Фан клуб : Лина Ѓорческа

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
1782824604716.png

Не памтам искрено што пишав у еуфорија дека кончено во СИНГЛ, стелт, имаме претставник на најеминентното тениско натпреварување во историјата, ама само да потенцирам дека ова не е никако наш успех, на Македонија, нема што ние да се китиме со туѓи перја, ова е нејзин личен успех, и толку, она претставува земја која апсолутно курот ја боли за тенисот генерално гледано, и народ кој имаше интерес за овој спорт од саат време денес, за 2-3 дена ќе се заборави дека Лина постои, како и сите други млади таленти кои со оглед дека доаѓаат од тениски затуцана земја, имаат огромна потреба од пари и спонзори, и за лични тренинзи и за билдање на искуство на турнири во странство.

Инаку додека денес Лина играше, тениската федерација имала прес со Калин и не знам таму уште кој, супер тајминг за одржување на прес.

Ова памтам го кажав, во вакви услови да успееш да влезеш во главен ждреб на Вимблдон, малкумина во земјава се свесни всушност каков успех претставува ова кој слободно можам да кажам дека стои рамо до рамо со најголемите спортски успеси што ги имала Македонија, зашто ова е индивидуален спорт, цел товар, цел притисок, цела мука, паѓа директно на грбот на еден човек, личност која во конкрентиов случај имаше точно 0 поддршка од сопствената земја, што не е случај со фудбалери или кошаркари или ракометари.

Уште еднаш, браво за ова, нејзиното име треба да стои запечатено со златни букви во нашата скромна спортска историја, без разлика што нејзиниот настап денес беше краток, никогаш не смее да се занемари овој нејзин успех иако сум убеден дека тоа ќе биде случај, ама нека, пред фактите и боговите молчат на крајот од денот.
 
Агенција за млади и спорт или по ново Министерство за спорт, дали имаат еден спортист поддржано во историјата на нивото постоење? Како божем ние имаме илјадници тенисери, па сеа не можат на сите да им помогнат. Една е во женска категорија, и на нејзе не сакаат да и помогнат финансиски. Убаво кажа Син, ова е лично нејзин успех и на нејзиното семејство, што кој знае каква жртва дале за да стигне да игра на еден ваков турнир. Јас да сум Лина, ќе барам и она МКД што стоеше до нејзиното име да се избрише, и знамето на резултати.ком да се избрише. Ама кога ќе се врати, први ќе бидат да се сликаат сите со неа и да и дадат еден ваучер од 1000 евра, што не може патиките да и ги покрие за цела година. Ае мрш.
 
... значи во ниедна пауза додека одмараат тенисерките, организаторот не најде доблест да ја даде барем неколку секунди и Лина одблиску, све ова Анисимова, јаки муда финалистка ланска на Виблдон да тепа девојче прв пат стапнато на Виблдон, па уште се мачи!:boksix:
Анисимова во август прави 25 години, а Лина 32. Седум години е постара Лина, кое дрвојче, какви бакрачи.
 
So se pokaza odlicno, za tocno eden sat mecot bese zavrsen.
Lina ne e ni top 200.
A protiv teniserki od top 100 vo zivotot nema igrano, so edna raka ke ja pobedat site od top 100.
Муабет без врска. Па што и да можат да ја победат со една рака, кои сме ние да кажуваме, таа настапува како индивидуалец, никој од нас не и помогнал да стигне до таму кај што е. Девојката и нејзиното семејство се жртвувале за таа да стигне во топ 128 на турнирот кој е рамен на Светско првенство, си заработи околу 100.000 ЕУР, тоа е доволно покажува дека успеала за нашево поднебје. И верувам дека денес не беше нејзиниот најдобар меч и на моменти покажуваше дека некогаш имала потенцијал да биде и во топ 100. Со оглед на тоа какви услови имаме за тенис, ова е голем успех за неа. Да се надеваме дека ќе има уште некој пласман на гренд слем во иднина, секако беше блиску неколку пати.
 
Муабет без врска. Па што и да можат да ја победат со една рака, кои сме ние да кажуваме, таа настапува како индивидуалец, никој од нас не и помогнал да стигне до таму кај што е. Девојката и нејзиното семејство се жртвувале за таа да стигне во топ 128 на турнирот кој е рамен на Светско првенство, си заработи околу 100.000 ЕУР, тоа е доволно покажува дека успеала за нашево поднебје. И верувам дека денес не беше нејзиниот најдобар меч и на моменти покажуваше дека некогаш имала потенцијал да биде и во топ 100. Со оглед на тоа какви услови имаме за тенис, ова е голем успех за неа. Да се надеваме дека ќе има уште некој пласман на гренд слем во иднина, секако беше блиску неколку пати.

Брат овој ти е тежок случај , џабе му објаснуваш. Ова му е 1200ти акаунт и хоби му е да хејта. А да , уз пат става 100 илјади на филипинска кошарка.
 
Treba da sme realni.
Ne e devojka od 20 godini pa da se nadevame deka ke napreduva doprva.
32 godini e i za nekolku godini nema da igra povekje tenis.


Mnogu bi sakal da moze da ja falam i da navivam za Lina, no toa e daleku od realnosta. Treta klasa teniserka e.
Твоја одлука е тоа, ние навивавме и ја подржувавме Лина во нејзиниот прв настап на Вимблдон.
 
-Аманда Анисимова во 2019 година, непосредно недела пред УС Опен кога имала само 18 години, нејзиниот татко и долгогодишен тренер, Константин Анисимов, ненадејно починал од срцев удар на 52-годишна возраст, со што таа се повлекла официјално од турнирот, трагичниот настан оставил огромна емоционална празнина и сериозно ја потресе А.Анисимова, која 2023 година донела одлука привремено да ја прекине својата тениска кариера користејќи здравствените услуги на психолог поради ментални проблеми.

-Лина Ѓорѓевска во 2026 (23 мај), непосредно месец пред Вибилдон, нејзиниот татко кој секојдневно ја следел низ тениските тренинзи Владимир Ѓорчески – Ципа ненајдено починал од срцев удар на 66 годишна возраст,со што Лина иако целата емотивно потиштена нашла сила да го изигра натпреварот во Вимблдон, затоа е таа „девојче“ иако со 31 година скршено од смртта на татко и' со кој била многу поврзана посветена на тенисот, ниту дечко ниту љубовни авантури!

...барем малку емпатија да се има кон неа, не била „девојче“, е добро де „жена“ е, колку може да се има лошотилок во некои за наши луѓе, тоа чудо нешто!
Treba da sme realni.
Ne e devojka od 20 godini pa da se nadevame deka ke napreduva doprva.
32 godini e i za nekolku godini nema da igra povekje tenis.
... види, ова е ФАН КЛУБ на Лина, отвори нова тема „мрсам муда за Лина да бидеме и да бидеме реални бла бла бла“
Ок! ајде биди фер!
 
Девојчето заработило преку 650к евра низ кариерата, најмалце што и треба сега на 32 години е признанија од корумпираното министерство за спорт или како и да се вика.

Ова треба да е огромен буст за претстојните две-три години колку што и преостанува тенис во неа, и да направи уште неколку вакви успеси. Огромна психолошка бариера е разбиена со овој настап, сега може да атакува и на Мастерси и по некоја 500ка, можда и учествувала искрено не ја пратам многу. А вие шо очекувате спортски бајки и Сабаленка изданија од Лина, толку и разбирате за каков захтевен спорт станува збор.
 
Со ова што изиграла Лина на Вимблдон еден меч треба да допре до министерство за спорт и владата кој треба да вложат во државава во овој спорт. Нека се изградат повеќе терени. нека се направат уште школи за тренирање тенис.

Еден ден ќе се исплати сето тоа некој можеби ќе посака професионално да се занимава со тенисот и среќата ќе го огрее да го надмине она што Лина колку толку успеала да го постигне денес.
 
Девојчето заработило преку 650к евра низ кариерата, најмалце што и треба сега на 32 години е признанија од корумпираното министерство за спорт или како и да се вика.
Верувај многу повеќе има дадено за тренери, патувања, тренинзи и опоравувања. Прескап спорт е тенисот и од него може да живеат и заработуваат само топ 100 играчите, се надвор од топ 100 преживува.
 
Некои овде изгледа не се свесни што значи да играш против топ 10 играч за прв пат во кариерата. Не можам да ви опишам која е разликата од нивото што го игра Лина на ИТФ и Челенџер турнирите со топ 10 ниво, тоа е како да играш 2ра лига фудбал во Македонија и одеднаш да играш против Меси и Роналдо во нивниот прајм, е така некако е објаснувањето.

Добро е, не се изрезили Лина, сосема солидно изигра и според мене можеше и подобар да биде резултатот, ама и вака не е лошо. Сега ветер во грб и добри настапи до крајот на сезоната и се надевам настап и на УС ОПЕН.
I pogolema razlika otkolku 2ra liga i Messi/Ronaldo.

Ko nekoj obicen covek fight so Bruce Lee ama Dzedaj Bruce Lee
 
Го гледав мечот, на моменти го покажа својот не искористен потенцијал. Велам не искористен, бидејќи ја пратев таму 2016/2017та и бев убеден дека ке стигне и ке опстане во топ 100.

Последниве години скроз имав заборавено на неа, не ни знаев дека игра активно, па кога видов дека влегла во главниот жреб на Вимблдон ми беше своевиден шок.

Баш ми е мило што ете успеа да одбележи настап на слем. Веќе е во зенитот на кариерата па се надевам во наредните 2-3 години ке успее да забележи уште некој настап на слем.
 
Добро е што барем осетила како е да се игра на Грен Слем, некој цели живот тоа го сонува и сите се надеваме дека ке проба да настапи на некој Мастерс или уште некој Грен Слем да игра и секако теткава помалку да спама со непотребни глупости во темава.
 
Back
На врв Bottom