Успеав ден за ден да ги изгледам сите утакмици во наш нормален термин што се играа, а останатите да ги гледам во extended highlights.
Во првенствово влегов без изразит фаворит или без омилена репрезентација.
Од тоа што го видов во овие три кола, дефинитивно омилена репрезентација ми стана Колумбија. Единствени кои што го играат фудбалот на ‘стариот фудбалски начин’, најблиску до тоа што беше некогаш Бразил. Атрактивна игра, брзи и експлозивни напади, многу креативност и по средина и по крила.
Најголемо разочарување Турција и Уругвај, земено во предвид кои играчи ги имаа и што прикажаа на терен.
Најдосадна екипа – Чешка. Изгубени во време и простор, и изгубено време се што гледав они кога играа.
Фаворит за титула – Франција. Дечките имаат прејака екипа, и се освен прво место би било изненадување.
Најдобар натпревар – Брег на Слонова Коска – Еквадор. Многу борба и многу отворен и за око убав фудбал и покрај тоа што заврши со само еден постигнат гол.
Најодвратен лик – Нагелсман, сум немал некое конкретно мислење за него до сега, ама како успеа да ми иде на живци цел натпревар особено против Брег кога играа, што едвај чекам да испаднат.
Генерално, зголемувањето на бројот на тимови, веројатно исклучиво од финансиски побуди, ми делува дека многу го падна нивото и квалитетот на фудбалот, со оглед дека групите се премногу разредени и ушалтуваат рандом репрезентации Узбекистан и слични, и гледаме резултати по 5/6/7 разлика, но и тука има простор за изненадувања, како што е Капо Верде на пример, но јас лично би го вратил стариот систем со помалку репрезентации.
Останува да видиме како ќе продолжи првенството, а мое предвидување е дека финалето ќе биде Франција – Бразил.