СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе биде светски првак?


  • Вкупно гласачи
    99
  • Гласањето ќе се затвори: .
Малку избрзавте а? :D Најјако е да се читаат темиве после завршена утакмица, на која имало ваков пресврт. Стално се случува истово и во ПЛ темата.
Нели? Истово мислење го имам.
И не научија луѓе дека не се пишува.

Најјако е кога ќе има ситуација:

ГОЛ за послабата екипа во 22 минута
Коментари:
"Ajdeee, tolku vi beshee..", "Ne gi biva, vi rekov ke izgubat", 'се цитираше себе си од пред 2 дена со предвидување и текст "Ne be, ne znam... :pivo2:", "toa , vishe sreca drugi put haha jakiot igrac [име на играч]"

ВАР ја менува одлуката, нема гол.
Конечен резултат 3-0 за фаворитите.

Ок е, фудбал е, Светско е, до 99 минута не се коментира :D

Исто ќе биде и вечер ако има голови, кој и да ќе даде гол одма ќе има "Auu ovie so Argentina ke tepaat/ke go jadat" :D

...нели, не дека ја сум подобар, пишувам предвидувања пошто "do sega Francuzive se jaki' - ама тоа не гарантира дека Франција нема да игра ко тиња у следната утакмица.
Ајде, забавно е за јадење гомна и пецкање барем, позабавно беше порано кога беше активен форумов, сега само македонскиов фудбал остана со такви расправи.... ама и тој умира, како тргнало фановиве на Вардар ќе им се придружат на Шкендија во пцуење на АД Вардар :ROFLMAO:
 
Како и да е Аргентина е многу слаба, срамота е се да чекаат на 39 годишник, ќе бидат јако ишамарени од Колумбија во четврт финале со ваква игра. А после пензија на Меси ќе бидат репрезентација од рангот на Уругвај и Парагвај.
 
За некој што не можеше да ги пробие Австралија толку долго, ќе ги боли многу поразов Египќаните. 2-0 и требаше да се издржи уште пола полувреме. Многу лесно се шетаа Аргентинците видливо беше дека ќе даваат голови после вториот примен гол. Многу лоша тактичка поставеност дефинитивно.
 
Мојот човек Чоло три мозочни имаше на трибини, вриеше исто како Атлетико кога игра, повеќе него го дадоа во кадар отколку клупата на Аргентина, небаре тој е тренер :D
Не знам оти не му дадат шанса на малиот негов, можеше Скалони да го проба против вакви репрезентации, не за друго ора напред назад, борбен баш тоа што му треба на оваа Аргентина.
Инаку сопруга му е, Карла, две ќерки имаат заедно, ја има спобудалено кутра жена :D
 
Па незнам дали техника игра улога против ваква Франција која и нема да ти даде многу да играш. Од друга страна у напад незнае од кого да се пазиш повеќе.
Шпанија има подобра средина. Ако Родри и Педри изиграат на ниво, Франција ќе има сериозни проблеми. Немаат французите такви играчи во средина што можат да контролираат темпо на утакмица
 
Пациентиве што го мразат Меси не сфатија дека треба да бидат мукла до крај на натпревар. Ќе промаши пенал и скокаат ко мајмуни , а тоа баш треба да им биде знак да не скокаат :D.
 
Шпанија ќе ги победи сите до крајот.

Аргентина и Франција заедно да комбинират состав неможат против таа техничка перфектност.

Аргентина знае бајаги да изненади. Чудна репка, до 80 минута се шеткаат по терен со еден бавен фудбал за да во минута убрзаат темпо и во 10-мин 3 гола. Само мене ми се чини дека малку се штедат со оглед на распоредот (секој 3-4 дена натпревар) ?
Франција ќе издиши против репка со сериозна средина и мислам дека Мароко ќе ги елиминира.
Норвежаните играат со срце и мислам дека ќе играат полуфинале со Аргентина.
Шпанците, вакви такви, ми се најсериозни за освојување на првенствово.
 
Back
На врв Bottom