Не мислев после Меси како последен од таа златна генерација Ла Масиа фудбалери дека ќе ми биде тешко после заминување на фудбалер..
Дојде кога ретко големо име во фудбалот тогаш се осмелуваше да дојде во таква Барса од имиња, полуимиња и лутачи во екипава.
Во некоја по идеална ситуација би сакал да останеше уште една година и барем со ЛШ да го испратевме ама како што кажа не е крај.
Фала му за се, таква машина на 38 ќе има уште фудбал некаде по пензионерскиве лиги.
Верувам Ханси уште ќе е тренер годиниве што идат па ќе се врати ревијална да се пензионира пред 105 илјади публика.
Еден од тие последни играчи од таа златна генерација на фудбалери. За мене овие 4 години остави траг легенда на клубот му благодарам за се.
Мемории незаборавни имам знаејќи тој последниот професионален прајм кај нас го остави. Еден и единствен од златна класа напаѓачи.
Дечки полека иде трансфер рокот и полека полека се палат трансфер гласини на сите страни и сешто ќе чуете ама ова за мене е јасен сигнал за сите играчи,
Свежа крв и нова 9ка за доминација долгорочна и ретко кој играч може да го исполни тој критериум освен Халанд, Алварез и Осимен.
Значи мора да се пишува и мора да се штампа а знам Барселона ќе си игра полека и сигурно бидејќи ремонтов е измислен сва времена и фали тој дијамант.
Голем простор се отвори со заминувањето на Лева и Фати, Кристенсен исто така виси и најверојтно ќе прифати 50% намалување и остана канцерот Тер Шутко.
Кога сме кај напаѓачи едноставно чисти глупости ми се муабетиве со Жоао Педро, токму напротив мислам дека Деко има одлично око кога се работи за фудбалери и со време го покажува тоа. Према мене обичен дефокус кон единствениот што има смисла да игра во овој нов прајм на Барселона а тоа е само Алварез и никој друг.
Да се отвори трансфер рокот тоа се чека само и нормално сите знаат дека Барса се враќа со финансии каде што беа и нормално сега ќе креваат цена и Интер па и Челзи а не дека ќе го земат... Знам дека се работи за одличен фудбалер ама кажаа овие 100ка највеќе идат за напаѓач и тоа е тоа а таа сума е најреална за Алварез на овој пазар.
Бастони е само прашање на време а навистина би сакал и Бернардо Силва да дојде сигурен сум дека би му нашле место кај да игра веќе и самиот прифаќа помали примања и позиција само да дојде. Секогаш летни трансфер прелазни рокови пред Светско биле интересни а ние баш сега се враќаме нормала.
Бреееееј.
