Con Artist
the man with the key
- Член од
- 1 мај 2012
- Мислења
- 5.795
- Поени од реакции
- 23.380
Ако те плаши супериорна интелигенција, прочитај ја повторно темата од PloTwist и види што ти носи сегашнава човечка интелигенција од која наводно не се плашиш.Ми звучи малку застрашувачки таа слика каде моралот го диктира само оној што е посилен. Тоа е повеќе како некоја џунгла отколку напредна цивилизација. Ако успехот во иднината се мери само со тоа кој кого ќе победи и ќе прегази, тогаш јас дефинитивно навивам за природните. Искрено ме плаши свет со супериорна интелигенција, а без трошка етика. Ама океј, гледам дека дел од вас се спремни за освојување на новиот свет... па се надевам дека ќе бидете милостиви владетели и ќе имате трпение со нас обичните.![]()
Тебе најверојатно те плаши можна злоупотреба (а и повеќето на темава). Тогаш по истата логика треба да се откажеме и од нуклеарна енергија, интернет, нанотехнологија, вештачка интелигенција итн., бидејќи секоја моќна технологија носи и ризици.
Никаде не реков свет без етика, туку преиспитување на сегашниве морално-етички рамки кои го блокираат или успоруваат напредокот. Велиш "природните", кои природни? Одамна не сме природни, носиме очила, пејсмејкери, пресадуваме органи, ин витро оплодувања... Тоа што некогаш се сметало за неетичко и играње Бог, денес се смета за огромна придобивка на човештвото. Ова јас што го зборам на темава е само продолжување на истата тенденција - наместо да ги прифаќаме ограничувањата како судбина, ги надминуваме.
Плус, што има да се грижиш, тие новите супериорни луѓе за брзо ќе станат мултипланетарен вид и најверојатно ќе се отселат од планетава, а ние (вие?) обичните смртници ќе си продолжиме да живееме среќно и стресно до крајот на животот (ако не сме веќе изумрени дотогаш).

Но, за воопшто да дојдеме до ситуација да има од нови посупериорни луѓе, треба прво овие денешниве да ги поместат морално-етичките норми.Морално-етичките норми нема да се поместат затоа што сме се договориле да се. Ќе се поместат затоа што новите луѓе ќе ги победат денешните и ќе го наметнат нивниот морал.
Не бе, зошто против, ти нели си праша на крајот од твојата тема дали човештвото, во оваа форма, треба да постои?Значи треба да бидам Против?
Науката, во поновата историја, ги помести морално-етичките граници кога сакаше да продаде вакцина, која не ги ни исполнуваше критериумите да биде вакцина, уште помалку ги исполнуваше техничките предиспозиции со кои лажно беше рекламирана. Дури и не е новина дел од научната фела да работи за некоја голема корпорација за одреден противнадомест, што за мене се побива со сите начела и така се формираат и корумпираните меѓународни организации (СЗО) кои штитат корпоративен интерес. Тука се и научниците кои продаваат магла и благодарение на нив на голема врата чукна Воук идеологијата со родот, полот и останатите категоризации.
Мојата тема беше осврт на безрезервната планета која не ја гледаме како сопствен дом. Уништуваме цели екосистеми, цели видови, најчесто и за трофеј, па и за корпоративен интерес. Океј, Дарлинг ќе рече има и лекари, им помагаат на тие единки и видови, па има и програми, какви што има и Флорида, за питомите, пример, каде на овој начин се прави обид за зачувување на тој екосистем. Немаат предатори, одредени животичница им ги уништуваат јајцата, ги убиваат додека се мали, меѓутоа премногу брзо се размножуваат и поради оваа причина Флорида има програма за нивно заловување. Па не испадне дека само му ги напаѓам политиките против алигаторчињата на @Justae Verum . Меѓутоа нема баланс. Една ластовичка не прави пролет.
Вистина е дека ова е некоја фаза на еволутивниот тек на човекот, некои сметаат дека во иднина нема да има влакно на неговото тело, втори сметаат дека ќе си снема оние органи и муслули кои не се во употреба, трети се вртат кои климатските промени и сметаат дека од нив ќе зависи еволутивниот тек. Далеку од тоа дека сме совршени, разликата меѓу нас и останатиот животински свет е егото.
Сега, ти сакаш да го забрзаш еволутивниот тек, меѓутоа и тие болести/бактерии си имаат животен век, дел еволуираат, дел се приспособуваат. Плус со ова ќе направиш дополнително пролонгирање на животниот век на човекот, односно ќе требаат повеќе храна и ресурси, кои се ограничени. Дополнително, дел од овие ресурси се поврзани со временските прилики, дел можат и да се произведат и под специфични услови (пример печурките) каде ќе се креира вештачка клима. Така ќе го земам примерот со ГМО, каде се оди на заштита и квантитет, отколку на квалитет. Ќе се амортизира ударот, меѓутоа и тука ќе требаат дополнителни ресурси, нема да биде доволна само соларната енергија, пред се во државите кои немаат многу сончеви денови. Ама тоа е доброто кај човекот, има проблем, серизно го сфаќа предизвикот да изнајде решение на проблемот. Затоа е тука денес, а не во пештерата со заедно со мечките и лилјаците.
Сеуште сум класичната традиционална конзерва која е многу скептична и со здравствениот систем кој не е способен да ја имплементира услугата на елементарното здравство. Кругот на скептичност наврегува и во државниот интерес во однос на се што е поврзано со општествената благосостојба. Секако, некои работи се надвор од наша контрола, како фармацевстката индустрија, ама можеш самоиницијативно да одлучиш да не бидеш конзумирач. Закони се носат и преку лобирање, лобистите се во сите кругови, така, и ако така се одлучи зад затоврени врати, ќе сфатиш дека и уставните права и слободи се само еден холограм дека си слободен и способен самиот да одлучуваш.![]()



?
. 
