Борат
Сагдиев
- Член од
- 22 јули 2019
- Мислења
- 1.743
- Поени од реакции
- 1.136
- Локација
- Република Македонија
- Веб-сајт
- www.levica.mk
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Суровичево или Соровичево (грчки: Αμύνταιο, Аминдео; до 1928 г. Σόροβιτς, Соровиц; https://mk.wikipedia.org/wiki/Суровичево, турски: Soroviç, Сорович) — град во Леринскиот Округ во Егејска Македонија, денес во Грција. Претставува седиште на општината Суровичево
Не знам дали знаеш дека у Србија последниве години се шири квази муабет дека уствари Грците од независноста 1821 до 1949 год со граѓанската војна, цело време убивале Срби. Лошиот Тито не отишол да интервенира да ги спаси, сите топоними дека биле српски и тоа се до Пелопонез, и дека Грците никакви браќе не им биле на Србите.Застрашувачко е колку врховизмот, јаничарството, конвертитството, квислинштвото го разорува Македонското ткиво.
Налетав на видеово каде овој копук Јанко (мајмунот) “Србино“ е до толку забеган што мене ме јаде туѓ срам
Замислете копукот мртов ладен говори, претходно објавил во книга, дека баба му (мајка на мајка му) по се изгледа Македонка до самиот крај му рекла дека е Србинка, од село Суровичево Леринско.
Но да не ширам погледнете самите,
![]()
Was The 20th Century A Catastrophe, Or A Miracle? | Aaron Bastani Meets Yanis Varoufakis
Sign up for the upcoming Downstream Newsletter here: https://novaramedia.com/newsletters/the-downstream-newsletter/Get tickets for the next Downstream IRL, '...youtu.be
Инаку за Суровичево на Википедиа го има следново,
овде имате повеќе инфо.
Ете таква е состојбата денес во Грекистан, мислам дека ништо подобра не е ни во Булгаристан а за Северџистан и да не говориме, жива катастрофа со Македонштината и Македонската културна матрица..
Застрашувачко е што овој копук лаже и глуми дека имал српски корени, која би била причината за вакво нешто!
Имаме влада имаме академија има ли некој таму да напише некаква платформа за да се прекине овој срам оваа одродување!
Не велам не но да не сме про американски настроени т.е секоја наша Влада да не е про западно ориентирана ќе почнат во почеток Диво Насеље стил да ни се пројавуваат опасности и на крај ќе завршиме со нападот 2001 на полициската станица во Теарце.Напротив многу е значајно кај е ОТАН, затоа што ОТАН е инструмент на политиката која ја “демократски“ наметнува клубот на пет очи на членки но и на други кои не се членки. Сите се повикуваме на турско-грчката војна но за приридата на истата сме информирани од западни-нато извори и ја знаеме “вистината“ која тие ни ја сервираат.
Зошто САД би ни дале одврзани раце кога операцијата тие ја водеа?
Кондолиза Рајс го рашетуваше светот да врши притисок да не ни продаваат оружје, и ден денес се шпекулира како Украина ни продала оружје дали со согласност на Русија или самостојно, едни велат да други не, но како и погоре повторно ја знаеме нивната вистина.
Не е битно од каде влегло оружјето туку кој стои зад таа “зделка“ и со какви интереси.
Да најголемо количество дојде од тие држави но и од Албанија и НАТО само што беше наменето за Учкарите/необалистите.
Бугарија не дозволи преку нејзина територија да се донесе оружјето од Украина, па истото беше доставено преку Грекија но откако заврши се и со согласнот од Љубчета/балгарчета и Боро/проповедникот да е локација подалеку од регионите каде имаше балистичко дивеење.
Ниту една земја или организација не ни даде логистичка или информативна/разузнавачка подршка (додека истото НАТО им даваше секаква подршка на балистите) се моравме сами за сите пари што ги имавме и со сериозна закана за опстанокот на државта Македонија...
И повторно останува прашањето зошто на Македонија и треба НАТО, до толку ли ни испиле мозокот па да мислиме/веруваме дека некаква си военополитичка организација создадена од геостратешки интереси на западната империја а против Русија нешто нам ќе ни могне во било кои услови ? ?
Претпоставувам имаш одреден личен интерес што си љубител на говедари(каубои), но дозволи да има и поинакви ставови.Не велам не но да не сме про американски настроени т.е секоја наша Влада да не е про западно ориентирана ќе почнат во почеток Диво Насеље стил да ни се пројавуваат опасности и на крај ќе завршиме со нападот 2001 на полициската станица во Теарце.
Тие и го направија Диво Насеље како опомена на Грујо да не забегува со курсот. Сакале или не во Европа се наоѓаме и моментално Русија е преслаба за некакво поголемо влијание плус треба копнено некако да се поврзуваме па утре да речеме ќе бидеме со Русија не со ОТАН.
Сосема небитно е каква пропаганда с епласира во Србија.Не знам дали знаеш дека у Србија последниве години се шири квази муабет дека уствари Грците од независноста 1821 до 1949 год со граѓанската војна, цело време убивале Срби. Лошиот Тито не отишол да интервенира да ги спаси, сите топоними дека биле српски и тоа се до Пелопонез, и дека Грците никакви браќе не им биле на Србите.
Успешно оваа глупост ја негираат Србите што веруваат во православните братства со Грција.

Не е ова државна пропаганда. Единствениот поддржувач што го имаат за ЕУ ќе го изгубат ако ова го спомнат.Сосема небитно е каква пропаганда с епласира во Србија.
Проблемот е што овој копук кој по се изгледа 1/2 (можеби и повеќе ама ме изнервира и не гледав до крај после Суровичево било српско) има Македонско потекло, а дали од срам или за пари сега е Србин!
Кога веќе потенцираш какви се забегани работи има во Србија ме потсети на случката од пред 1-2 години кога некој со ВИ направил видео каде Илонка Маската говори дека имал српско потекло, многумина па и јавни личности/политичари тоа го говореа преку тв емисии верувајќи во тоа, и денес има такви кои веруваат![]()
И блгарите и србите ги имале свои комити во егејска Македонија, србите имале војвода Бабунски, познат по Зверства...дедоми е бегалец од Аминдео(Сорович) во Белград, лично има одено во општината да бара да се избрише улицата војвода Бабунски...но иако има доста автори и во Бугарија и во Србија кој пишувале за грчкиот терор врз спр3ма нив бугари/срби во егејска Македонија, НИТИ држава БУГАРИЈА НИТУ СРБИЈА званично се пожалиле против ГРЦИЈА во Европа за тоа !!!!...по Преспанскиот договор, Бугарија апла се " откажа" од тзв бугарите во Грција, но затоа плаќа АРМИЈА БОТОВИ по интернет медиумите а и во секојдневниот ОФ ЛАЈН живот кој ја буткаат теоријата за непостоење македонци....Србија пак официално одамна нематакви работи, но и таму постојат индивидуалци кој го негираат и присвојуваат македонскиот идентитет како српски...а имаше навистина ретки српски интелектуалци, кој излегоа со сосем трета, но интересна теорија, тие тврдат дека ви времето на Самуил а и до ЦарДушан, па можеби и до Марко крале, во балканот многумина се сметале Македонци...па и германската мапа на Самуиловото кралство го нарекува Славенска Федерација, а имаше и написи дека во Дубровник а и Црна Гора многумуна се изјаснувале Македонци...Така да мене воопшто не ми смета изјавата на еден српски интелетуалец "сите ние Сме Македонци", ако нас не признава за Македонци. Т.Е. јасно е дека нациите подоцна се оформиле, со настанувањето на државите. Тоа што денешна Словинија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, БиХ, подоцна формирале држави не значи дека немале предходно свој сопствен идентитет...а надворешни обиди за асимилација имало одсекогаш и секаде, на пример уште за врема на СФРЈ Италија ги спроведуваше во Далмација и Истра, се делеа пари како пензии на постари лица кој служеле италијанска војска, на Јосип Џерџа роден 1942 во Задар му е понудено италијанско дрѓавјанство и дрес на италијанска репрезентација....се до Осимските спогодби 1975....Точно е дека и денес тук так ќе се огласи некој опозиционен италијански или унгарски политичар со териториални барања кон Хрватска, но тоа е ништожно спрема оваа блгарска ОФАНЗИВА за негирање на македонскиот идентитет, во која се вклучуваат и грчки а и други платеници..паралелно со тоа се самоповикани Посети на евроЕмисари кој не клукаат со неопходноста на ставање блгари во Уставот...Не знам дали знаеш дека у Србија последниве години се шири квази муабет дека уствари Грците од независноста 1821 до 1949 год со граѓанската војна, цело време убивале Срби. Лошиот Тито не отишол да интервенира да ги спаси, сите топоними дека биле српски и тоа се до Пелопонез, и дека Грците никакви браќе не им биле на Србите.
Успешно оваа глупост ја негираат Србите што веруваат во православните братства со Грција.
Па нема појаково Белград, лично има одено во општината да бара да се избрише улицата војвода Бабунски

Двете претседателки ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.
Претседателката на Индија Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести.
Предвидена е тет-а-тет средба на двете претседателки и пленарен состанок на македонската и индиската делегација по што ќе се одржи заедничка прес-конференција.
Предвидено е претседателката на Индија да положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Попладнето со почеток во 17 часот ќе се одржи македонско-индиски бизнис форум, организиран од страна на Кабинетот на претседателот во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На отворањето на бизнис форумот ќе се обратат двете претседателки по што ќе бидат презентирани инвестициските можности на земјава.
На вториот ден од посетата, двете претседателки ќе ги посетат Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, кадешто ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.
По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид.
Друпади Мурму пристигна вчера на скопскиот аеродром каде беше пречекана од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Поради посетата на претседателката Мурму, во поширокото централно подрачје на Скопје ќе се применува посебен режим на сообраќај. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Посетата на Друпади Мурму е прва посета на претседател на Република Индија на Македонија.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на свечена церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека Друпади Мурму, која е прв претседател на Република Индија кој дошол во официјална посета на Македонија.
Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, по тет-а-тет средбата следел пленарен состанок на македонската и на индиската делегација.
Предмет на разговорот беа актуелните македонско-индиски односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација.
Соговорничките разменија мислења за глобалните состојби, укажувајќи на потребата од почитување на меѓународното право и мирното решавање на споровите.
За Сиљановска Давкова, посетата е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на соработката. Во заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и во искуството од Движењето на неврзаните, таа препознава цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи.
Според неа, македонската геостратешка положба, инфраструктурните коридори и лесниот пристап до европскиот пазар, може да бидат од особен интерес за индиските инвеститори.
Друпади Мурму оцени дека нејзината прва посета на државава е историски момент и изрази волја за нова динамика во сестраното партнерство меѓу двата народа.
Според обете, политичкиот дијалог и меѓуинституционалната соработка се претпоставки за продлабочувањето на севкупните односи.
Претседателката Мурму ја поканила Сиљановска Давкова да ја посети Индија, а таа се надева дека ќе се отвори резидентна Амбасада на Република Индија во Скопје.
Преземање активности за подигнување на билатералните односи на уште повисоко ниво од сегашното, можноста за отворање на резидентна Амбасада на Индија во земјава, но и зајакнување на економската соработка биле дел од темите на кои денеска во Скопје разговарале претседателката Гордана Сиљановска Давкова и нејзината индиска колешка, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Ова е прва посета на индиски претседател на државава.
На сребата претседателките се согласиле дека контактите меѓу владите, министерствата, парламентите и институциите треба да станат почести, подобро структурирани и поамбициозни.
– Парламентарната дипломатија останува еден од најсилните столбови на меѓународната соработка и уверена сум дека денешното обраќање на претседателката пред пратениците во нашето Собрание ќе ги зацврсти врските меѓу двата парламента и ќе отвори нови можности за парламентарен дијалог. Ја изразив нашата искрена благодарност за сè поактивното присуство на Индија во Западен Балкан и во Југоисточна Европа. Ја поздравуваме секоја иницијатива за продлабочување на соработката и се надеваме на идно отворање резидентна Амбасада на Република Индија во Скопје – рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека економската трансформација на Индија е, веројатно, една од највпечатливите успешни приказни на 21 век. Во текот на само една генерација, додаде претседателката, Индија прерасна во водечка економска сила во светот, станувајќи еден од глобалните центри на иновациите, дигиталните технологии и претприемништвото.
Шефицата на државата додаде дека во исто време и нашата држава има многу што да им понуди на индиските партнери.
– Сместена на крстопатот на главните европски транспортни коридори, со политичка стабилност, конкурентна деловна клима, добро квалификувана работна сила и преференцијален пристап до европските пазари, ние сме привлечна влезна точка за индиските компании што сакаат да го прошират своето присуство во Европа – истакна таа.
Во текот на разговорите идентификувале бројни области за зајакнување на економската соработка, меѓу кои автомобилската индустрија, фармацевтската, здравството, информатичките технологии, аутсорсингот на деловни процеси, обновливите извори на енергија, земјоделството, прехранбената индустрија, машинството, логистиката и напредното производство. Разговарале и за економијата на иднината – вештачката интелигенција, дигиталната трансформација, научните истражувања, соработката меѓу универзитетите и развојот на новите технологии.
Попладнево, тие ќе се обратат на Македонско-индискиот бизнис-форум за дополнително да ја охрабрат соработката меѓу компаниите на двете држави.
Можеби ќе ве интересира
МАКЕДОНСКАТА ГЕОСТРАТЕШКА ПОЛОЖБА МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИВЛЕЧНА ЗА…
плусинфо 21/07/2026
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ИНДИЈА ЌЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПРЕД ГРОБОТ НА…
плусинфо 21/07/2026
Минатата година трговската размена меѓу двете земји, достигнала приближно 133 милиони американски долари.
– Тоа е далеку под вистинскиот потенцијал. Токму затоа со претседателката Мурму го споделив моето уверување дека треба да си поставиме заедничка, поамбициозна, но остварлива цел, во следните пет години билатералната трговска размена да достигне најмалку 500 милиони американски долари. Верувам дека ваквите цели не се само израз на оптимизам, туку претставуваат стратешка определба што ќе ги поттикне владите, институциите и приватниот сектор со уште поголема решителност да работат кон мерливи резултати – нагласи Сиљановска Давкова.
Како огромен неискористен потенцијал за соработка таа ги наведе и културата, образованието, науката, иновациите, младинските размени и академската соработка.
– Нашата држава нуди недопрена природа, локалитети под заштита на УНЕСКО, богато културно наследство, древни археолошки локалитети, византиски цркви, османлиски џамии и, пред сè, искрено гостопримство. Воедно, се надеваме дека сè повеќе наши граѓани ќе имаат можност да го искусат цивилизациското богатство на Индија. Најсилните пријателства меѓу народите не ги градат само претседателите и владите, туку и студентите, уметниците, претприемачите, научниците и младите луѓе кои учат едни од други, создавајќи трајни спомени и длабоко меѓусебно разбирање – додаде таа.
Двете претседателски разговарале и за неколку значајни глобални иницијативи на Индија.
Врз основа на првичната проценка, рече Сиљановска Давкова, не гледаме пречки за приклучување на нашата држава кон Меѓународната соларна алијанса, Глобалната алијанса за биогорива и Коалицијата за инфраструктура отпорна на природни катастрофи.
– Очекуваме да ги утврдиме конкретните начини на кои нашата држава ќе може активно да придонесе за нивниот понатамошен успех – истакна Сиљановска Давкова.
Претседателката Мурму ја поканила Сиљановска Давкова да ја посети Индија.
Ауууууууууууу па ова ни Трампоња не би го изјавил, да се нема срам и перде!Момци Македонци не треба многу анализа и дебата за да се заклучи дека некој севернава ја рачуна во голема доминантно христијанска држава. Кој е тој некој? САД ги исклучувам тие се строго против промени на граници на балканот, тоа им е моментална политика барем засега со Трамп. Британија е гз и гаќи со Грција, од друга страна Франција исто со Грција и Србија. Германија некако ми е не одлучна, а со сиве три европски сили Македонија има одлични односи. Пред некое време и германскиот шеф на генерал штаб беше во посета на Македонија, пречекан ко господин со сите процедури како што доликува на пријател.
Во меѓувреме грците говорат македонски и потсетуваат дека може да се земе грчки пасош ако докажеш корени. Насетија враниве дека не ги мирисаме Бугарите ич иако има поприлично бугарски документи во Македонија. А у Грчка на одмор први сме хехе.
Не за џабе постои Македонија и Северна Македонија. Зоки со умисла го потпиша тој договор.
Нам најпаметно ни е да се држиме до Американците ко слеп за стап и да не правиме никакви егзибиции со Русија и Кина на пример, да не се биеме со шипојте туку да живееме во хармонија и Big Daddy МcDonald ќе биде тука за нас секогаш.
„Надворешната политика е израз на тоа што се случува внатре во државата. Кога внатрешната политика е слаба, без концепт и без енергија за реализација, тогаш тоа се пренесува и во надворешната политика“, вели професорот Љубомир Фрчкоски во интервју за „Слободен печат“, оценувајќи ги состојбите во земјава, односите со ЕУ и новата геополитичка поставеност.
Според него, актуелната политичка криза не е само резултат на надворешни притисоци, туку пред сè на отсуство на јасна визија и политички проект.
„Последниве години гледаме еден колапс. Оваа генерација на ВМРО-вската политичка елита нема политичка идеја – ниту национална ниту либерална, ниту граѓанска. Владата е затворена во себе, во една празнотија и тврдоглавост околу ништо“, вели Фрчкоски.
Тој смета дека кога власта нема резултати и нема политика што произведува развој, се создава потреба за пронаоѓање внатрешен непријател и за создавање конфликти.
„Кога немате енергија што ја трошите во реализација на проекти, тогаш мора да најдете друга арена на судир. И тоа е овој мал фашизам што го нудат тие – пцуење по мрежи, омраза, нервоза, безобразни изјави. Претходно беа само шупливи изјавите, сега се безобразно шупливи“, вели професорот и додава:
„Тие имаат мандат да владеат, а не да се бават со опозицијата, таа може да биде каква сака, тоа не е задача на власта, туку треба да се бават со нешто по што ќе бидат запаметени, со нешто со што ќе ги браните националните интереси, а не со лузерска политика со која националните интереси ќе изгубат најмногу. И ВМРО во таа смисла се предавници на македонските национални интереси и како такви ќе останат забележани!“Македонија не е заложник на Бугарија, туку на сопствените политички лаги
Говорејќи за спорот со Бугарија и за актуелните ставови на власта околу преговарачката рамка и билатералните протоколи, Фрчкоски смета дека Македонија не е заложник на Софија, туку на сопствените политички пораки и очекувања што ги создала во јавноста.
Според него, клучниот проблем е што политичките пораки што биле испраќани во изминатиот период не се совпаѓаат со реалноста на европскиот процес.„Македонија е заложник на сопствените политички лаги, дефинитивно. Концептот со Бугарија, ако го прочитате, под услов да го прочитате, тогаш е јасно за што станува збор“, вели тој.
Тој објаснува дека според неговото толкување, од протоколите не може да произлезе нов услов или механизам за блокирање на преговорите.„Министерот за надворешни работи, по две години, утврдува нешто што требаше одамна да биде јасно – дека протоколите не се дел од преговарачката рамка. Преговарачката рамка е едно, протоколите се нешто друго“, вели Фрчкоски.
На прашањето дали тоа значи дека Бугарија не може да стави вето, Фрчкоски прави разлика меѓу можноста за блокада од која било членка на ЕУ и причините за таквата блокада.„Од нив не може да произлезе ништо за преговорите во рамката. Ни да те фалат, ни да те критикуваат, ни петка, ни единица. Тоа е посебна траса, посебна шина, која нема директна врска со самата преговарачка рамка“, вели професорот.
Според него, најмногу што може да произлезе од несогласувањата околу спроведувањето на договореното е политичка оценка или негативен извештај.„Вето може да стави Данска, Холандија, кој било. Тоа никој не може да ви го гарантира. Но, не може да се каже дека од протоколите автоматски произлегува право на вето“, вели тој.
Фрчкоски не смета дека последните изјави на министерот за надворешни работи претставуваат нова надворешнополитичка иницијатива.„Тоа е како кога учителката ќе те кара затоа што нешто не си направил добро. Може да има критика, но тоа не значи дека некој автоматски има механизам да го запре целиот процес“, додава Фрчкоски.
Според него, проблемот е што власта не може лесно да го промени својот став без да признае дека претходната политичка реторика била погрешна.„Тоа не е пресвртница, тоа е празна изјава на човек што не е суштински фактор во таа ситуација“, вели тој.
Тој додава дека токму поради тоа, според него, власта се обидува да најде формула која ќе овозможи промена на позицијата без политичка штета.
Фрчкоски смета дека изјавите од Софија исто така не треба да се читаат како замена за европскиот процес.„Целата приказна сега е спасување на образ. Заглавени се во сопствената реторика и не можат едноставно да кажат дека реалноста е поинаква од тоа што го зборуваа две години“, оценува професорот.
Според него, македонската политика треба да се врати кон реална европска стратегија.„Од Бугарија максимумот што може да се очекува е она што веќе го кажаа, дека уставните промени се услов. Но ние имаме работа со Европската Унија, не само со Бугарија. Имаме 26 други држави што се дел од процесот“, вели тој.
Говорејќи за новата геополитичка реалност и за односите со САД, Фрчкоски оценува дека Македонија мора да ја преиспита својата надворешнополитичка ориентација, бидејќи старата американска политика кон регионот повеќе не е иста.„Ние имаме преговарачка рамка. Треба да си ја завршиме нашата работа. Таму нема закана за македонскиот јазик и идентитет. Напротив, тоа е дополнително потврдено. Проблемот е што се создава политичка драма околу нешто што не е така поставено“, вели Фрчкоски.
Според него, проблемот е што дел од македонската политичка елита го поистоветила традиционалното американско партнерство со конкретната политика на актуелната администрација во Вашингтон.„Во нормални услови би можело да се каже дека ние де факто го губиме стратешкото партнерство, не формално, туку во практична смисла. Додека функционира оваа администрација на Трамп, тоа партнерство нема да има ист ефект како порано“, вели Фрчкоски.
Фрчкоски смета дека во новата американска политика Македонија не е меѓу приоритетите.„Нашето идентификување со Американците не е со американската политика како таква, туку со режимот на администрацијата која сега владее таму. Но, тој режим исто така ги разочарува и нив“, оценува професорот.
Како што додава, причината е што актуелниот пристап на администрацијата на Трамп е заснован на трансакциски односи.„Тие склопуваат стратегиски партнерства со Србија, имаат свои интереси во регионот, имаат линии со други држави. Македонија практично е прескокната од нивните главни интереси“, вели тој.
Исто така, тој потсетува дека односите со САД историски имале огромно значење за Македонија – од безбедносната стабилизација, преку конфликтот во 2001 година, до стратешкото партнерство.„Тоа е политика на договори – ‘deal making diplomacy’. Македонија во тој модел не е атрактивна на начин на кој се некои други држави. Не сме пристаниште, не сме голем пазар, немаме нешто што во тој тип политика би нè ставило во прв план“, додава Фрчкоски.
Според него, Македонија мора постепено да го пренасочи својот фокус кон Брисел.„Ние бевме традиционално проамериканска либерална групација во Македонија. Го следевме влегувањето на Американците – воено, разузнавачки, политички. Но сега се случува промена. Големите задачи што Америка ги имаше во регионот се завршени, а нашиот следен чекор е Европската Унија“, вели тој.
Фрчкоски смета дека кризата во односите меѓу Европа и САД може да биде момент во кој ЕУ ќе изгради посилна сопствена политика.„Една здрава политика на Македонија сега треба да биде дополнително ориентирана кон Европската Унија. Таму ни требаат и пари, и стабилност, и институционално зајакнување. Европа исто така се менува и се консолидира“, вели Фрчкоски.
Според него, посилна Европа би имала директно влијание и врз земјите од Западен Балкан.„Европската Унија може ова да го искористи за своја консолидација. Не е здраво толку многу да зависите од некој трет, особено кога станува збор за безбедноста и стратешките прашања“, вели тој.
Тој смета дека притисокот од Европа нема да биде насочен кон Бугарија, туку кон македонската власт.„ЕУ ќе мора да ги затвори слабите точки каде што постои можност за руска пенетрација – Молдавија, Србија, Босна, а за жал и Македонија како членка на НАТО“, вели професорот.
Според него, можен е модел сличен на оној што бил применет во други држави од регионот – притисок преку прашања поврзани со владеење на правото и корупцијата.„Јас мислам дека ќе ја притиснат директно нашата влада, без многу дискусија. Што има повеќе да се притиска Бугарија? Бугарија веќе ја кажа својата позиција. Прашањето е дали Македонија ќе се движи во предвидлива линија НАТО-ЕУ“, вели Фрчкоски.
„Нема да одат да убедуваат дека ЕУ е добра. Ќе ги притиснат таму каде што боли, кај корупцијата и функционирањето на власта. Тоа е логиката што се користеше и претходно со Пржино“, вели тој.Формула може да се најде
Фрчкоски очекува дека на крајот може да се најде формула што ќе ѝ овозможи на власта да направи чекор кон уставните измени без да изгледа како целосно повлекување.
Осврнувајќи се на состојбата во опозицијата и на политичката сцена во Македонија, Фрчкоски вели дека политичките партии низ историјата поминувале низ периоди на пад и обновување, но дека клучното прашање е дали ќе понудат визија за иднината.„Ќе најдат некоја изјава или гаранција со која ќе си спасат образ. Можно е да влезат во процесот, а потоа да бараат политички механизми ако нешто не се исполни. Но суштината е дека ќе мора да се вратиме на европската траса“, оценува тој.
Според него, не е првпат една голема политичка опција да се најде во криза.
Тој смета дека за враќање на опозицијата не е доволна само критика кон власта, туку потребен е политички проект.„Јас сум бил сведок на ситуации кога партии биле сведени на минимум, практично до нула, па потоа повторно се враќале. Тоа се случува во политиката. Гласањето во Македонија често е гласање против, а кога ќе дојде време, опозицијата повторно презема лидерска позиција“, вели Фрчкоски.
Во тој контекст, Фрчкоски ја издвојува политичката улога на Зоран Заев, оценувајќи дека неговото наследство треба да се гледа низ конкретните политички потези.„Не е важно кој е таму, кое крило, која фракција. Важно е дали таа опција нуди можност за нормален живот, за граѓански живот и дали може да направи Македонија значајна држава, иако е мала држава“, вели професорот.
Политичката тежина на еден лидер, како што вели, се мери според одлуките што ги носи, а не само според популарноста.„Без оглед на симпатиите, Заев направи работи што се значајни за државата – од односот кон НАТО, човековите права, слободата на медиумите, па до Преспанскиот договор и европската ориентација“, вели тој.
Тој прави разлика меѓу различните генерации политичари во СДСМ, посочувајќи дека дел од нив имале различна улога.„Луѓето можат да го сакаат или да не го сакаат, но не можат да му го избришат фактот дека направил крупни политички чекори“, додава Фрчкоски.
„Киро и Заев се луѓе што носат крупни одлуки. Бранко Црвенковски има друга улога – тој е човек на партиската кохезија, на организацијата и на одржувањето структура. Но големите пресврти се врзуваат со одлуките што ја менуваат државата“, вели Фрчкоски.
Говорејќи за односите меѓу македонскиот и албанскиот политички блок, Фрчкоски оценува дека албанската политичка сцена природно поминува низ процес на промени и плурализација.
Според него, проблемот е што власта не ја разбира доволно природата на македонското општество.„Ние често мислиме дека имаме некакво влијание врз нив, но тие политички процеси кај нив си ги прават самите. Имало поделби меѓу партии, имало судири, но тоа е нормална политичка динамика“, вели тој.
Тој предупредува дека политиките што создаваат чувство на понижување кај одредени заедници можат да бидат опасни.„Она што мене генерално не ми се допаѓа е што владејачката структура не разбира каква држава имаме. Ние немаме хомогена држава. Првите вмровци тоа го знаеле подобро од денешните политичари“, вели Фрчкоски.
Фрчкоски посебно го критикува односот кон прашањата поврзани со јазиците и правичната застапеност.„Јазикот, институциите, договорите – тоа се столбови на нашата мултикултурна заедница. Не можете да ги користите како алатка за дневна политичка мобилизација“, вели тој.
Според него, опасноста е во создавањето политика што се храни со чувство на надмоќ над другите.„Законот за јазици може да има слабости. Секако дека секој закон може да се подобрува. Но, тоа треба да се прави со добра волја и со почитување на препораките, а не со создавање чувство дека цел систем треба да се урне“, оценува тој.
На крајот, Фрчкоски оценува дека најголемиот проблем на актуелната политика е отсуството на јасна стратешка насока.„Кога дозволувате луѓето да уживаат во понижување на други, тогаш создавате опасна политичка енергија. Тоа е моментот на мал фашизам за кој зборувам, не како историска квалификација, туку како начин на политичко однесување“, вели професорот.
Според него, Македонија мора да се врати кон политиката на предвидливост, институции и европска интеграција.„Не можете истовремено да се судрите со Бугарија, да ги провоцирате Албанците, да се ориентирате кон север и кон авторитарни модели, а притоа да кажете дека имате стратегија. Каде ја водите државата?“, прашува тој.
„Мала држава може да биде значајна ако има паметна надворешна политика. Ние тоа сме го покажувале. Но за тоа треба знаење, план и одговорност“, заклучува Фрчкоски.