Arena Sport - спортски пакет тв канали

  • Креатор на темата Креатор на темата nikola3103
  • Време на започнување Време на започнување
Знае некој кој се тие други што им се на обука? Тони спомнува дека имаат и други кој треба да почнат со работа.
Горан Стојановски
Јордан Марковски
Љупчо Јованов
Филип Поповски
Дамјан Стојковски
Лука Јаневски
Марјан Јордановски

Ти менуваат нешто имињава?
 
Горан Стојановски
Јордан Марковски
Љупчо Јованов
Филип Поповски
Дамјан Стојковски
Лука Јаневски
Марјан Јордановски

Ти менуваат нешто имињава?

Овој првиов е глумецот :D
 
За финалет на NBA мислам права има за емитување Amazon Prime и кога купувале Arena Sport права за емитување NBА во тие права немало финале.

Она за да останат сите српски канали и покрај македонскиве му е добро што предложил ама така ако беше ќе се зезнеле премногу македонциве. Гледаноста на македонските ќе беше многу ниска а сепак Arena Sport сака да зема и пари од македонската верзија.

Ако се шири екипата на македонскава верзија и ако локализираат уште некој Arena канал така ќе гасат српски верзии по ред. Ќе остане можеби само Arena Esport на српски.
Немаме ние доволен број квалитетни спортски новинари, ниту пак спортски коментатори за да можат да постигнат да пренесуваат се. И овие србиве на Арена не се којзнае што ама имаат бројка.
 
Немаме ние доволен број квалитетни спортски новинари, ниту пак спортски коментатори за да можат да постигнат да пренесуваат се. И овие србиве на Арена не се којзнае што ама имаат бројка.
Ќе треба доста години за да се дојде до голем број спортски новинари и колку толку да бидат нешто подобри. Добро е од тој аспект да гледаме на локализирањево на Arena Sport, дека се тргнало на тој пат. Дали ќе успеат да се зголеми бројот спортски новинари останува да видиме како годините ќе поминуваат.

Преку ноќ или за една година не може да очекуваме некоја промена со ова.
 
Веројатно грешка презимето го копирал од некој портал или он го згрешил а мислел на Горан Стерјов.
Прегледај го приврзокот 480212
Не Марче. Стерјов не може да е на обука. Овие се нови имиња, имиња за кои ти праша кои се, затоа ти пишав - дали ти менува нешто ако ги знаеш? Ги познаваш луѓето? По името можеш да познаеш дали се добри или лоши? Каква врска има дали некој знае кои се или не?
 
Не ги знам. Мислев да не се некој кој веќе негде биле на некоја телевизија локална нешто на спортски вести, некој дали знае дали некој ќе биде само за одредени спортови.
Добро е со тие веќе активните ќе се зголеми бројката. Се надевам се добри некој млади за да овие од МРТВ помалку се во актуелни преноси.

Не бев дома и не бев во можност многу да седам на телефон и читам, набрзинка видов не ги прочитав сите затоа и така ти одговорив.
 
Последно уредено:
За финалет на NBA мислам права има за емитување Amazon Prime и кога купувале Arena Sport права за емитување NBА во тие права немало финале.

Она за да останат сите српски канали и покрај македонскиве му е добро што предложил ама така ако беше ќе се зезнеле премногу македонциве. Гледаноста на македонските ќе беше многу ниска а сепак Arena Sport сака да зема и пари од македонската верзија.

Ако се шири екипата на македонскава верзија и ако локализираат уште некој Arena канал така ќе гасат српски верзии по ред. Ќе остане можеби само Arena Esport на српски.

Нема да локализираат уште канали од Арена на Македонски јазик.
Ќе останат на овие 3 Арена премиум канали.
И добро е што така ќе биде.
Не знам како е во Белград и останатите градови од поранешната држава каде има локални Арена канали, ама не го личи ова кај нас во Скопје да е седиштето оваа МК Арена на фудбалската арена со импровизирани канцеларии и импровизирано студио.
Грубо изгледа.

Ќе останеме кратки за преноси кои ќе одат на оние три Премиум канали на Српски јазик кога ќе почне спортската сезона во Септември затоа што на овие трите Арени на Македонски јазик секако ќе се пренесуваат спортски настани каде ќе учествуваат Македонски спортски клубови во различни спортови.
Секако кога ќе играат нашите клубови во ракометните купови во Европа ќе ги пренесуваат, и нашите клубови во домашни натпреварувања.
И може да има ситуација да некој дерби натпревар од елитните фудбалски лиги од Европа да оди во пренос на оние три премиум канали на Српски јазик а канали кои веќе ги немаме а на нашите три премиум Арени да е зафатена програмата со наши клубови, со формула 1 и слично.
 
„Спортското новинарство во Македонија е во застој од аспект на тоа дека во минатите дваесетина години се појавија само еден-двајца млади новинари коишто сакаат да работат спорт и да бидат коментатори. Но работите се менуваат, деновиве ми се јавија неколкумина (најмалку десетмина) коишто немале претходно искуство со микрофон и со камера и сакаат да се обидат да станат коментатори. Сите имаат убав глас и течна мисла, така што почетокот е добар“, оценува тој и додава дека ќе треба време за да може да бидат подоготвени да настапат, но дека верува во нив и дека публиката ќе може да слуша нови гласови.

Доколку се случи тоа, Стојановски вели дека тогаш ќе почне нивниот процес на растење. Исто така, истакна дека иако постојат само пет дена, се нафатиле да работат на три канали, за што рече дека е макотрпна работа затоа што телевизија работи 24 часа, секој ден.

„Кога ќе тргнете, нема застанување. И нема да застанеме. Убеден сум дека наскоро ќе ја прошириме лепезата програми, а и дека ќе понудиме нови содржини“, порача Тони.

Се подмочавте за да го слушате ебениот Зоран Мишевски. Тоа што губите 50% програмска шема на преноси ако, ама ете ќе сте слушале на македонски, јакото маде.
 
Леле ко видов во какви услови работат, во подтрибинскиот простор на стадионот, во 2х2 м соба со пердиња, искрено жал ме фати. Јес да е почеток и секој почеток е тежок и се почнува од нула ама ова не мислев дека ќе си го дозволи самата Арена Спорт телевизија. Многу ниско ниво на услови и студио како од 90-ите кое испраќа само лоша слика за самата тв.
 
Мислам дека е набрзина склопено и студио и се за да се почне светското. Ако не беше светското ќе се спремаа уште години.
Мислам дека ова им е преоден период и дека понатаму ќе се средат.
 
Мене ми е мило што кога е ќе пуштам тв освен ѓубрето гледам има и "наши" спортски канали така да и Рим не е изграден за еден ден што викаат древните морчиба.
И тоа што има М и се двојат по логото од хрвстските, босанските итн е супер работа.
 
Back
На врв Bottom