Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не кажува сиромаштија како стори со пура и Бед Бани Монако песна. Едноставно тоа е сигнал за брз кредит и дека доспева рата џебовите искинати.
 
Драга,
Викаат век живеј, век учи се и на крајот пак будала ќе си умреш :D
Природата знае да приреди смешни и чудни ситуации.
Имено, веќе 4-5 дена слушам тап но силен рамномерен звук, тунк-тунк. Прво мислев дека капе нешто во некоја голема канта, па дека некој донел некое плашило како за птици што дава звук на одреден интервал. И така цело време. Денеска открив, дека штркот кој има семејство на 100 метри од нас, на некој начин се видел во стаклото на вратите од комшиите, кои сега градат. Нормално помислил дека тоа е друг штрк и почнал да го клука:( И така речиси една недела, не носи храна на семејството, самиот слабее, троши сила, ама конкурент нема да дозволи:cenzura:
Го избркав, ставив палети и најлон да се покрие пристапот и одразот во стаклото. Да се надеваме дека сум го решил проблемот. Жена и три деца има будалиот.......
 
Ама...
Врховен командант, најголема и најсилна фигура во државава... Како да не те јаде срам, бабичка од 97 години, па кога ќе почне да ги бацува тоа делегациите, ко оние тетките по свадби, можам само да замислам како се осеќаат сите тие кутри луѓе што доаѓаат во оваа шуплива земја и уште тетка биберче им фали да ги шмука на секое поздравување. А не е ни смешно, озбилна е работата, жената е за во установа не може веќе не е ни таа крива, достојно нека си го проживее животот што и е останат, нека одгледува цвеќиња, нека чита поезија, не онака, има ли деца внуци да и кажат, да ја сместат некаде. Ве молам.
 
Драга,
Ова со комшијава испадна како со зависниците. Овој ја батали фамилијата, утрово пак имавме дуел. Лета повисоко, ставив душек, сега е нервозен и седи на кровот, го чека "ривалот" да излезе:pos: да се расчисти работата. Во меѓувреме семејството гладува:(
 
Кога и да го прочитам зборот "врсничко насилство" тоа е проследено со наслов од типот на "Случај на врсничко насилство во Македонија: Две девојки со нож го резбале своето име во тело на соученик" или "Му мавале шамари и му скршиле три коски со боксови - нов случај на врсничко насилство"

....дај бе ебете си мајката со овие измишљотини?!?

Како тоа ако двајца 20 годишни луѓе го прават ова во насловите тоа е проследено со зборови како "Криминал", "Грозотии", "Гнасотии", "Кривично дело" и слично, а ако го прават малолетници е "Врсничко насилство" ? Што го прави ова помалку насилство???? Насилство си е насилство. Или презентирајте ги овие вести со сериозни зборови што не се нео-колоквијализми или кога утре двајца 40 годишни дилери на банди за дилање дрога ќе се успоубијат пишете дека сме имале нов случај на "врсничко насилство"

Престанете да ги правите работите да звучат помалку озбилно од тоа што се. Ако 15 годишно девојче убие 15 годишно девојче од клас тоа не е "Пост-Булинг Тин Растројство Донесе Врснички-Фемицид". Тоа е убиство.
 
Драга,

поминувам моментално пред локалниот пензионерски клуб и слушам од внатре пуштиле Бед Копи - Уно, дуе, тре.

Вечерва ваљда им гостува диџеј Костиќ.
 
Kraftwerk ам'н со таа радијација!
Ок знаеме дека ја има,ама живееме и ќе живееме(ја сум чернобилски сом),еве по вас гледано сѐ уште сте пензионери со клавијатурче и лаптопи и внуци за гледање.
 
Последно уредено:
Драга,

Знаеш ли што си размислував вчера? Дека за нецела година имам запознаено повеќе од 100 луѓе! И да, со добар дел од нив сум супер, а веројатно ќе останеме и уште посупер.

Кога е во прашање запознавањето нови луѓе, јас сум скроз екстровертна личност. Сакам да зборувам, не поднесувам тишина, сакам кога ќе ни се поклопат енергиите за убав муабет. Ама, исто така, со години тренирав и развивав вештини за да можам да зборувам за се, од временска прогноза, па до ултра површни и глупи муабети. Сериозен напор имам вложено во ова после десет години работа на себе, хехе.

Нејсе, поентата ми е дека ако имам соодветен фидбек од другата страна, не постои нешто што може да ме спречи да те дружам. Па макар зборувале за нуклеарна физика, за Синан Сакиќ или whatever. Ми текнува еднаш, имав еден пациент кој чуваше птици, па за да можам да најдам заеднички јазик со него, издвоив цели 3 часа од мојот живот за да проучувам птици. Значи, се трудам, максимално!

Арно ама, имам и една тешка интровертна страна. После 8 часа активно општење со луѓе, едноставно си кажувам, okay, enough socializing for today. Сакам да се повлечам во моите четири ѕида и да уживам во апсолутен мир. (Ти, драга, најдобро знаеш како ми го пружаш тоа, thanks to you, ја преживеав и пандемијата, и уште многу други искушенија).

И сега и едното и другото си имаат своја предност. Баш вчера си правев математика во глава, од кои се градови во Македонија се луѓето што ги запознав? Па јас буквално ја имам мапирано цела држава! Речиси и да нема град од каде што немам запознаено некој. Замисли, имам луѓе дури и од Кривогаштани, Демир Хисар и Вевчани! Ми фалат изгледа уште само Кратово и Македонски Брод за да го комплетирам албумот со сличиња, хаха.

Како и да е, преубаво е чувството кога знаеш дека каде и да тргнеш низ Македонија, имаш некој за едно кафе и добар муабет. :)
 
Јебига, стално ќе замерам неиживеаност. Ме боли к дали у детство имал или немал или кроз живот се намучил. Кога ќе те видам дека правиш неиживеани работи на стари години кога не ти личат ќе ти кењам. Тетоважи, пороци, курч на стари години за прв пат пошто сеа си видел урда, не проаѓа. Фејк е, и моментално. Извини, не си “old money”. Тоа ми кажува дека немаш капацитет да пренесеш на поколенија тоа што си го створил/научил, и дека пак фамилијарно ќе го проаѓате истито период на канализација само следната генерација за жал.
 
Кога сме веќе кај сељачизмот, што некои го викаат неизживеаност.
Еден убав осврт на темава.
 
Back
На врв Bottom