Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 44: @Con Artist - Да се поместат морално-етичките граници во науката со цел забрзан прогрес на човештвото)

Да се поместат морално-етичките граници во науката со цел забрзан прогрес на човештвото

  • Вкупно гласачи
    23
Чекај бе сега дојде мојава екипа поддржувачи, јас очекував само да ме пцујат. :D
Играње фудбал цел ден како мал не е тренирање. И ние игравме како мали, за потоа у тинејџерски години никој да не пипне топка, и тие со талент и тие без.
За мотивација не е доволно Роналдињо од телевизија, потребно е некој со кој можеш да се идентификуваш. Затоа и толку деца тренираат бош спорт ко ракомет кај нас.
Моментот кога државата ќе ги тргне рацете, сите клубови ќе паднат на општинска лига ниво.
Циркуларна логика. „Добро е деца да тренираат за да има успешни професионалци, а успешни професионалци се добри за да тренираат деца.“ Ете не сме биле закржлавени дома, доста е. Да не бивало ќе сме успееле, некои и идеа по тренинзи.
 
Има една мала дупка во идејата. И во минатото сум прочитал нешто во стил "општината таа и таа место да го спонзорира тој и тој тим, може да ги даде парите за болници, градинки, училишта итн".
Проблем е што тие пари нема да ги даде во болнции, градинки и училишта, туку ќе си завршат во џебовите на партиските кадри. Вложувањата во спортот НИКАКО не влијаат врз влоговите во други сфери на општините. Едноставно преку спортот имаат полесен начин да исперат пари со лажни плати на хартија, враќање на рака, местење утакмици, а добиваат и полесна себепромоција.
 
Џабе пролонгирав. :D @Con Artist ако сака.
Може, но во малку незгоден период ме фати, ако имам време ќе размислам и постирам тема во текот на денов. Ако им се брза на модераториве, нека иде некој пред мене, па јас ќе чекам следна.
 
Ќе те почекаме.
 
Тема: Поместување на морално-етичките граници во науката со цел забрзан прогрес на човештвото

Ќе идам со една тема која е навидум спротивна од таа на @PloTwist дека човештвото не треба да постои. Напротив, сметам дека дека човекот во својата сегашна форма не е крајна точка на еволуцијата, туку само транзициона фаза. Од најраните предци на човекот до современиот човек, животот на Земјата поминал низ милиони години адаптација и развој. Зарем оваа биолошка и интелектуална форма треба да биде краен стадиум на развој и еволоција, конечна верзија на човекот?

Затоа верувам дека човештвото треба свесно да ја преземе сопствената еволуција во свои раце. Генетскиот инженеринг, едитирањето на ДНК, "дизајнираното потомство", вештачки одгледани органи итн., не ги гледам како закана, туку како логичен следен чекор. Ако имаме можност да создадеме потомство отпорно на рак, Алцхајмерова болест, ХИВ, разни генетски наследни нарушувања и синдроми, дали е повеќе етички да одлучиме да не го направиме тоа или да го направиме?

Имаше пред неколку години некој косоок научник, кој ги создал првите генетски модифицирани близнаци отпорни на ХИВ. Подоцна истиот е осуден на парична и затворска казна. Е сега, тука се отвора едно суштинско прашање и морална дилема - што е понеетички, да се прекрши некоја регулатива и закон, или да се отфрли научно достигнување кое може трајно да ги заштити идните генерации од тешки болести?

Дали етиката што спречува истражување или некој научен пробив кој може да го намали страдањето и да го продолжи животот е всушност анти-етичка?

Според мене, моралот и етиката треба да бидат алатка за насочување на науката, а не кочница што го блокира нејзиниот развој. Секако, тоа не значи дека сè треба да биде дозволено без контрола, но општеството не смее автоматски да ги отфрла радикалните идеи само затоа што на некои снегулки им звучат вознемирувачки или неприродно.

Ако можеме како вид да станеме поздрави, попаметни и поотпорни, зошто би останале биолошки ограничени? Ако можеме да го елиминираме ризикот од наследни болести, дали е морално да не го направиме тоа? Дали е поправедно сите деца да се раѓаат со случајна генетика, или со најдобри можни предиспозиции?

Жалосно е за ваков комплексен биолошки ентитет, чие постоење само по себе е фасцинантно, неговиот животен циклус да се состои од учи школо, потроши го половина живот работејќи, размножи се, за на крај да имаш за терапија и да поживееш уште некоја година додека не те изгравираат на мермер.

Човештвото треба да има повисока цел. Наместо да останеме ограничени од сопствената биологија, треба да се стремиме кон создавање и еволуција на човечката раса во нова форма надвор од сегашните физички и ментални ограничувања, која потпомогната од вештачката интелигенција ќе се стреми кон истражување на универзумот, да одговори на фундаменталните прашања за постоењето и можеби да се приближи до она што денес некои го нарекуваат Бог.

Знам дека е опширна тема која може да се разграни на многу подтеми и да замине во многу насоки, но да пробаме без цепидлачење.
 
За,
имам еден веродостоен линк кој оди во прилог на ЗА кон темата кој ќе го постирам кога ќе седнам од лаптоп.

Накратко: Пари + Болно куче од рак + ВИ + експериментален фармациски лек на база на ВИ = Излечено куче од рак.
 
Последно уредено:

Добра тема.

За мене не е контроверзно, во моментот кога тоа ќе биде изводливо, да се интервенира во ДНК со цел отпорност на болести и вируси за кои немаме решение денес. Прашањето е, каде е границата? Кога ќе почнеме да менуваме, дали ќе застанеме или ќе продолжиме до создавање на напредна форма на супер-човек, надграден и подобрен. Ова покренува други прашања и проблеми. Кој ќе го плати сето ова? Дали ќе создадеме напредна форма на луѓе или напредна форма на богаташи и политичари. Дали ќе создадеме две раси, една напредна, и друга болежлива и заостаната. Дали ќе бидеме слободни или ќе создадеме ново робовладетелско општество...?
 
Неетички е да не се спречи страдањето на луѓето, и да не се фокусираме на подобрување на квалитетот на живот, но мислам дека токму биолошката рамнотежа е тоа што не одржало со години. Што ако имаме само здрави, долговечни и когнитивно супериорно луѓе? Како ќе живееме тогаш? Ако си роден природно, во старт си хендикепиран на пазарот на труд, во споредба со некој кој што е вештачки надграден. Притисокот да се биде совршен би станал неподнослив. Тоа е и социјален и политички и секаков општествен проблем.

Воздржана.
 
Сето ова е добро на хартија и во теорија. Ама човештвото е склоно на злоупотреби, а тука се јавува најголемиот проблем. Така да идеава е утопија.
 
Добра тема.

За мене не е контроверзно, во моментот кога тоа ќе биде изводливо, да се интервенира во ДНК со цел отпорност на болести и вируси за кои немаме решение денес. Прашањето е, каде е границата? Кога ќе почнеме да менуваме, дали ќе застанеме или ќе продолжиме до создавање на напредна форма на супер-човек, надграден и подобрен. Ова покренува други прашања и проблеми. Кој ќе го плати сето ова? Дали ќе создадеме напредна форма на луѓе или напредна форма на богаташи и политичари. Дали ќе создадеме две раси, една напредна, и друга болежлива и заостаната. Дали ќе бидеме слободни или ќе создадеме ново робовладетелско општество...?
Неетички е да не се спречи страдањето на луѓето, и да не се фокусираме на подобрување на квалитетот на живот, но мислам дека токму биолошката рамнотежа е тоа што не одржало со години. Што ако имаме само здрави, долговечни и когнитивно супериорно луѓе? Како ќе живееме тогаш? Ако си роден природно, во старт си хендикепиран на пазарот на труд, во споредба со некој кој што е вештачки надграден. Притисокот да се биде совршен би станал неподнослив. Тоа е и социјален и политички и секаков општествен проблем.

Воздржана.
Тие прашања отвораат и други прашања. Дали е подобро таа технологија да постои и постепено да стане достапна, отколку воопшто да не се развива?

И сега постојат такви раси, или ајде ете категории на луѓе, едни напредни, други болежливи и заостанати. И сега постојат луѓе кои умираат од глад, немаат чиста вода за пиење, почнуваат реченица со три точки и мала буква, се болежливи и заостанати, но постојат и такви кои живеат во луксуз, се здрави, богати и долговечни. Не гледам проблем да има уште една таква раса или категорија плус.

Тие природно хендикепираните на пазарот на труд тогаш ќе имаат друг императив, ќе станат попродуктивни со цел побрзо да добијат пристап до новата технологија. Како што се развива таа технологија, така постепно ќе станe подостапна. Како компјутерите, на пример.

@Io Sono Interista
Опција да се гласа?
 
Мислиш дека природните ќе може да се натпреваруваат со модифицираните? Тоа е како да се натпреваруваш со компјутер.
 
Секако дека не, тоа е и поентата. Натпреварувањето со компјутер и сега постои. Ако тоа моментално е во вид на вештачка интелигенција, тогаш ќе биде биолошка интелигенција, но далеку понапредна од останатите. Како што сега обичниот смртник се адаптира и прилагодува, така и тогаш. Еволуција едноставно.

Плус, со тек на време таа технологија ќе станува подостапна. Како што се менуваат генерациите, така ќе се намалува бројот на "природните". Целта е нова форма на човек, нова раса биолошки и интелектуално супериорна.
 
Морално-етичките норми нема да се поместат затоа што сме се договориле да се. Ќе се поместат затоа што новите луѓе ќе ги победат денешните и ќе го наметнат нивниот морал.
 
Тема: Поместување на морално-етичките граници во науката со цел забрзан прогрес на човештвото

Ќе идам со една тема која е навидум спротивна од таа на @PloTwist дека човештвото не треба да постои. Напротив, сметам дека дека човекот во својата сегашна форма не е крајна точка на еволуцијата, туку само транзициона фаза. Од најраните предци на човекот до современиот човек, животот на Земјата поминал низ милиони години адаптација и развој. Зарем оваа биолошка и интелектуална форма треба да биде краен стадиум на развој и еволоција, конечна верзија на човекот?
Значи треба да бидам Против? :D

Науката, во поновата историја, ги помести морално-етичките граници кога сакаше да продаде вакцина, која не ги ни исполнуваше критериумите да биде вакцина, уште помалку ги исполнуваше техничките предиспозиции со кои лажно беше рекламирана. Дури и не е новина дел од научната фела да работи за некоја голема корпорација за одреден противнадомест, што за мене се побива со сите начела и така се формираат и корумпираните меѓународни организации (СЗО) кои штитат корпоративен интерес. Тука се и научниците кои продаваат магла и благодарение на нив на голема врата чукна Воук идеологијата со родот, полот и останатите категоризации.

Мојата тема беше осврт на безрезервната планета која не ја гледаме како сопствен дом. Уништуваме цели екосистеми, цели видови, најчесто и за трофеј, па и за корпоративен интерес. Океј, Дарлинг ќе рече има и лекари, им помагаат на тие единки и видови, па има и програми, какви што има и Флорида, за питомите, пример, каде на овој начин се прави обид за зачувување на тој екосистем. Немаат предатори, одредени животичница им ги уништуваат јајцата, ги убиваат додека се мали, меѓутоа премногу брзо се размножуваат и поради оваа причина Флорида има програма за нивно заловување. Па не испадне дека само му ги напаѓам политиките против алигаторчињата на @Justae Verum . Меѓутоа нема баланс. Една ластовичка не прави пролет.

Вистина е дека ова е некоја фаза на еволутивниот тек на човекот, некои сметаат дека во иднина нема да има влакно на неговото тело, втори сметаат дека ќе си снема оние органи и муслули кои не се во употреба, трети се вртат кои климатските промени и сметаат дека од нив ќе зависи еволутивниот тек. Далеку од тоа дека сме совршени, разликата меѓу нас и останатиот животински свет е егото. :)

Сега, ти сакаш да го забрзаш еволутивниот тек, меѓутоа и тие болести/бактерии си имаат животен век, дел еволуираат, дел се приспособуваат. Плус со ова ќе направиш дополнително пролонгирање на животниот век на човекот, односно ќе требаат повеќе храна и ресурси, кои се ограничени. Дополнително, дел од овие ресурси се поврзани со временските прилики, дел можат и да се произведат и под специфични услови (пример печурките) каде ќе се креира вештачка клима. Така ќе го земам примерот со ГМО, каде се оди на заштита и квантитет, отколку на квалитет. Ќе се амортизира ударот, меѓутоа и тука ќе требаат дополнителни ресурси, нема да биде доволна само соларната енергија, пред се во државите кои немаат многу сончеви денови. Ама тоа е доброто кај човекот, има проблем, серизно го сфаќа предизвикот да изнајде решение на проблемот. Затоа е тука денес, а не во пештерата со заедно со мечките и лилјаците.

Сеуште сум класичната традиционална конзерва која е многу скептична и со здравствениот систем кој не е способен да ја имплементира услугата на елементарното здравство. Кругот на скептичност наврегува и во државниот интерес во однос на се што е поврзано со општествената благосостојба. Секако, некои работи се надвор од наша контрола, како фармацевстката индустрија, ама можеш самоиницијативно да одлучиш да не бидеш конзумирач. Закони се носат и преку лобирање, лобистите се во сите кругови, така, и ако така се одлучи зад затоврени врати, ќе сфатиш дека и уставните права и слободи се само еден холограм дека си слободен и способен самиот да одлучуваш. :)
 
Back
На врв Bottom