треба да се јавиш кај матичната која ќе те прегледа, но не да остане само на нејзин рачен преглед, задолжително со насока да направиш:
1. Ехо доплер-
ако е проблем со вена (можно да се работи за тромб во површинска вена -суперфицијален тромбофлебитис) бидејќи повредата била од внатрешната страна на подлактицата каде што поминуваат големи крвни садови, силниот притисок може да предизвика оштетување на некоја од површинските вени, тоа доведува до воспаление и згрутчување на крвта во неа, кога акутната фаза ќе помине, таа вена се зацврстува и се чувствува како тврда „жила“ под кожата, крвта од модрицата не успеала целосно да се ресорбира (впие) во ткивото, па со текот на неделите се згуснала, се обвила со фиброзно ткиво и станала екстремно тврда на допир.
...кога си се удрил местото било болно бидејќи имало активно воспаление околу вената, по 2-3 недели, телото го смирило воспалението, претпоставка да „тромбот“ внатре во вената се претворил во фиброзно, тврдо ткиво и крвниот сад станал како тврда, безболна поткожна „жила“, по извесно време „тромбот“ ја губи водата, се згуснува и се калцифицира, тој веќе не го дразни околното ткиво и затоа болката на допир ја снемува, така да “тврда грутка како коска“ која е долга 10–12 cm и се чувствува како „жила“ е класичен физикален наод за затната и стврдната површинска вена на подлактицата (најверојатно vena cephalica, која поминува токму од страната на палецот).
П.С.
(со државни термини катастрофа се чека со месеци цена 360 денари за ехо/доплер, приватните клиники со различна цена, најефтина
Поликлиника Биотек -Центар цена за Ехо/Доплер преглед околу 2.000 денари (често имаат промотивни кардиолошки и васкуларни пакети 070 383 300 / 077 888 883).
2. Рентген снимка доколку се сомневаат на калцификација (myositis ossificans), рентген снимката лесно ќе го покаже таложењето на калциум.
... при силен удар и згмечување, се создава голем хематом (крв во мускулот или под кожата) и понекогаш за време на процесот на заздравување, организмот прави „грешка“ и на местото на хематомот почнува да таложи калциум, создавајќи тврда структура која на допир се чувствува буквално како нова коска како што имаш и ти чувство.
- од овие две опции мора да се одреди точна дијагноза, ако е калциферација ќе лечи физијатар и физикална терапија, ако е површински тромбофлебитис со ехо доплер докажано кај (васкуларен хирург, интернист кардиолог) тогаш хепарински гел, маст и трпение до исчезнувње!