Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Како изгледа биџи кога одговара прашање на кајгана
:pos:
 
Дали микроцитната анемија (според крвните слики MCV, RDWc и серумското железо, а феритин не сум испитал) е релативно опасна или може да се живее и со неа? До пред операцијата на гастро и обилното крварење од дуодендумот (веројатно од мои глупи таблетоманија за аналгетици, сода и лоша исхран), според резултатите имав макроцитна па препорака беше Б12, сега (и кардиологот потврди, но не сакаше да се меша во друга спец. област па само ме упати кај матичниот ако сакам понатаму да ја испитувам) микроцитна па препорака е подолг размак меѓу исхрана со железо или со препарати за железо и консумација на млечни производи и нолпазата).
Фала ви и ако знаете и ако не знаете :)

B12, methyfolate, riboflavin, p5p.

Те прочитав за состојбата друга што ја имаш, треба да испиташ APO-B & LP(A) првото треба да ти е максимум 70 (50 најдобро) второто под 30.

Притисокот< 120/80, hba1c < 5.1
 
Може мал совет: пред околу 2-3 недели имав болна повреда на десната подлактица од внатрешната страна на раката (кај крвните садови). Од под лактот до дланката цела рака ми беше згмечена и модра. Нормална болка чувствував само првите неколку часа по повредата, после болеше само на допир. Немаше никаква повреда на коската, сигурен сум. Не отидов на лекар, оставив да заздрави сама. Е, арно ама, кога огромната модрица помина, сега веќе и болката на допир помина, денес забележав дека некои 10 cm. од палецот поткожно имам огромна тврда грутка со должина од некои 10-12 cm. Како нова израсната коска до коската или како некоја жила да е калцифицирана или отечена и тврда. Не боли, не смета, раката и прстите нормално ги движам (впрочем како и цело време по повредата), само ме загрижува дали е нешто заради кое треба да посетам лекар или да оставам да помине само од себе?
 
Да посетиш.
 
Само уште едно прашање во врска со макро и микроцитна анемија (за ова инаку не знаев, првпат слушнав од лани). Дали и при микроцитоза може да се користи б12 (како при макро) или може и не мора?
Фала ви
 
Б12 е клучен за макроцитна анемија. Макроцитна анемија настанува најчесто заради дефицит на Б12 или фолна киселина.

Микроцитната е железодефицитна анемија.

Ова кај тебе е логично да се случува. Последователен проблем на крварењето. Затоа ти реков испитај си Б12, ете можеш и фолна киселина. Прво си имал макроцитна анемија, а после заради крварењето и губењето на крвта и железото микроцитна анемија. По крварењето телото се обидува да ги надомести сите резерви на железо кои се испразниле поради крварењето, па новите црвени крвни клетки кои се создаваат сега се мали и бледи, содржат малку хемоглобин, затоа се микроцитни и затоа е микроцитна анемија.

Во ваков случај Б12 не би требало да се прекине, освен ако претходно не била излечена макроцитната анемија и тоа било лабораториски потврдено. Мислам дека за тоа треба да се консултираш со твојот доктор.

Иначе алкохолот ја блокира способноста на цревата за правилна апсорпција на Б12 и фолна киселина, и затоа те прашав и дали консумираш алкохол. Избегавај колку можеш. Исто како и НСАИЛ и аналгетици.
Автоматски споено мислење:

Може мал совет: пред околу 2-3 недели имав болна повреда на десната подлактица од внатрешната страна на раката (кај крвните садови). Од под лактот до дланката цела рака ми беше згмечена и модра. Нормална болка чувствував само првите неколку часа по повредата, после болеше само на допир. Немаше никаква повреда на коската, сигурен сум. Не отидов на лекар, оставив да заздрави сама. Е, арно ама, кога огромната модрица помина, сега веќе и болката на допир помина, денес забележав дека некои 10 cm. од палецот поткожно имам огромна тврда грутка со должина од некои 10-12 cm. Како нова израсната коска до коската или како некоја жила да е калцифицирана или отечена и тврда. Не боли, не смета, раката и прстите нормално ги движам (впрочем како и цело време по повредата), само ме загрижува дали е нешто заради кое треба да посетам лекар или да оставам да помине само од себе?
Да одиш на лекар Злате. Вака по пишувањто како да е некој поткожен хематом. Веројатно не била така наивна повредата. Може да е некој крвен сад повреден или калцификација од повредата. Обавезно на лекар.
 
... тетивите не закрепнуваат од одмор, туку од прогресивно и контролирано оптоварување, а бидејќи поминаа 3 недели, веќе не станува збор за акутно воспаление, па понекогаш наместо мраз кој ги стеснува крвните садови покорисно е да се става топли облоги пред вежби за побрзо заздравување, а во кое движење или положба на дланка/рака највише те боли?
па не е но некое конкретно движење. Си трае болката, привремено се губи (или се намалува), па се активира. Нема положба кога се јавува конкретно.
 
... не можеш барем 5 дена на физикална терапија?
мора да ја искористиш апаратурата со високофреквентни струи кои делуваат длабински, ја намалуваат болката и го поттикнуваат клеточниот метаболизам во оштетената тетива, ултразвучна терапија со микромасажа на ткивото и ја подобрува локалната циркулација, што помага во разложување на воспалителниот процес, затоа де боли -де не боли, па посилно се активира болката ако се оптоварува.
 
Кога и дали се очекува повторно отворање на услугата Ало Докторе 02-15-123

?
 
... не можеш барем 5 дена на физикална терапија?
мора да ја искористиш апаратурата со високофреквентни струи кои делуваат длабински, ја намалуваат болката и го поттикнуваат клеточниот метаболизам во оштетената тетива, ултразвучна терапија со микромасажа на ткивото и ја подобрува локалната циркулација, што помага во разложување на воспалителниот процес, затоа де боли -де не боли, па посилно се активира болката ако се оптоварува.
Ќе видиме, ќе се обратам и на специјалист секако. Сепак фала за мислењата
 
Б12 е клучен за макроцитна анемија. Макроцитна анемија настанува најчесто заради дефицит на Б12 или фолна киселина.

Микроцитната е железодефицитна анемија.

Ова кај тебе е логично да се случува. Последователен проблем на крварењето. Затоа ти реков испитај си Б12, ете можеш и фолна киселина. Прво си имал макроцитна анемија, а после заради крварењето и губењето на крвта и железото микроцитна анемија. По крварењето телото се обидува да ги надомести сите резерви на железо кои се испразниле поради крварењето, па новите црвени крвни клетки кои се создаваат сега се мали и бледи, содржат малку хемоглобин, затоа се микроцитни и затоа е микроцитна анемија.

Во ваков случај Б12 не би требало да се прекине, освен ако претходно не била излечена макроцитната анемија и тоа било лабораториски потврдено. Мислам дека за тоа треба да се консултираш со твојот доктор.
На крај краева, ќе земам железо ќе гризам, нерѓосано :)
Да, морам со матичната пошто жената ме знае долго време и е реална и сталожена (за разлика од заменскиот кој уште малку ќе направеше инцидент вчера оти прашував за хроничната терапија-според него мое здравје не функционирало, прле). Знам дека функционира иако не се ажурира постојано (па некогаш анализа на крв ми стои иако веќе сум ја направил), али за препишана терапија е топ.
ЗЗа б12 не земав кога сум имал макро, а сега со микро (покрај железото и тоа ми препорачаа липозомално (си скршив јазик) железо (кое пишува не му пречи нолпазата и калциумот од млечни производи, се апсорбира преку тенкото црево директно иако според заменскиот и ова било маркетинг па не знам што да мислам веќе од толку различни мислења) без разлика, пошто е растворлив во вода, нормални дози според упатство, вишокот може да оди преку урината.
 
... за да донесеш заклучок,
макро или микроцитоза и воопшто која терапија или суплементација да земеш треба три вредности да знаеш кои ги имаш:

- Ниво на серумското железо (Fe) имаш лабораториски анализи од четири месеци каде се покачува вредноста кон нормала!
- Феритин - Немаш!
- Витамин Б12 - Немаш!
- тест за фекално окултно крварење - Немаш!

MCV како покачена вредност си ја имал само во 12.2025 што е една од показател за почеток на макроцитна анемија и тука поради можен недостаток на Б12 клетките не можат правилно да се поделат и остануваат големи (макроцити) па треба суплементација со Б12, ама другите следни резултати вредноста MCV ти е во нормала, а и серумското железо ти се покачува, за што правиме муабет кога ти упорно не ја правиш анализата ФЕРИТИН и Б12 пред да внесуваш со суплементи!

... си имал инфекција, си претерал со лекови си направил ситуација во желудникот патологија и губење крв со празнење на депоа на железо, може и недостаток на Вит Б12 дополнително ја ископлицира (но не знаеме дали ти е дефицит, зашто не си направил лаб.анализа), ама претпоставка дека било малку во недостаток највероватно од крварењето, а показател е малку покачен MCV, но штом MCV дојде со вредност во нормала значи Б12 се нормализира дали со храна или суплементација не важно штом MCV е во нормала, прашање дали воопшто има потреба сега за продолжување со Б12.

...со анализа на феритин ќе се знае вистинските резерви на железото, ама ти немаш таква вредност и се базираме на обичното серумско железо во крвта што е менливо секој ден зависи од што јадиме и општо не е вистински параметар за железото во телото туку моментално во крвта- серум, а ти врз база на тој резултат пиеш терапија со железо, без феритин кој лекар може така да одредува и препишува, со една анализа не може со точност да се каже состојбата која очигледно не се гледа од почеток со крварењето предизвикано честго земање бруфен!
денес забележав дека некои 10 cm. од палецот поткожно имам огромна тврда грутка со должина од некои 10-12 cm. Како нова израсната коска до коската или како некоја жила да е калцифицирана или отечена и тврда.
треба да се јавиш кај матичната која ќе те прегледа, но не да остане само на нејзин рачен преглед, задолжително со насока да направиш:

1. Ехо доплер-
ако е проблем со вена (можно да се работи за тромб во површинска вена -суперфицијален тромбофлебитис) бидејќи повредата била од внатрешната страна на подлактицата каде што поминуваат големи крвни садови, силниот притисок може да предизвика оштетување на некоја од површинските вени, тоа доведува до воспаление и згрутчување на крвта во неа, кога акутната фаза ќе помине, таа вена се зацврстува и се чувствува како тврда „жила“ под кожата, крвта од модрицата не успеала целосно да се ресорбира (впие) во ткивото, па со текот на неделите се згуснала, се обвила со фиброзно ткиво и станала екстремно тврда на допир.

...кога си се удрил местото било болно бидејќи имало активно воспаление околу вената, по 2-3 недели, телото го смирило воспалението, претпоставка да „тромбот“ внатре во вената се претворил во фиброзно, тврдо ткиво и крвниот сад станал како тврда, безболна поткожна „жила“, по извесно време „тромбот“ ја губи водата, се згуснува и се калцифицира, тој веќе не го дразни околното ткиво и затоа болката на допир ја снемува, така да “тврда грутка како коска“ која е долга 10–12 cm и се чувствува како „жила“ е класичен физикален наод за затната и стврдната површинска вена на подлактицата (најверојатно vena cephalica, која поминува токму од страната на палецот).
П.С.
(со државни термини катастрофа се чека со месеци цена 360 денари за ехо/доплер, приватните клиники со различна цена, најефтина
Поликлиника Биотек -Центар цена за Ехо/Доплер преглед околу 2.000 денари (често имаат промотивни кардиолошки и васкуларни пакети 070 383 300 / 077 888 883).

venen_der_oberen_extremit_t_md.jpgVena-cephalica.jpg

2. Рентген снимка доколку се сомневаат на калцификација (myositis ossificans), рентген снимката лесно ќе го покаже таложењето на калциум.
... при силен удар и згмечување, се создава голем хематом (крв во мускулот или под кожата) и понекогаш за време на процесот на заздравување, организмот прави „грешка“ и на местото на хематомот почнува да таложи калциум, создавајќи тврда структура која на допир се чувствува буквално како нова коска како што имаш и ти чувство.

- од овие две опции мора да се одреди точна дијагноза, ако е калциферација ќе лечи физијатар и физикална терапија, ако е површински тромбофлебитис со ехо доплер докажано кај (васкуларен хирург, интернист кардиолог) тогаш хепарински гел, маст и трпение до исчезнувње!
 
Последно уредено:
На крај краева, ќе земам железо ќе гризам, нерѓосано :)
Да, морам со матичната пошто жената ме знае долго време и е реална и сталожена (за разлика од заменскиот кој уште малку ќе направеше инцидент вчера оти прашував за хроничната терапија-според него мое здравје не функционирало, прле). Знам дека функционира иако не се ажурира постојано (па некогаш анализа на крв ми стои иако веќе сум ја направил), али за препишана терапија е топ.
ЗЗа б12 не земав кога сум имал макро, а сега со микро (покрај железото и тоа ми препорачаа липозомално (си скршив јазик) железо (кое пишува не му пречи нолпазата и калциумот од млечни производи, се апсорбира преку тенкото црево директно иако според заменскиот и ова било маркетинг па не знам што да мислам веќе од толку различни мислења) без разлика, пошто е растворлив во вода, нормални дози според упатство, вишокот може да оди преку урината.
Галиба ко те слушам постар чоек ќе да си над 55 годиње, да не се улајш толкуа со иљачи на слепо, да си направиш една гастроскопија и колоскопија, пошто е профилактички препорачана на тие годиње и без тие улајци со железо, фолиева, б12. Па сетне со тие наоди да го прашаш екимот кој иљачи да ги земаш.

Пошто сетне сетики друго е.
 
Знам за ова, иако ај пришиејт јор адвајс. Едноставно барав второ/трето мислење или од оние кои поминале нез слични ситуации. Магнетна, колоно, гастроскопија, све тоа бидна. Само феритин, кој патем чини 850 денари, не е.
Што се однесува до резултатите, од нормални вредности на mcv, RDWc, хемоглобин, железо (дури 31 од можни 30 во 2022) и еритроцити, дојдов до максимален минимум по гастронастнот. Од нормаални еритроцити (без микро-макро) над 3.8, јас имав на отпуст 2.52, хемоглобинот од минимум 128 г/л, ја го имав 90, хематократот од мин 34%, ја имав 29%, значи almost alles kaputt. А сето ова поврзано меѓусебно со микроцитна, коскена срцевина, железо итн итн, што како доктор сигурно знаеш.
Сега параметрите ми се далеку подобри, а за вакви видови случаи за ваков период (со скочниот зглоб, лигаментите сеуште имам проблеми, камо ли за вакви сложени и поврзани состојби), тешко за пола година да се врати се во нормала.
За гастро да не зборам. Попрво ќе истрчаш 10км маратон неголи да стигнеш до докторот за контрола.
Сепак фала.
 
Back
На врв Bottom