Не е баш така. Знам дека за кликови медиумите сакаат да додаваат дополнително идолизирање на успесите на одредени репрезентации, но реалноста е подруга.Капе Верде има 100К луѓе, тоа е исто како Куманово да се отцепи како држава и направи репрезентација и да избори Х со Шпанија на СП. Замисли хаха
Пример, во репрезентацијата на Курасао, скоро ниту еден играч не е роден во Курасао. Ниту се родени, ниту живееле таму, а прашање е дали некогаш стапнале во државата. Го искористиле правилото на ФИФА, да може да заигра за тебе некој што има корени преку баби/дедовци, а не заиграл за друга репрезентација и така составија добар тим за тамошните квалификации.
Додека играчите да речеме на Хондурас и Никарагва се повеќето растени во овие држави и играле во тамошните системи, овде имаш играчи што се развивале во најдобрите европски држави како што е Холандија. Тој во Никарагва играл со топка Атлантик комерц од 150 денари, додека овие имале можност да играат на далеку подобра инфраструктура.
Не се работи за прва генерација иселеници.
Така, Холандија практично имаше 4 состави, од кои Холандија и Курасао обезбедија пласман, Суринам не обезбеди за влакно, а и Индонезија беше блиску.
Слична е приказната со Зеленортските острови. Така што иако имаат 100.000 жители, имаат уште милион други низ светот (претежно Португалија) кои се потенцијални репрезентативци.
Дури и Мароко извади постава во која скоро сите играчи беа родени надвор од Мароко.
Огромна е миграцијата од овие држави во државите кои некогаш ги колонизирале. Овие играчи веќе се втора/трета генерација иселеници и ако некој нема доволен квалитет да игра за Франција/Португалија/Холандија/Шпанија/Англија/Германија/Белгија/Данска/Шведска, оди да игра во репрезентација од која влече корени. Така добиваат репрезентативци кои се топ играчи за тамошните квалификации.
Импресивно беше на пример Исланд со толку малку жители без многу иселеници и веројатно ниту еден играч од страна, успеа да се пласира на СП и тоа преку европски квалификации.


