Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Забегани проекти ќе се финансираат со народски државни пари.
Култура на ниско ниво тоа можам да кажам.
Не е за Слаткар, тука тематиката е за лица со говорна мана, а Слаткар ко најпознат со таква мана ваљда ќе кажува како он се справува низ животот со ова.
Screenshot_20260530_132529_Facebook.jpg

Сите 'новинари' се фатија за полуточни информации, а ниеден не праша каков е тој филм "Кралот на ѓубрето" што по наслов асоцира дека ќе е со ромска тематика, што толку е од национален интерес албанскиот 'Никој не го сака Садик' и зошто не се поддржуваат македонски филмови на македонски јазик?!
 
Мислам дека јас сум единствениот против филм за Тоше. Не дека величина ко Тоше не заслужила, туку дека досега ниеден биографски филм за музичар не прикажал добра содржина. Исклучок беа Тома и Џеј, не дека и тие беа одлични, али едниот коцкариште и пијаница, другиов се дружел со бараби и криминалци, па имаше некое филмично дејствие.

Инаку филмот за Фреди и Квин, одличен продукциски и Rami Malek одличен, ама содржински досаден, филмот за Елвис тешка бљувотина, а денес го гледав во кино и за Мајкл Џексон и не знам колку пати погледнав на саат од што беше досадеееен. Да, актеров му ги скинал покретите, да продукциски изгледа скапо, изгледа веродостојно, али буквално ништо од тоа што беше на екран не беше вредно за прикажување. Конфликтот со таткото и ќотекот што го јадеше? Секој втор маж има(л) тензични односи со таткото или јадел ќотек ко дете. Бил хуманитарец Мајкл? Браво, секоја чест, ама ништо интересно за на платно.

Што има филмично во животот на Тоше? Играл одбојка, тренирал боречки вештини, бил голем хуманитарец, потекнувал од мал град и станал ѕвезда низ Балканот, сѐ тоа стои, али тоа не е приказна за филм.
Ако се сними, со оглед на неискуството на ОХО за големи проекти и мирниот живот на Тоше, се плашам дека ќе направат ко филмот за Дражен, крајно досадно и неатрактивно дело што со ништо не го продолжува сеќавањето за таква величина. :)
 
Го испопцујаа на фејс и донекаде се у право. Тоше нема свој документарен финансиран од буџет, они земаа да праат за Слаткар и лица со говорна мана, па тоа е документарец за МРТ отсабајле кога никој не гледа. А за Слаткар оној Миро Кацаров една репортажа нека напраи со осврт на Единствена Опција и толку, ништо посебно не е. Да беше некој музичар со инструменти ајде ќе речеш има талент, ама он нешто мјаука и сам не знае каков стил на музика праи.
 
Видете, за ситуацијата со наводниот филм за Слаткар кој нема да се случи, малце е ко Дон Кихот и ветерниците. Доста приглупо е да ја обвинуваш Агенцијата за филм или Министерството за култура зошто немало филм за не знам, ете, рецимо, Александар Сариевски. Зашто ни едните ни другите филмови не прават. Треба некој да се реши да направи таков филм, па ако овие не го прифатат проектот, пеки, тогаш плукајте по нив. Вака е стварно глупо ко трактор!
 
Мислам дека јас сум единствениот против филм за Тоше. Не дека величина ко Тоше не заслужила, туку дека досега ниеден биографски филм за музичар не прикажал добра содржина. Исклучок беа Тома и Џеј, не дека и тие беа одлични, али едниот коцкариште и пијаница, другиов се дружел со бараби и криминалци, па имаше некое филмично дејствие.

Инаку филмот за Фреди и Квин, одличен продукциски и Rami Malek одличен, ама содржински досаден, филмот за Елвис тешка бљувотина, а денес го гледав во кино и за Мајкл Џексон и не знам колку пати погледнав на саат од што беше досадеееен. Да, актеров му ги скинал покретите, да продукциски изгледа скапо, изгледа веродостојно, али буквално ништо од тоа што беше на екран не беше вредно за прикажување. Конфликтот со таткото и ќотекот што го јадеше? Секој втор маж има(л) тензични односи со таткото или јадел ќотек ко дете. Бил хуманитарец Мајкл? Браво, секоја чест, ама ништо интересно за на платно.

Што има филмично во животот на Тоше? Играл одбојка, тренирал боречки вештини, бил голем хуманитарец, потекнувал од мал град и станал ѕвезда низ Балканот, сѐ тоа стои, али тоа не е приказна за филм.
Ако се сними, со оглед на неискуството на ОХО за големи проекти и мирниот живот на Тоше, се плашам дека ќе направат ко филмот за Дражен, крајно досадно и неатрактивно дело што со ништо не го продолжува сеќавањето за таква величина. :)
Ок, ама и Слаткар не е Ал Капоне.
Обичен грифтер и опортунист.

Имаш два типа на биографски филмови, точни до настаните и досадни бидејќи е веќе познато, и интересни со фиктивни настани за драма ефект.
 
Ок, ама и Слаткар не е Ал Капоне.
Обичен грифтер и опортунист.

Имаш два типа на биографски филмови, точни до настаните и досадни бидејќи е веќе познато, и интересни со фиктивни настани за драма ефект.
А кој кажа дека филмот е за Слаткар? Темата на филмот e предизвиците со кои се соочуваат лицата со говорна мана и како тоа музиката му помогнала на Слаткар да ја надмине таа мана. Еве во филмот да збореше Мартинијан Кириловски ќе ви беше ли океј? Или и тогаш ќе беше кој е па тој Мартинијан и што направил за да заслужи да се појавува во филм, а за Тоше нема филм…

Претходно имаат снимено краток документарен филм за глувонемо дете “Звукот на тишината” што никој не го знае, А нема некој речено, нит слушнато за филмот, ама ова пошто Слаткар ќе збори, ау-бау.

Проблемот со филмот по мене не е тоа што Слаткар ќе збори, туку што вакви тематики ко филмот, ко “Звукот на тишината”, репортажни документарци и историски документарци се поддржани од Агенцијата. Ко што кажа и Ротманс, ова е нешто што треба МРТ да го снима, а од Агенција да поддржуваат уметнички документарци ко Медена земја, ко Силјан, ко Плати и жени на Атанас Георгиев.

@Zlatikevichius видов стори пред некој ден од клапер со датум 20.5.2026 и наслов Слаткаристика филм што би требало да значи дека веќе почнале да снимаат. Дали ќе го завршат и кога ќе видиме.
 
Требало филм за овој, требало за оној, у тоа е и поентата луѓе, пошто денес е демократско општество и слободна економија, нека си фатат спонзори и нека си снимаат документарци. Зошто се тоа морало да биде од буџетот и Агенцијата за филм? А они пак од афера у афера за проневери идат.
Тоше како пејач кој ја претставуваше Македонија на Евровизија, сними песна за македонска репрезентација, па имаше и други ангажмани ми се чини со хуманитарни акции, полнеше сали, стадиони на концерти, албуми продаваше (сепак немаше интернет у тоа време толку) а и фактот што човекот загина трагично на врвот од својата кариера.
На концертите на Тоше имаше друг вајб, у споредба со некои други.
А и семејството негово до ден денес заработува од авторски права.
На пример Леб и Сол имаат документарен филм од МРТ Вкусот на Успехот, ама Леб и Сол се музичари и свират инструменти уште од Југославија.
А Слаткар оти и нема некој музички талент, рапер што рецитира на плејбек, главен акцент се става на тоа што имал говорна маана, па добро де не е он Моцарт којшто бил глув и свирел пијано у време кога немало технологија.

Коментарите од фејс се: Луѓе болни бараат средства за лечење преку СМС, а Агенција за филм финансира од буџет наркомани.

И донекаде се у право.
 
А Слаткар оти и нема некој музички талент, рапер што рецитира на плејбек, главен акцент се става на тоа што имал говорна маана, па добро де не е он Моцарт којшто бил глув и свирел пијано у време кога немало технологија.
Ама филмот не е за Слаткар бе друже. Што сте се запнале - Слаткар па Слаткар.
 
А кој кажа дека филмот е за Слаткар? Темата на филмот e предизвиците со кои се соочуваат лицата со говорна мана и како тоа музиката му помогнала на Слаткар да ја надмине таа мана. Еве во филмот да збореше Мартинијан Кириловски ќе ви беше ли океј? Или и тогаш ќе беше кој е па тој Мартинијан и што направил за да заслужи да се појавува во филм, а за Тоше нема филм…

Претходно имаат снимено краток документарен филм за глувонемо дете “Звукот на тишината” што никој не го знае, А нема некој речено, нит слушнато за филмот, ама ова пошто Слаткар ќе збори, ау-бау.

Проблемот со филмот по мене не е тоа што Слаткар ќе збори, туку што вакви тематики ко филмот, ко “Звукот на тишината”, репортажни документарци и историски документарци се поддржани од Агенцијата. Ко што кажа и Ротманс, ова е нешто што треба МРТ да го снима, а од Агенција да поддржуваат уметнички документарци ко Медена земја, ко Силјан, ко Плати и жени на Атанас Георгиев.

@Zlatikevichius видов стори пред некој ден од клапер со датум 20.5.2026 и наслов Слаткаристика филм што би требало да значи дека веќе почнале да снимаат. Дали ќе го завршат и кога ќе видиме.
Океј, разбрав, го прочитав твојот прв пост на темата каде објасни дека новинарите како по обичај манипулираат со вистината за кликови.
Но, тука има друг момент каде што Слаткар сам си го објавува тоа дека се снима биографсли филм за него, без појаснување, односно ме наведува на тоа дека филмот ќе биде за Слаткар и само неговите потешкотии со говорна мана.
Најдобро е да се навратиме на муабетот кога веќе ќе излезе филмот.
1000010853.png

Мое мислење е дека не треба министерството да спонзорира филм за човек што беше дел од пропаганда за промена на името.
 
Ама филмот не е за Слаткар бе друже. Што сте се запнале - Слаткар па Слаткар.
@Darling објасни се што сакам да кажам. А у филмот нека ја стават онаа у позадина коа нејќел да сврши на перницата.
 
Последно уредено:
Океј, разбрав, го прочитав твојот прв пост на темата каде објасни дека новинарите како по обичај манипулираат со вистината за кликови.
Но, тука има друг момент каде што Слаткар сам си го објавува тоа дека се снима биографсли филм за него, без појаснување, односно ме наведува на тоа дека филмот ќе биде за Слаткар и само неговите потешкотии со говорна мана.
Најдобро е да се навратиме на муабетот кога веќе ќе излезе филмот.
Прегледај го приврзокот 478929

Мое мислење е дека не треба министерството да спонзорира филм за човек што беше дел од пропаганда за промена на името.
Сабајле прочитав една изрека на српски што у слободен превод вели: “Водата лесно може да ја разбрануваш, а будалата лесно можеш да го разгневиш.”
Да не се повторувам од погоре, ама еве и да е документарец за Слаткар, а не за предизвиците на деца со говорна маана, нема да биде најлошото нешто со оглед на тоа какви бљувотини се поддржани во категорија Документарен филм, досега.

Документарците се инаку најзлоупотребена категорија при доделување средства, без никакви критериуми, доделувани на ќоро и сакато, снимани од тешки одроди за тешки антимакедонисти и личности што ја негираат Македонија кај ќе стигнат.

Во 2008 г. е поддржан документарец “Кадаре” за албанскиот писател Исмаил Кадаре, не слушнав ништо од патриотиве да се бунеле или бунат дека со нивни пари е снимен документарец за Албанец кој нема никаква врска ниту поврзаност со Македонија. Не слушнав дека некој се бунеше и за “Дода” документарец во режија на “прославениот” Висар Вишка за некој шип Бајазит што му служел на некој Австриец кој за малку не станал цар на Шкиперие. Немаше реакции ни за “Горчина”, “Емигрант сум или?”, “Националност, религија или љубов” и еден куп други шипски документарци за раселувањето што би требало да постојат само во продукција на Алсат или МРТ2, ниту за “Ветената земја” во која се збори за спасувањето на Евреи од страна на шипци од Македонија, Косово и Албанија. Не слушнав ни реакции за документарецот “Последниот од преродбениците” посветен на големиот шипски преродбеник Јосиф Бајгери за кој ни просечен тетовец или кичевец нема слушнато.

Апсолутни никакви реакции нема ни за глупостите што ги има снимено ромска БТР со буџетски пари, а има повеќе наслови: “Балкански роми”, “Небо, точак, земја”, “Живот на крстосница”, “Локални херои- светски таленти”…

Не слушнав ни дека некој се буни дека веќе снимен документарно-игран филм “Бисер” на браќата Кумеви, снимен во 2017 г. има добиено пари на конкурс во 2022 г.

Не слушнав никаква врева за двата документарци по сценарио на северџанот новинар Борјан, за репортажата “Боите на Преспа” што е апла телевизиска репортажа, за документарецот за големиот Ѓорѓи Кастриот познат ко Скендербег, за документарецот “Знамиња” за споредба меѓу знамињата и општествата на Македонија и Јапонија, “Осветлена темнина” за некое си косоварско семејство што се соочува со слепило…

Нема реакција ни зошто се поддржани два документарци за Аљуш Муслиу “познат” како Хари Џексон. Прво “Последниот каубој” во кој Македонија е малцински ко-продуцент, а режисер е Тадеј Чатер од Словенија, па после го добивме “Последниот каубој на Балканот” - македонска мнозинска продукција од прочуениот Сабедин Али.

Јас да сум на чело на Агенцијава скроз би ја укинал оваа категорија и би доделувал средства само на грст документаристи ко Тамара Котевска, Љубо Стефанов и Атанас Георгиев, а ако некој сака да сними документарец треба да пушти сценарио до овие 3 автори да оценат дали има приказна за филм или не.

95% од снимените документарци поддржани од буџетски пари не заслужуваат да постојат, ама добро ваљда документарецот за Слаткар вам ви е најлошото нешто што (би) се снимило.
 
Океј, у реду е, сфативме, заљубена си во Слаткар и го браниш. Иначе филмовите шо ги спомна прв пат слушам за нив од тебе.

A izrekata e Sveti Bes, znaes Saint Anger od Metalica? Besot e emocija sto ne moze lesno da se isefjkuva kako taga ili radost, nego prosto koga nekoj sakas da razbesnis imaj na um deka besot e emocija sto tesko se kontrolira.
 
Si ja citala Biblijata koga elementarnite nepogodi gi tolkuvale kako Bozji Gnev?
Ништо не си сфатил, друже. Смањи со дрогата.
 
Back
На врв Bottom