Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
поради алергија на млеко последниве неколку месеци такаречи го исклучив комплетниот внес,
па сега се прашувам дали поради оваа одлука треба да внесувам калциум од вештачки избори како таблети, шумливи... или нема потреба за тоа?
 
Попрво ќе истрчаш 10км маратон неголи да стигнеш до докторот за контрола.
Сепак фала.
1782822889471.png
Маратон зборот се користи само за маратони, а тоа е дистанца од 42км и нешто кусур.
Со тренинг од 2 месеци, просечен чоек може да дојде до 50 минути за 10к што не е толку страшно за контрола.
 
Дали при мирување 54 пулс е ниско? Знам дека кога мируваме, пулсот е понизок ама во последно време навечер цело време околу 50 ми е, мислам дека претходно не ми бил толку низок или може сега приметувам.
 
Нормално е тоа. Колај работа
 
Може мал совет: пред околу 2-3 недели имав болна повреда на десната подлактица од внатрешната страна на раката (кај крвните садови). Од под лактот до дланката цела рака ми беше згмечена и модра. Нормална болка чувствував само првите неколку часа по повредата, после болеше само на допир. Немаше никаква повреда на коската, сигурен сум. Не отидов на лекар, оставив да заздрави сама. Е, арно ама, кога огромната модрица помина, сега веќе и болката на допир помина, денес забележав дека некои 10 cm. од палецот поткожно имам огромна тврда грутка со должина од некои 10-12 cm. Како нова израсната коска до коската или како некоја жила да е калцифицирана или отечена и тврда. Не боли, не смета, раката и прстите нормално ги движам (впрочем како и цело време по повредата), само ме загрижува дали е нешто заради кое треба да посетам лекар или да оставам да помине само од себе?
Да посетиш.
Да одиш на лекар Злате. Вака по пишувањто како да е некој поткожен хематом. Веројатно не била така наивна повредата. Може да е некој крвен сад повреден или калцификација од повредата. Обавезно на лекар.
треба да се јавиш кај матичната која ќе те прегледа, но не да остане само на нејзин рачен преглед, задолжително со насока да направиш:

1. Ехо доплер-
ако е проблем со вена (можно да се работи за тромб во површинска вена -суперфицијален тромбофлебитис) бидејќи повредата била од внатрешната страна на подлактицата каде што поминуваат големи крвни садови, силниот притисок може да предизвика оштетување на некоја од површинските вени, тоа доведува до воспаление и згрутчување на крвта во неа, кога акутната фаза ќе помине, таа вена се зацврстува и се чувствува како тврда „жила“ под кожата, крвта од модрицата не успеала целосно да се ресорбира (впие) во ткивото, па со текот на неделите се згуснала, се обвила со фиброзно ткиво и станала екстремно тврда на допир.

...кога си се удрил местото било болно бидејќи имало активно воспаление околу вената, по 2-3 недели, телото го смирило воспалението, претпоставка да „тромбот“ внатре во вената се претворил во фиброзно, тврдо ткиво и крвниот сад станал како тврда, безболна поткожна „жила“, по извесно време „тромбот“ ја губи водата, се згуснува и се калцифицира, тој веќе не го дразни околното ткиво и затоа болката на допир ја снемува, така да “тврда грутка како коска“ која е долга 10–12 cm и се чувствува како „жила“ е класичен физикален наод за затната и стврдната површинска вена на подлактицата (најверојатно vena cephalica, која поминува токму од страната на палецот).
П.С.
(со државни термини катастрофа се чека со месеци цена 360 денари за ехо/доплер, приватните клиники со различна цена, најефтина
Поликлиника Биотек -Центар цена за Ехо/Доплер преглед околу 2.000 денари (често имаат промотивни кардиолошки и васкуларни пакети 070 383 300 / 077 888 883).

venen_der_oberen_extremit_t_md.jpg
Vena-cephalica.jpg

2. Рентген снимка доколку се сомневаат на калцификација (myositis ossificans), рентген снимката лесно ќе го покаже таложењето на калциум.
... при силен удар и згмечување, се создава голем хематом (крв во мускулот или под кожата) и понекогаш за време на процесот на заздравување, организмот прави „грешка“ и на местото на хематомот почнува да таложи калциум, создавајќи тврда структура која на допир се чувствува буквално како нова коска како што имаш и ти чувство.

- од овие две опции мора да се одреди точна дијагноза, ако е калциферација ќе лечи физијатар и физикална терапија, ако е површински тромбофлебитис со ехо доплер докажано кај (васкуларен хирург, интернист кардиолог) тогаш хепарински гел, маст и трпение до исчезнувње!
Фала ви за советите. Бев на лекар (матичен). Истото ми го кажа што го кажувате вие и што го знаев 90% - хематом е најверојатно. Ми рече првично да пробам со хепатромбин и тоа малце поинтензивно, и серапептаза. Дополнителни прегледи ако е потребно ќе правам после одмор.

Е сеа - мачкам хепатромбин по 2-3 пати на ден и пијам серапептаза по 1 на ден. Мислам дека грутката почна значително да се намалува, ама почна и да боли. Утрово доста ме болеше, не можев ни да го мрдам палецот. Сега се смири болката, не чувствувам пак болка, ама од време на време знае да се врати.

Ваљда нема да умрам, а? :D

Инаку, @bijons , да, баш тука е, кај палецот:
1783712109450.png

И не, не реков дека беше наивна повредата, цела рака ми беше модра. Ама болеше само саат-два после повредата, после само на допир.
 
Прегледај го приврзокот 482149

И не, не реков дека беше наивна повредата, цела рака ми беше модра. Ама болеше само саат-два после повредата, после само на допир.
Консултирај се ако сакаш лиотон 1000 ИЕ наместо хепатромбин кој е максимум кај нас 500 ИЕ. Гел е нијанса подобро, има мал ефект на ладење, но е поефикасен (барем мене ми беше) за скочниот зглоб, со истегнати лигаменти, крвни подливи и прилично отоци.
За болка користев по препорака нормално, диклофенак (може и кетонал, иста група се) како локален аналгетик помеѓу мачкањата со лиотон.

Само сепак совет со матичен за било кој од овие масти/гелови. Дури и мала апсорпција на маст локално мора да се види и следи од друг аспект и други состојби кај лице кое ги користи.
 
Фала ви за советите. Бев на лекар (матичен). Истото ми го кажа што го кажувате вие и што го знаев 90% - хематом е најверојатно. Ми рече првично да пробам со хепатромбин и тоа малце поинтензивно, и серапептаза. Дополнителни прегледи ако е потребно ќе правам после одмор.

Е сеа - мачкам хепатромбин по 2-3 пати на ден и пијам серапептаза по 1 на ден. Мислам дека грутката почна значително да се намалува, ама почна и да боли. Утрово доста ме болеше, не можев ни да го мрдам палецот. Сега се смири болката, не чувствувам пак болка, ама од време на време знае да се врати.

Ваљда нема да умрам, а?
Па значи дека се ресорбира хематотмот, и тоа може да предизвика виспление или иритација на околни нервни завршетоци. Веројатно и хематомот се наоѓаво близина на тетивите, па затоа и прстот не си можел да го мрдаш. Слаба болка ок, ама се посилна болка не би требало да чувствуваш. Ако не се смири, доплер треба да направиш.
 
треба да се јавиш кај матичната која ќе те прегледа, но не да остане само на нејзин рачен преглед, задолжително со насока да направиш:

1. Ехо доплер-
ако е проблем со вена (можно да се работи за тромб во површинска вена -суперфицијален тромбофлебитис) бидејќи повредата била од внатрешната страна на подлактицата каде што поминуваат големи крвни садови, силниот притисок може да предизвика оштетување на некоја од површинските вени, тоа доведува до воспаление и згрутчување на крвта во неа, кога акутната фаза ќе помине, таа вена се зацврстува и се чувствува како тврда „жила“ под кожата, крвта од модрицата не успеала целосно да се ресорбира (впие) во ткивото, па со текот на неделите се згуснала, се обвила со фиброзно ткиво и станала екстремно тврда на допир.

...кога си се удрил местото било болно бидејќи имало активно воспаление околу вената, по 2-3 недели, телото го смирило воспалението, претпоставка да „тромбот“ внатре во вената се претворил во фиброзно, тврдо ткиво и крвниот сад станал како тврда, безболна поткожна „жила“, по извесно време „тромбот“ ја губи водата, се згуснува и се калцифицира, тој веќе не го дразни околното ткиво и затоа болката на допир ја снемува, така да “тврда грутка како коска“ која е долга 10–12 cm и се чувствува како „жила“ е класичен физикален наод за затната и стврдната површинска вена на подлактицата (најверојатно vena cephalica, која поминува токму од страната на палецот).
П.С.
(со државни термини катастрофа се чека со месеци цена 360 денари за ехо/доплер, приватните клиники со различна цена, најефтина
Поликлиника Биотек -Центар цена за Ехо/Доплер преглед околу 2.000 денари (често имаат промотивни кардиолошки и васкуларни пакети 070 383 300 / 077 888 883).

Прегледај го приврзокот 480953Прегледај го приврзокот 480952

2. Рентген снимка доколку се сомневаат на калцификација (myositis ossificans), рентген снимката лесно ќе го покаже таложењето на калциум.
... при силен удар и згмечување, се создава голем хематом (крв во мускулот или под кожата) и понекогаш за време на процесот на заздравување, организмот прави „грешка“ и на местото на хематомот почнува да таложи калциум, создавајќи тврда структура која на допир се чувствува буквално како нова коска како што имаш и ти чувство.

- од овие две опции мора да се одреди точна дијагноза, ако е калциферација ќе лечи физијатар и физикална терапија, ако е површински тромбофлебитис со ехо доплер докажано кај (васкуларен хирург, интернист кардиолог) тогаш хепарински гел, маст и трпение до исчезнувње!
...ццц ццц само ги одложуваш работите, треба точно да се знае што е, а после терапија!
 
Последно уредено:
Бев на лекар (матичен).
Фала богу.
Ако не отидеше, ќе ти го пуштев ова. Ама и сега ќе ти го пуштам. Кога ќе имаш време изгледај го цело (14 минути).
Всушност, сите изгледајте го затоа што е добра лекција
 
Што добра лекција, којзнае што закачил овој. Дури не ни кажува како завршило се ова. Сега треба да го барам следното видео да видам дали му ја отсекле раката.

За мојата ситуација - фала и до тебе @Anon , да не беше ти веројатно немаше ни да појдам на лекар. :love:
...ццц ццц само ги одложуваш работите, треба точно да се знае што е, а после терапија!
Поминува, @bijons . Сега е со големина на поголемо гравче, како топче. И не е така тврдо како коска, ко што беше, сега е повеќе ко оток по каснување од пчела или оса. И пак не боли. Само од време на време, блага болка, ама не на тоа место, туку на дланката, кај палецот.

Ќе помине. Ако не помине, што е најлошото што може да се случи? И за колку време би можело да се случи? Ваљда нема да умрам до 21.07 - тогаш се враќам од одмор.

Инаку, да се „пофалам“ - по година и еден месец чекање, конечно добив термин за операција за другиот хроничен проблем кој го имам и за кој повеќе се грижам од оваа „глупост“ со раката. На 25.08 одам на припреми, некаде почетокот на септември на операциона маса. :P
 
... да погодам? камен во жолчка? :(
 
Ако сакаш LDL oд 50-60 неизбежно е земање статин а можеби и езетимб, а и исхраната треба да ти биде добра..да избегаваш заситени масти и холестерол.
 
Back
На врв Bottom