видео каде Илонка Маската говори дека имал српско потекло, многумина па и јавни личности/политичари тоа го говореа преку тв емисии верувајќи во тоа, и денес има такви кои веруваат :pos:
Не е ова државна пропаганда. Единствениот поддржувач што го имаат за ЕУ ќе го изгубат ако ова го спомнат.
А тој што сере е исто говно ко тој "бугарот од Албанија" .

Ааа дека е од Република Српска....
Прва се излета онаа бабата до Балкан Инфо.
 
Не знам дали знаеш дека у Србија последниве години се шири квази муабет дека уствари Грците од независноста 1821 до 1949 год со граѓанската војна, цело време убивале Срби. Лошиот Тито не отишол да интервенира да ги спаси, сите топоними дека биле српски и тоа се до Пелопонез, и дека Грците никакви браќе не им биле на Србите.
Успешно оваа глупост ја негираат Србите што веруваат во православните братства со Грција.
И блгарите и србите ги имале свои комити во егејска Македонија, србите имале војвода Бабунски, познат по Зверства...дедоми е бегалец од Аминдео(Сорович) во Белград, лично има одено во општината да бара да се избрише улицата војвода Бабунски...но иако има доста автори и во Бугарија и во Србија кој пишувале за грчкиот терор врз спр3ма нив бугари/срби во егејска Македонија, НИТИ држава БУГАРИЈА НИТУ СРБИЈА званично се пожалиле против ГРЦИЈА во Европа за тоа !!!!...по Преспанскиот договор, Бугарија апла се " откажа" од тзв бугарите во Грција, но затоа плаќа АРМИЈА БОТОВИ по интернет медиумите а и во секојдневниот ОФ ЛАЈН живот кој ја буткаат теоријата за непостоење македонци....Србија пак официално одамна нематакви работи, но и таму постојат индивидуалци кој го негираат и присвојуваат македонскиот идентитет како српски...а имаше навистина ретки српски интелектуалци, кој излегоа со сосем трета, но интересна теорија, тие тврдат дека ви времето на Самуил а и до ЦарДушан, па можеби и до Марко крале, во балканот многумина се сметале Македонци...па и германската мапа на Самуиловото кралство го нарекува Славенска Федерација, а имаше и написи дека во Дубровник а и Црна Гора многумуна се изјаснувале Македонци...Така да мене воопшто не ми смета изјавата на еден српски интелетуалец "сите ние Сме Македонци", ако нас не признава за Македонци. Т.Е. јасно е дека нациите подоцна се оформиле, со настанувањето на државите. Тоа што денешна Словинија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, БиХ, подоцна формирале држави не значи дека немале предходно свој сопствен идентитет...а надворешни обиди за асимилација имало одсекогаш и секаде, на пример уште за врема на СФРЈ Италија ги спроведуваше во Далмација и Истра, се делеа пари како пензии на постари лица кој служеле италијанска војска, на Јосип Џерџа роден 1942 во Задар му е понудено италијанско дрѓавјанство и дрес на италијанска репрезентација....се до Осимските спогодби 1975....Точно е дека и денес тук так ќе се огласи некој опозиционен италијански или унгарски политичар со териториални барања кон Хрватска, но тоа е ништожно спрема оваа блгарска ОФАНЗИВА за негирање на македонскиот идентитет, во која се вклучуваат и грчки а и други платеници..паралелно со тоа се самоповикани Посети на евроЕмисари кој не клукаат со неопходноста на ставање блгари во Уставот...
 
БРИКС (само на хартија) и кај нас :icon_lol:

ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ИНДИЈА ЌЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД ГРОБОТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Богата агенда на претседателката Друпади Мурму во Македонија​

Двете претседателки ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

Претседателката на Индија Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести.

Предвидена е тет-а-тет средба на двете претседателки и пленарен состанок на македонската и индиската делегација по што ќе се одржи заедничка прес-конференција.

Предвидено е претседателката на Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Попладнето со почеток во 17 часот ќе се одржи македонско-индиски бизнис форум, организиран од страна на Кабинетот на претседателот во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на бизнис форумот ќе се обратат двете претседателки по што ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјава.

На вториот ден од посетата, двете претседателки ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.

Друпади Мурму пристигна вчера на скопскиот аеродром каде беше пречекана од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Поради посетата на претседателката Мурму, во поширокото централно подрачје на Скопје ќе се применува посебен режим на сообраќај. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.


МАКЕДОНСКАТА ГЕОСТРАТЕШКА ПОЛОЖБА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИВЛЕЧНА ЗА ИНДИСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ Сиљановска Давкова ја пречека претседателката на Индија​

Посетата на Друпади Мурму е прва посета на претседател на Република Индија на Македонија.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, која е прв претседател на Република Индија кој дошол во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, по тет-а-тет средбата следел пленарен состанок на македонската и на индиската делегација.

Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација.

Соговорничките разменија мислења за глобалните состојби, укажувајќи на потребата од почитување на меѓународното право и мирното решавање на споровите.
За Сиљановска Давкова, посетата е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката. Во заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и во искуството од Движењето на неврзаните, таа препознава цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи.

Според неа, македонската геостратешка положба, инфраструктурните коридори и лесниот пристап до европскиот пазар, може да бидат од особен интерес за индиските инвеститори.

Друпади Мурму оцени дека нејзината прва посета на државава е историски момент и изрази волја за нова динамика во сестраното партнерство меѓу двата народа.

Според обете, политичкиот дијалог и меѓуинституционалната соработка се претпоставки за продлабочувањето на севкупните односи.

ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО ИНДИЈА ДА ПОРАСНЕ ОД 133 МИЛИОНИ ДОЛАРИ НА 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Поставени амбициозни цели за соработка по средбата на двете претседателки​

Претседателката Мурму ја поканила Сиљановска Давкова да ја посети Индија, а таа се надева дека ќе се отвори резидентна Амбасада на Република Индија во Скопје.

Преземање активности за подигнување на билатералните односи на уште повисоко ниво од сегашното, можноста за отворање на резидентна Амбасада на Индија во земјава, но и зајакнување на економската соработка биле дел од темите на кои денеска во Скопје разговарале претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзината индиска колешка, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава.

На сребата претседателките се согласиле дека контактите меѓу владите, министерствата, парламентите и институциите треба да станат почести, подобро структурирани и поамбициозни.

– Парламентарната дипломатија останува еден од најсилните столбови на меѓународната соработка и уверена сум дека денешното обраќање на претседателката пред пратениците во нашето Собрание ќе ги зацврсти врските меѓу двата парламента и ќе отвори нови можности за парламентарен дијалог. Ја изразив нашата искрена благодарност за сè поактивното присуство на Индија во Западен Балкан и во Југоисточна Европа. Ја поздравуваме секоја иницијатива за продлабочување на соработката и се надеваме на идно отворање резидентна Амбасада на Република Индија во Скопје – рече Сиљановска Давкова.

Таа нагласи дека економската трансформација на Индија е, веројатно, една од највпечатливите успешни приказни на 21 век. Во текот на само една генерација, додаде претседателката, Индија прерасна во водечка економска сила во светот, станувајќи еден од глобалните центри на иновациите, дигиталните технологии и претприемништвото.

Шефицата на државата додаде дека во исто време и нашата држава има многу што да им понуди на индиските партнери.

– Сместена на крстопатот на главните европски транспортни коридори, со политичка стабилност, конкурентна деловна клима, добро квалификувана работна сила и преференцијален пристап до европските пазари, ние сме привлечна влезна точка за индиските компании што сакаат да го прошират своето присуство во Европа – истакна таа.

Во текот на разговорите идентификувале бројни области за зајакнување на економската соработка, меѓу кои автомобилската индустрија, фармацевтската, здравството, информатичките технологии, аутсорсингот на деловни процеси, обновливите извори на енергија, земјоделството, прехранбената индустрија, машинството, логистиката и напредното производство. Разговарале и за економијата на иднината – вештачката интелигенција, дигиталната трансформација, научните истражувања, соработката меѓу универзитетите и развојот на новите технологии.

Попладнево, тие ќе се обратат на Македонско-индискиот бизнис-форум за дополнително да ја охрабрат соработката меѓу компаниите на двете држави.

Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНСКАТА ГЕОСТРАТЕШКА ПОЛОЖБА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИВЛЕЧНА ЗА…

плусинфо 21/07/2026
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ИНДИЈА ЌЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД ГРОБОТ НА…

плусинфо 21/07/2026
Минатата година трговската размена меѓу двете земји, достигнала приближно 133 милиони американски долари.

– Тоа е далеку под вистинскиот потенцијал. Токму затоа со претседателката Мурму го споделив моето уверување дека треба да си поставиме заедничка, поамбициозна, но остварлива цел, во следните пет години билатералната трговска размена да достигне најмалку 500 милиони американски долари. Верувам дека ваквите цели не се само израз на оптимизам, туку претставуваат стратешка определба што ќе ги поттикне владите, институциите и приватниот сектор со уште поголема решителност да работат кон мерливи резултати – нагласи Сиљановска Давкова.

Како огромен неискористен потенцијал за соработка таа ги наведе и културата, образованието, науката, иновациите, младинските размени и академската соработка.

– Нашата држава нуди недопрена природа, локалитети под заштита на УНЕСКО, богато културно наследство, древни археолошки локалитети, византиски цркви, османлиски џамии и, пред сè, искрено гостопримство. Воедно, се надеваме дека сè повеќе наши граѓани ќе имаат можност да го искусат цивилизациското богатство на Индија. Најсилните пријателства меѓу народите не ги градат само претседателите и владите, туку и студентите, уметниците, претприемачите, научниците и младите луѓе кои учат едни од други, создавајќи трајни спомени и длабоко меѓусебно разбирање – додаде таа.

Двете претседателски разговарале и за неколку значајни глобални иницијативи на Индија.

Врз основа на првичната проценка, рече Сиљановска Давкова, не гледаме пречки за приклучување на нашата држава кон Меѓународната соларна алијанса, Глобалната алијанса за биогорива и Коалицијата за инфраструктура отпорна на природни катастрофи.

– Очекуваме да ги утврдиме конкретните начини на кои нашата држава ќе може активно да придонесе за нивниот понатамошен успех – истакна Сиљановска Давкова.

Претседателката Мурму ја поканила Сиљановска Давкова да ја посети Индија.

Откако Моди ја прошета цела Европа и учествуваше на повеќе самити имаше текстови дека во Индија се гледа на создавање можна алтернатива или да речам соперник за Кина. Во секој случај моментално гравитираат према Запад.
 
Момци Македонци не треба многу анализа и дебата за да се заклучи дека некој севернава ја рачуна во голема доминантно христијанска држава. Кој е тој некој? САД ги исклучувам тие се строго против промени на граници на балканот, тоа им е моментална политика барем засега со Трамп. Британија е гз и гаќи со Грција, од друга страна Франција исто со Грција и Србија. Германија некако ми е не одлучна, а со сиве три европски сили Македонија има одлични односи. Пред некое време и германскиот шеф на генерал штаб беше во посета на Македонија, пречекан ко господин со сите процедури како што доликува на пријател.

Во меѓувреме грците говорат македонски и потсетуваат дека може да се земе грчки пасош ако докажеш корени. Насетија враниве дека не ги мирисаме Бугарите ич иако има поприлично бугарски документи во Македонија. А у Грчка на одмор први сме хехе.

Не за џабе постои Македонија и Северна Македонија. Зоки со умисла го потпиша тој договор.

Нам најпаметно ни е да се држиме до Американците ко слеп за стап и да не правиме никакви егзибиции со Русија и Кина на пример, да не се биеме со шипојте туку да живееме во хармонија и Big Daddy МcDonald ќе биде тука за нас секогаш.
 
Back
На врв Bottom