Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 47: @Artemisia Vulgaris - Иселениците да го задржат правото на глас)

Иселениците да го задржат правото на глас


  • Вкупно гласачи
    66
vo aus resava kuken sovet/body corporate, taka bar ne e eden da blokira se. obicno sekoja zgrada/kompleks kade e dozvoleno toa go pisuva vo samiot oglas koga kupuvas ili zimas pod kirija. cesto baraat da vidat sertifikati deka se vakcinirani itn... vo zgradi recisi nikogas ne e dozvoleno kuce, isklucok pomalite rasi, macki taka taka ama ovde narodot ima pogolema svest i sfatil deka u zgrada nema uslovi da cuvas kuce pa ni macka, bez da im nastetis. i 100 pati da go nosis na setanje ne e isto. ovde tie sto cuvaat milenicinja obicno ziveat vo kuka i imaat kakov takov dvor za pocetok.

mene mi e smesno da zborime za cuvanje milenice u stan u mkd ili evropa seedno. prvo stanovite se premali za i lugeto sto ziveat u niv da imaat asalen zivot (30m2 od covek e preporaclivo) ne pak za milenice. imam drugar macka cuvase i koga ke mu izbegase bese brkanici po 12 katnicata niz hodnikot po skalite... nalet lugeto i komsiite ama ako mene me prasas ova e nehumano i sebicno i posle 2-3 takvi epizodi treba da im se odzeme mileniceto na takvi luge.
Мачките се територијални, нема да ја напуштат зградата, можеш да изгубиш мачка ако некоја друга фамилија ја прибере. Кучето може да направи беља. Во секој случај, мачки да, кучиња не. Немам ништо против љубителите на кучиња ама не можеш да чуваш животно што ги буди комшиите во 3 сабајле. Купи си куќа, после тоа куче.

Постот ми беше за кај нас во МК се разбира, затоа што ништо не е уредено и ќе треба секој со секого да се расправа и да се решаваат спорови. За кучиња да се чуваат во зграда потребни се станови од над 200 метри квадратни со саглам ѕидови и изолација, па кој сака нека чува. Ова од аспект да не им се ремети мирот на комшиите, инаку куче не се чува во зграда.
 
Не. Кога би имало правила и прописи што се почитуваат како во нормални држави, милениците нема да се проблем. Кучето ако сере и моча тоа е одговорност на сопственикот. Куче ко куче, ќе прави тоа што знае дур не го воспиташ како треба. Поголем проблем се оние што готват со отворена врата за цел влез да смрди на пржлоини, оние што чуваат ѓубре пред врата или смрдени патики.

Него ќе одземаме ли бебиња на тие што им плачат по цел ден? И како ќе се справиме со оние што бушат у ниедно време дење ноќе и што се расправаат и урлаат цела зграда да ги слуша?
На крај се сведува на домашно воспитување, милениците во зграда се најмалиот проблем.
Зависи, во Шведска едни Македонци ги спашкаа поради проблеми со децата, собраа потписи цела зграда и им дадоа рок неколку месеци за да си најдат нов стан. Ама за бебешки плач никој нема да те стани, тоа е нешто шо не можиш да влијаеш, и секој во секоја држава е толерантен кога се работи за бебе.
За готвењето мене не ми смета ако мириса, ама ако има думани и ако готват на балкон или со отворена врата тогаш не е во ред.

На крај краева сите што сакаат полагоден живот треба куќа да си земат, не ги разбирам луѓето денешно време шо се пикаат во згради ако имаат опција во куќа да живеат, дури и поефтина варијанта дојде куќа да купиш кај нас.
Да се стегам јас во 50 квадрати, ни двор ни ништо, и згора на се да го преплатам тој стан, ма ни у лудило бре
 
Една година живеев во стан, среќа бев на 1ви спрат и не го користев лифтот воопшто, секој ден лифтот смрдеше на мочки од кучињата што се мочаа таму, секој ден се апелираше од комшиите, особено од овие со бебиња и мали деца, да си го чистат лифтот тие што нивната џукела го измочала и ниеден од нив не искочи да си превземе одговорност. За една нова година отидов на викенд со друштво во Берово, на 31ви декември сабајлето кога искачав, некоја џукела се имаше исрано на скалите, кога се вратив на 3ти Јануари гомната уште стоеа таму, иако имав пратено слика во заедничката група на Вибер уште истиот ден кога ги забележав. Мисирот што си ја исра џукелата на скали не отиде да му ги собере гомната, јас ги собрав на 3ти, засушени. Гадови гадосани усмрдени.

Џукелите и мачките се за во двор, ако немаш куќа, немаш право да чуваш миленик и точка, затоа што не го усмрдуваш само твојот стан туку и цела зграда каде што живеат стотици луѓе.
 
Зависи, во Шведска едни Македонци ги спашкаа поради проблеми со децата, собраа потписи цела зграда и им дадоа рок неколку месеци за да си најдат нов стан. Ама за бебешки плач никој нема да те стани, тоа е нешто шо не можиш да влијаеш, и секој во секоја држава е толерантен кога се работи за бебе.
За готвењето мене не ми смета ако мириса, ама ако има думани и ако готват на балкон или со отворена врата тогаш не е во ред.

На крај краева сите што сакаат полагоден живот треба куќа да си земат, не ги разбирам луѓето денешно време шо се пикаат во згради ако имаат опција во куќа да живеат, дури и поефтина варијанта дојде куќа да купиш кај нас.
Да се стегам јас во 50 квадрати, ни двор ни ништо, и згора на се да го преплатам тој стан, ма ни у лудило бре


Токму така.
Кој сака поопуштено да живее нека си живее во куќа.
Ова истото важи и за оние кои се на работа во иста канцеларија и други работни простории, треба приспособување кон останатите, било да е во прашање пушење цигари, слушање музика, јадење храна со непријатни мириси итн....
Е сега ако на некој чергичето не му дава можност да живее во куќа и да има двор, тогаш во станбената зграда нека си живее според општо прифатени правила на игра и нека се приспособат кон остатокот од станарите во зградата.
Мој колега од факултет заедно студиравме, човекот живееше во помалку урбана населба во куќа, и во неговиот двор чуваше 6 - 7 огромни кучиња шарпланинци во боксови ги чуваше и во дворот многу смрдеше од изметот на кучињата и многу лаеја, и дојде време и тој продаде куќата и се пресели во друга куќа во друг дел и многу повеќе урбана населба во градот.
И многумина му укажавме дека во тој урбан и елитен дел од градот во населба каде има население со други манири и култура, и дека за брзо време новите соседи ќе му кажат дека им пречат кучињата поради лаењето и големата смрдеа.
Ама на нас кои тоа му кажавме, нашиот пријател мислеше дека ако е адвокат и е по судови дека некој ќе му се плаши.
Ама новите соседи од екстра урбаната населба прво го опоменаа човекот а потоа и го пријавија.
И на крај човекот сите кучиња шарпланинци ги однел од дворот.
Никој не сака да трпи смрдеа и завивање од кучиња како да е во планина во стадо со овци, а да живее во урбана елитна зона.
 
Зависи, во Шведска едни Македонци ги спашкаа поради проблеми со децата, собраа потписи цела зграда и им дадоа рок неколку месеци за да си најдат нов стан. Ама за бебешки плач никој нема да те стани, тоа е нешто шо не можиш да влијаеш, и секој во секоја држава е толерантен кога се работи за бебе.
За готвењето мене не ми смета ако мириса, ама ако има думани и ако готват на балкон или со отворена врата тогаш не е во ред.

На крај краева сите што сакаат полагоден живот треба куќа да си земат, не ги разбирам луѓето денешно време шо се пикаат во згради ако имаат опција во куќа да живеат, дури и поефтина варијанта дојде куќа да купиш кај нас.
Да се стегам јас во 50 квадрати, ни двор ни ништо, и згора на се да го преплатам тој стан, ма ни у лудило бре
Да, ама Шведска станот не е сопственост на приватно лице, се купува фактички правото да живееш во станот. Станот припаѓа на станбената заедница, и истата има законска можност да ти го одземе правото да живееш таму, доколку не ги почитуваш правилата за живот во заедница.
Затоа и сите плаќаат месечно одржување, и тие што живеат на први плаќаат за сервисирање на лифтот, и тие што живеат на кров плаќаат за одржување на дворот, и никој не може да си догради уште една соба на балкон, и никој не остава точаци и ѓубре во заеднички ходник.
Сите знаат дека секоја акција има последица која се енфорсира.

Во МК ете ко што пиша некој, ќе сери кучето по лифтови и никој ништо нема да превзема.
 
Немам ништо против љубителите на кучиња ама не можеш да чуваш животно што ги буди комшиите во 3 сабајле. Купи си куќа, после тоа куче.
јас па обратно немам ништо против животните ама и те како ми сметаат сопствениците,

кучето ли е криво што дибеков го моча на тркалото од првата кола што ќе му дојде,

или онаа чавкана од другиот влез што го пушта да сере помеѓу колите тоа нејзиното милениче па ако наштрапаш од лајната господ да ти е напомош во кола или па ќе си ги донесеш дома,

трет случај имаат едни куче што личи на лисица не знам што раса е лае на секој кој поминува мислиш ќе го изеде и овие наместо да влијаат на однесувањето на џукелата се објаснуваат со луѓето дека не било опасно само така си лаело,

...

ова се примери само од блиско опкружување сигурен сум дека кај повеќето има нешто слично.
 
Јасно ви е дека ништо не е возможно да се спроведе во Македонија со овој менталитет така? Пред некое време имаше иницијатива од еден дечко, културно побара да има стартап фирма во зградата со 5-6 вработени, рече дека само 2-3 би доаѓале со кола и не би ја паркирале на паркингот пред зградата. Сите освен 2 стана го одбија, со образложение дека “Прво се почнува од 5-6, после 20-30, ќе нема место за паркинг“. Интересното е што еден од тие што го одби веќе го прави моментално истото, а тој беше меѓу погласните. Да не собираше потписи, да не прашаше со фино, со дозволи, никој немаше да му замери ниту нешто да се противи. Тие што се поштени, по прописи што сакаат да оди се, најлошо поминуваат тука. Така и ова би било, некој ќе чува дома куче, на тараса ќе му моча и кака и со црево ќе чисти, нема да му даде да шета ако треба, ама нема да ти помине со списокот за дозволи/потписи да собере, додека некој кој може поради здравствени потешкотии го има миленикот, ќе биде одбиен, бидејќи така од инат зошто да не.
 
прилично ни е јасно другото само едно нешто никако не можам да разберам, од каде ни е нагонот да имаме толку голем отпор кон промени кога убаво гледаме дека вака како што е едноставно не оди,

па дај мајкаму стара да почнеме од некаде па ако е погрешно ќе бараме друг начин, па трет...и се така додека не дојдеме до некој прифатлив модел за нормален живот,

ваљда ние овдешниве два милиони не сме нај паметни во свет ако гледаме дека по светот за се има: правила, закони, казни... сигурно и овде мора да е така,

види го само отпорон кон казните во сообраќајот кои се евидентираат и испраќаат електронски т.р неселективно,

друго сите сме свесни за проблемот со кучињата скитници на јавна површина и упорно 30 год. секој ден едно те исто криви биле: здруженијата, граѓаните, општините... абе QR ме заболе кој е крив на улица тие не смеат да бидат и точка, ако треба 2-3 пати годишно ќе се врши физичка ликвидација и проблемот нема да постои.

за жал вакви примери има од скоро секоја област на секодневиево наше и се правиме само не пробуваме да смениме.



п.с и ако правиме секој ден исти работи како можеме да очекуваме разчичен резултат утре од тој вчера или денес?
 
па мислам дека треба, но искрено не би знаел кој да го предложам
ако некој сака да постави свое мислење а тоа не е спротивно на правилата нека повели, ако мора да назначам јас во текот на денот ќе означиме некој :)
 
Your wish is my command. :love:

Дијаспорците да го задржат правото на глас.

Државјанството не престанува во моментот кога некој ќе ја напушти земјата. Луѓето кои живеат во странство и понатаму остануваат дел од македонското општество, и понатаму имаат блиски кои „ги оставаат зад себе“ и се засегнати од политичката ситуација, некои и инвестираат во државата и планираат евентуално да се вратат.

Многу иселеници ја напуштиле Македонија поради условите во државата, а не поради недостаток на интерес за нејзината иднина. Парадоксално е да се тврди дека луѓето кои биле принудени да заминат поради економски или општествени причини немаат право да учествуваат во одлучувањето за промени во земјата од која потекнуваат.
 
Back
На врв Bottom