Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 44: @Con Artist - Да се поместат морално-етичките граници во науката со цел забрзан прогрес на човештвото)

Да се поместат морално-етичките граници во науката со цел забрзан прогрес на човештвото

  • Вкупно гласачи
    23
Ми звучи малку застрашувачки таа слика каде моралот го диктира само оној што е посилен. Тоа е повеќе како некоја џунгла отколку напредна цивилизација. Ако успехот во иднината се мери само со тоа кој кого ќе победи и ќе прегази, тогаш јас дефинитивно навивам за природните. Искрено ме плаши свет со супериорна интелигенција, а без трошка етика. Ама океј, гледам дека дел од вас се спремни за освојување на новиот свет... па се надевам дека ќе бидете милостиви владетели и ќе имате трпение со нас обичните. :D
Ако те плаши супериорна интелигенција, прочитај ја повторно темата од PloTwist и види што ти носи сегашнава човечка интелигенција од која наводно не се плашиш.

Тебе најверојатно те плаши можна злоупотреба (а и повеќето на темава). Тогаш по истата логика треба да се откажеме и од нуклеарна енергија, интернет, нанотехнологија, вештачка интелигенција итн., бидејќи секоја моќна технологија носи и ризици.

Никаде не реков свет без етика, туку преиспитување на сегашниве морално-етички рамки кои го блокираат или успоруваат напредокот. Велиш "природните", кои природни? Одамна не сме природни, носиме очила, пејсмејкери, пресадуваме органи, ин витро оплодувања... Тоа што некогаш се сметало за неетичко и играње Бог, денес се смета за огромна придобивка на човештвото. Ова јас што го зборам на темава е само продолжување на истата тенденција - наместо да ги прифаќаме ограничувањата како судбина, ги надминуваме.

Плус, што има да се грижиш, тие новите супериорни луѓе за брзо ќе станат мултипланетарен вид и најверојатно ќе се отселат од планетава, а ние (вие?) обичните смртници ќе си продолжиме да живееме среќно и стресно до крајот на животот (ако не сме веќе изумрени дотогаш). :D

Морално-етичките норми нема да се поместат затоа што сме се договориле да се. Ќе се поместат затоа што новите луѓе ќе ги победат денешните и ќе го наметнат нивниот морал.
Но, за воопшто да дојдеме до ситуација да има од нови посупериорни луѓе, треба прво овие денешниве да ги поместат морално-етичките норми.

Значи треба да бидам Против? :D

Науката, во поновата историја, ги помести морално-етичките граници кога сакаше да продаде вакцина, која не ги ни исполнуваше критериумите да биде вакцина, уште помалку ги исполнуваше техничките предиспозиции со кои лажно беше рекламирана. Дури и не е новина дел од научната фела да работи за некоја голема корпорација за одреден противнадомест, што за мене се побива со сите начела и така се формираат и корумпираните меѓународни организации (СЗО) кои штитат корпоративен интерес. Тука се и научниците кои продаваат магла и благодарение на нив на голема врата чукна Воук идеологијата со родот, полот и останатите категоризации.

Мојата тема беше осврт на безрезервната планета која не ја гледаме како сопствен дом. Уништуваме цели екосистеми, цели видови, најчесто и за трофеј, па и за корпоративен интерес. Океј, Дарлинг ќе рече има и лекари, им помагаат на тие единки и видови, па има и програми, какви што има и Флорида, за питомите, пример, каде на овој начин се прави обид за зачувување на тој екосистем. Немаат предатори, одредени животичница им ги уништуваат јајцата, ги убиваат додека се мали, меѓутоа премногу брзо се размножуваат и поради оваа причина Флорида има програма за нивно заловување. Па не испадне дека само му ги напаѓам политиките против алигаторчињата на @Justae Verum . Меѓутоа нема баланс. Една ластовичка не прави пролет.

Вистина е дека ова е некоја фаза на еволутивниот тек на човекот, некои сметаат дека во иднина нема да има влакно на неговото тело, втори сметаат дека ќе си снема оние органи и муслули кои не се во употреба, трети се вртат кои климатските промени и сметаат дека од нив ќе зависи еволутивниот тек. Далеку од тоа дека сме совршени, разликата меѓу нас и останатиот животински свет е егото. :)

Сега, ти сакаш да го забрзаш еволутивниот тек, меѓутоа и тие болести/бактерии си имаат животен век, дел еволуираат, дел се приспособуваат. Плус со ова ќе направиш дополнително пролонгирање на животниот век на човекот, односно ќе требаат повеќе храна и ресурси, кои се ограничени. Дополнително, дел од овие ресурси се поврзани со временските прилики, дел можат и да се произведат и под специфични услови (пример печурките) каде ќе се креира вештачка клима. Така ќе го земам примерот со ГМО, каде се оди на заштита и квантитет, отколку на квалитет. Ќе се амортизира ударот, меѓутоа и тука ќе требаат дополнителни ресурси, нема да биде доволна само соларната енергија, пред се во државите кои немаат многу сончеви денови. Ама тоа е доброто кај човекот, има проблем, серизно го сфаќа предизвикот да изнајде решение на проблемот. Затоа е тука денес, а не во пештерата со заедно со мечките и лилјаците.

Сеуште сум класичната традиционална конзерва која е многу скептична и со здравствениот систем кој не е способен да ја имплементира услугата на елементарното здравство. Кругот на скептичност наврегува и во државниот интерес во однос на се што е поврзано со општествената благосостојба. Секако, некои работи се надвор од наша контрола, како фармацевстката индустрија, ама можеш самоиницијативно да одлучиш да не бидеш конзумирач. Закони се носат и преку лобирање, лобистите се во сите кругови, така, и ако така се одлучи зад затоврени врати, ќе сфатиш дека и уставните права и слободи се само еден холограм дека си слободен и способен самиот да одлучуваш. :)
Не бе, зошто против, ти нели си праша на крајот од твојата тема дали човештвото, во оваа форма, треба да постои? :D
 
Ако те плаши супериорна интелигенција, прочитај ја повторно темата од PloTwist и види што ти носи сегашнава човечка интелигенција од која наводно не се плашиш.

Тебе најверојатно те плаши можна злоупотреба (а и повеќето на темава). Тогаш по истата логика треба да се откажеме и од нуклеарна енергија, интернет, нанотехнологија, вештачка интелигенција итн., бидејќи секоја моќна технологија носи и ризици.

Никаде не реков свет без етика, туку преиспитување на сегашниве морално-етички рамки кои го блокираат или успоруваат напредокот. Велиш "природните", кои природни? Одамна не сме природни, носиме очила, пејсмејкери, пресадуваме органи, ин витро оплодувања... Тоа што некогаш се сметало за неетичко и играње Бог, денес се смета за огромна придобивка на човештвото. Ова јас што го зборам на темава е само продолжување на истата тенденција - наместо да ги прифаќаме ограничувањата како судбина, ги надминуваме.

Плус, што има да се грижиш, тие новите супериорни луѓе за брзо ќе станат мултипланетарен вид и најверојатно ќе се отселат од планетава, а ние (вие?) обичните смртници ќе си продолжиме да живееме среќно и стресно до крајот на животот (ако не сме веќе изумрени дотогаш).
Океј, ставаме пејсмејкери и сакаш да кажеш дека со тоа правиме богови, а не поправаме дефекти? Има разлика меѓу тоа да помогнеш на некој да функционира нормално и да го модифицираш или редизајнираш или whatever за да биде над сите други. Очила носиме за да гледаме нормално, а не за да гледаме подобро од сите други. Уствари ние во новиот свет ќе живееме во свет на мутантни?

И баш кога го спомна инвитрото, а знам дека ако не пишам ништо сега ќе се фатиш за тоа…actually тоа е совршен пример за мојата поента. Инвитрото е тука за да им помогне на луѓето кои не можат да имаат деца да станат родители. Тоа е хумано и е поправка на биолошки проблем и никако не смее да биде оправдување за нешто друго. Има огромна разлика меѓу тоа да користиш технологија за да овозможиш живот, и да ја користиш за да дизајнираш супериорен живот. Ако почнеме преку инвитро да бираме кој ќе биде попаметен, посилен или надграден ние веќе не лечиме неплодност, туку правиме фабричка селекција на луѓе.

Тоа е тој свет на мутанти за кој зборам. Во моментот кога инвитрото ќе престане да биде помош за родителите, а ќе стане лабораторија за создавање на таа твоја нова раса, ние го губиме она што не прави луѓе.
 
Исто така АИ сектата моментално компонирана од Маск, Нвидиа, Антропик, Опен АИ и слични што горат милијарди со надеж дека ќе можат да ги отпуштат сите луѓе.
Држи се ти до лепење плакати за избори. Машинското учење се развива уште пред ти да се родиш, а тоа што ти знаеш само за ЧатГПТ не е наш проблем.
 
Не знаш ништо за формула, сега и АИ експерт стануваш :kafence:
 
Ако те плаши супериорна интелигенција, прочитај ја повторно темата од PloTwist и види што ти носи сегашнава човечка интелигенција од која наводно не се плашиш.

Тебе најверојатно те плаши можна злоупотреба (а и повеќето на темава). Тогаш по истата логика треба да се откажеме и од нуклеарна енергија, интернет, нанотехнологија, вештачка интелигенција итн., бидејќи секоја моќна технологија носи и ризици.

Никаде не реков свет без етика, туку преиспитување на сегашниве морално-етички рамки кои го блокираат или успоруваат напредокот. Велиш "природните", кои природни? Одамна не сме природни, носиме очила, пејсмејкери, пресадуваме органи, ин витро оплодувања... Тоа што некогаш се сметало за неетичко и играње Бог, денес се смета за огромна придобивка на човештвото. Ова јас што го зборам на темава е само продолжување на истата тенденција - наместо да ги прифаќаме ограничувањата како судбина, ги надминуваме.

Плус, што има да се грижиш, тие новите супериорни луѓе за брзо ќе станат мултипланетарен вид и најверојатно ќе се отселат од планетава, а ние (вие?) обичните смртници ќе си продолжиме да живееме среќно и стресно до крајот на животот (ако не сме веќе изумрени дотогаш). :D

Но, за воопшто да дојдеме до ситуација да има од нови посупериорни луѓе, треба прво овие денешниве да ги поместат морално-етичките норми.

Не бе, зошто против, ти нели си праша на крајот од твојата тема дали човештвото, во оваа форма, треба да постои? :D
Братски нити ти нити твоите деца или потомци ќе се дел од тие со супериорна интелигенција. Тоа е резервирано за топ 0.1, 1 или топ 5%.

Затоа не летај многу напред и размисли убаво.
 
Шиткање неупотребливи вакцини,
Филијаш, нема да се гузиш на игла против новиот смртоносен вирус? И зошто им се налути на научниците, затоа што ги викале другите дечиња на забавите, но не и тебе? Грчкиот бог, пак, останал во соба!
Не бе, зошто против, ти нели си праша на крајот од твојата тема дали човештвото, во оваа форма, треба да постои? :D
Џабе цивилизацискиот (морален) прогрес, џунглата никогаш нема да биде оттргната од нашата морална срж. При појавата на наредната општествена рана, медиумите ќе ја протријат со малку сол, и одма јавен линч и каменување. Убаво е да се види вриењето на крвта, пасија, грижа, меѓутоа прелесно се пребегнува од правниот механизам кој е поставен за општествена контрола.

Дополнително, да бевме на тој стадиум, немаше да има потреба од правна регулатива која од година во година се шири на сите општествени домени. Моралот е тесно врзан со поединецот, со единката, може да има и општествена компонента, меѓутоа кога станува збор за науката, мора да има добра регулација.
Џабе ме закачаш низ темите, не си мој тип. Сори. :(
 
Ме повикуваш во постот, лоши сигнали ми даваш :kafence:
Доста умешно ја тестирам твојата догма, а ти секогаш успеваш одма да го фрлиш вториот камен. Ама умееш и да го свртиш другиот образ: :backa:. :love:
 
1000009196.png
 
Океј, ставаме пејсмејкери и сакаш да кажеш дека со тоа правиме богови, а не поправаме дефекти? Има разлика меѓу тоа да помогнеш на некој да функционира нормално и да го модифицираш или редизајнираш или whatever за да биде над сите други. Очила носиме за да гледаме нормално, а не за да гледаме подобро од сите други. Уствари ние во новиот свет ќе живееме во свет на мутантни?

И баш кога го спомна инвитрото, а знам дека ако не пишам ништо сега ќе се фатиш за тоа…actually тоа е совршен пример за мојата поента. Инвитрото е тука за да им помогне на луѓето кои не можат да имаат деца да станат родители. Тоа е хумано и е поправка на биолошки проблем и никако не смее да биде оправдување за нешто друго. Има огромна разлика меѓу тоа да користиш технологија за да овозможиш живот, и да ја користиш за да дизајнираш супериорен живот. Ако почнеме преку инвитро да бираме кој ќе биде попаметен, посилен или надграден ние веќе не лечиме неплодност, туку правиме фабричка селекција на луѓе.

Тоа е тој свет на мутанти за кој зборам. Во моментот кога инвитрото ќе престане да биде помош за родителите, а ќе стане лабораторија за создавање на таа твоја нова раса, ние го губиме она што не прави луѓе.
Не реков "правиме богови", туку "играње Бог".

И пред да се измислат вакцините, веројатно постоеле некои како тебе кои сметале дека тоа е мешање во природата, модифицирање/редизајнирање за да се биде поздрав, поотпорен и над сите други. Ние веќе живееме во "новиот свет", кој за луѓето од пред неколку века би бил свет на мутанти.

Самиот поим "нормално" е релативен. Денес е нормално да живееме 80 години, да корегираме вид, да вршиме трансплатација на органи, ин витро оплодување, разни видови импланти, терапии, инсулин, благодарение на вакцини да преживуваме болести кои некогаш биле смртна пресуда. Сето тоа за луѓето од пред неколку века изгледало, како што реков, мешање во природата, нарушување на природниот тек на животот и играње Бог, но денес не само што се смета за природно и нормално, туку и огромна придобивка за човештвото.

Ако може да се зголеми отпорноста на рак, забави стареење, искоренат тешки наследни и генетски болести, зошто тоа би било морално неприфатливо само затоа што надминува некој произволно дефиниран просек и нешто што моментално го гледаме како "нормално"?

Како може да се губи човечност ако со помош на технологија создаваш поздрави, поинтелигентни и подолговечни генерации? Самото тоа што се стремиме кон намалување на страдањето и подобрување на човековите можности, суштински е човечка особина. Тоа не е губење на човечноста, туку еволуција и постепено намалување на биолошките ограничувања и наследни слабости.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Вакцината ти помага да не умреш од вирусот, ама не те прави попаметен од комшијата. Исто и инсулинот. Тоа е медицина.

Ако го запреме стареењето и ги искорениме сите слабости ќе ја уништиме планетава за 50 години од пренаселеност и егоизам.

Никој не е против лекување рак. Поентата е дека лекувањето рак е враќање на здравјето, а не правење на нова раса.
 
Генетски инженеринг со цел создавање генерации отпорни на рак и наследни болести, е само поефикасна форма на превентивната медицина. Забавување или контролирање на стареењето е само продолжение на истата таа медицина.

Ако имаш проблем со забавување на стареењето и искоренување на сите слабости, тогаш треба да се запрашаш каде си ја изгубила човечноста.

Тоа нова раса, не мора толку буквално да се сфаќа.
 
Никој не е против лекување болести, не извртувај. Разликата е што медицината служи за да ни го олесни животот на сите нас вакви какви што сме, а ти збориш за менување на самата суштина на човекот.
 
Back
На врв Bottom