СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

За кои репрезентации навивате на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, 2026?

  • Алжир

  • Аргентина

  • Австралија

  • Австрија

  • Белгија

  • Босна и Херцеговина

  • Бразил

  • Канада

  • Зелено'ртски острови (Cabo Verde)

  • Колумбија

  • Хрватска

  • Курасао

  • Чешка

  • ДР Конго

  • Еквадор

  • Египет

  • Англија

  • Франција

  • Германија

  • Гана

  • Хаити

  • Иран

  • Ирак

  • Брег на слонова коска

  • Јапонија

  • Јордан

  • Мексико

  • Мароко

  • Холандија

  • Нов Зеланд

  • Норвешка

  • Панама

  • Парагвај

  • Португалија

  • Катар

  • Саудиска Арабија

  • Шкотска

  • Сенегал

  • Јужна Африка

  • Јужна Кореја

  • Шпанија

  • Шведска

  • Швајцарија

  • Тунис

  • Турција

  • САД

  • Уругвај

  • Узбекистан


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Па не е и интересно да се браниш 90 минути, интересно е да ги дупиме Шпанците. :D
Инаку кога сме на таа тема.
Јамал најмлад фудбалер на светско кој го кикснал првиот натпревар. :kafence:
Дали оти беше против овие Јамаловциолмовци, дали мене ми се чини дека Зеленортците изиграа една од најдобрите и организирани одбрани што сум ги гледал одамна одамна.
 
Оваа вечер, тренерите на фаворитите, прават се што можат нивните репрезентации да изгледаат лошо.
 
Нема да биде воопшто изненадување доколку Египет ја плесне Белгија, главниот креативец Де Брујне едвај оди жалниот. :D
 
Сега гледам на Резултати дека и Зеленортски се чувале :D
Двајцата највредни играчи Коста и Пина не заиграле ни минута. Исто и Гери Родригес не добил шанса (играч и со ЛШ искуство)
 
Нема да биде воопшто изненадување доколку Египет ја плесне Белгија, главниот креативец Де Брујне едвај оди жалниот. :D
Не му е оваа жабарска лига па да прави што сака.
 
С.Арабија-Уругвај ќе биде интересна ноќеска. Арапиве многу вложуваа ви репката а и имаат најдобра лига во регионот. Не верувам дека ќе им се деси дебакл и очекувам да изненадат со добар фудбал.

За Белгија-Египет немам некое мислење. Иран мислам деќа ке ги добие Нов Зеланд.
Ништо не се Арабија, тотално дно од екипа и неписмена багра. Ќе тепа Уругвај лесно тука 1-0 или 2-0.
 
Капе Верде извади клин шит со Шпанија :pos:

Некој рече дека тое е еквивалент Шкендија да извади нерешено со Сити. Не, тоа е исто ко ФК Илинден Добрејци да извади нерешено со Реал Мадрид.
 
Ништо не се Арабија, тотално дно од екипа и неписмена багра. Ќе тепа Уругвај лесно тука 1-0 или 2-0.
Ај да видиме. Секако дека се Уругвај поквалитетни ама боси дека се С.Арабија како на минатите првенства кога јадеа петарди, или како што ги опиша ти нема да се согласам.
 
Египет сами ја испуштија. Белгија некако не дифинирано, мада ова за нив е карактеристика. По изгубена репка нема. Со Лукаку добија на самодоверба и искуство дека Доку, Тросард изгубени беа денеска незнае што играат.
 
Не се толку слаби Зеленортските острови. Далеку појаки се од Курасао. Имаат играч што игра редовно во Виљареал, играчи што се стандардни во екипи како Трабзонспор, Лудогорец, Краснодар, Башахшекир, кипарско првенство итн. Скоро сите имаат поминато школи на португалски екипи. Стопира сто години играше за Видеотон, а како помлад играше една сезона и во Депортиво (и во нивниот Б тим).
Во афричките квалификации освоија 23 бода од можни 30, 4 бода пред Камерун завршија. Во квалификациите за СП 2022, имаа решавачко гостување во Нигерија за да влезат во краен плејоф. Ама изиграа 1-1 (а им требаше победа) и за малку не влегоа во крајните 10 кои со плејоф решаваа кој ќе оди на СП.
На афрички куп 2023 играа четвртфинале откако во група завршија први пред Египет и испаднаа на пенали од Јужна Африка.
Во моментов се во некои топ 10 во Африка, односно екипи кои би можеле да изненадат и во редовни квалификации како што имаше порано.

За мене Сенегал-Франција во 2002 уште е најголемо изненадување. Па и победата на Тунис над Франција на минатото СП би ја класифицирал за поголемо изненадување.
Се е ова во ред, ама па и против Шпанија играа, напраи споредба колку класи се разлика.

Едноставно дечките играат одлична одбрана, буквално предобри се во тој сегмент и со има резултати.
Индивидуално по квалитет на играч и по кариера на играчи се едни од најслабите селекции - и тоа е исто факт што може да се провери.

"Анонимуси" во европскиот фудбал се 99% нивните играчи. Многу подобри на хартија селекции ќе паднеш уште после 30та минута, овие изгинаа на терен, и барем според мене требаше среќата да ги послужи и во 90 и некоја да го дадеш голот со глава пошто заслужија. Таква дисциплина многу ретко се гледа во денешно време
 
Капе Верде има 100К луѓе, тоа е исто како Куманово да се отцепи како држава и направи репрезентација и да избори Х со Шпанија на СП. Замисли хаха
 
Back
На врв Bottom