Враќање во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Harald
  • Време на започнување Време на започнување
Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?
1. Да, но не повеќе од 6 месеци годишно. Не планирам да живеам само на едно место, барем не во догледно време.

2. Ме мотивираат спомените, пријателите, храната, воздухот, чувството дека сум дома. Ме демотивира нефункционалноста на системот, партизацијата, дезорганизираноста во сите сектори.

3. Дигитализација, плаќање сметки и поднесување документи строго преку интернет, отпуштање на диносауруси кои работат по шалтери, кратење на администрација, воведување љубезност како основна карактеристика на административен работник, респект кон граѓанинот и разбирање дека администрацијата му служи на граѓанинот а не обратно, функционален јавен превоз, високи казни за фрлање отпадоци на улица, брз трансфер на пари преку банкарски апликации без кои е скоро невозможно да се изгради успешен бизнис, ефикасна достава на пратки во и од државата, регулирање на јавни површини за да можеме и ние обичните смртници да уживаме во природни добра, ставање некаков ред во урбанизацијата, да не може комшијата да ми го земе сонцето затоа што му текнало да крене 2 спрата и гулабарник итн...

Даночни олеснувања не ми требаат, нити заминав за да се збогатам нити би се вратил за богатење. За дијаспората да вложи во отворање бизниси потребен е функционален систем, даночни олеснувања им се потребни на тие што сакаат да заработат на краток рок и да киднат.
 
Само човечки капитал и имаме. Стандардот рипна од кога почнавме да работиме сервисни услуги за западните земји.

Рударство е на ниво на афричкие земји, се црпи и се носи на преработување во други земји. Државата инкасира многу малце од концесии (окулу 1 посто од добивка), на некој начин ни ги црпат ресурсите странци за смешни суми. Дополнително, дел од тие и не се плаќани и никој не ги има ни тужено за наплата со години.

Од концесија за доделување на површини за екслоатација на руда, државата во периодот од 2018 до 2022 наплатила само 45 милиони евра.

Ова ли ни е потенцијалот, 10 милиона годишно?

Ок, ајде болдираново е некој аргумент. Ствар не договоро е се, ама добро. Никако не може да е аргумент од прва рака дека ќе не труеле и ќе испоцркаме сите, ко да нема милиони рудници на светов од кои никој не се отру и не исцрка.
Сервисните услуги што го дигнаа стандардот, веќе се под удар, и тек ќе бидат, така да, крстење во таа црква не знам колку ќе биде одржливо понатака со автоматизацијата на репетитивните задачи на кои најчесто работи нашиот елитен човечки капитал.

Филмовите дека туризмот е излез за нас се бескрајно глупи и чуено-недочуено, ако се знае структурата на туриститте што ги имаме и смешните пари што овде ги оставаат. Со качамаци и макала по планини и сепаренца од палети не се иде нигде, а за нешто поозбилно си треба плажи и острови.
Муабетот ми е, затварање врати и глумење нешто не сме, за нас не може да е опција.
 
Pretpostavuvam deka vrska nema muabetot ama cisto onaka ako slucajno e vistina, bas me interesira ovie patriotire so bugarski so tolku zabraja gajle za tuka i vo prvata prilika ke gi frlaja bugarskire kako ke reagiraat na ova. Koj pasos ke go frlat :cautious:

1000007099.jpg
 
Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?
1. Дали би се вратил? Да, кога ќе дојде време.

2. Мотивација за враќање: пред се, фамилија и пријатели. Зборување на македонски јазик, театар, и пристап до прости работи како на пример книги на македонски, концерти, бурек во 11 вечер. Клима и темпо на движење. Лесен пристап до рекреација (планинарење, скијање, пливање). Кеј, Водно, парк. Тука би додал и спортски настани (репрезентација, локални лиги, аматерски спорт и зезање).

Што ме демотивира: политика, неспособност во управување со држава (корупција, партизирана јавна администрација, етно-трибализам), непотизам, отсуство на чувство на правда. Од општествен агол, а поврзан со предходната причина, немање на одговорност и разбирање за тоа како нашите постапки им влијаат на другите. Пример, последно доаѓање лик ми блокира улица со 5 коли позади, за да нарача во сендвичара за себе. Нула почит за времето и обрските на другите 5 коли, битно момакот за себе да си обезбеди тост со компири. Или пример, Интермецо рока музика до ниедно време за да задоволи гости, без сенс за тоа како таа музика им заебува вечер на неколку илјади луѓе што живеат во околина. Институции немо посматраат, место прв престап да спроведат закон.

3. Кои промени ги сакам? Функционално државно управување: правда (судовите да се функционални и да има еднаквост пред законот), здрави институции (без корупција, професионални), стабилна економија. Од општествен аспект, менталитет на одговорност и интегритет во работа, почит кон другиот и институции (и од внатре, кај луѓето што работат во нив, и надвор, оние што се засегнати од законите). Поголем сенс за одговорност кон другите, државата, и напуштање на Итар Пејо менталитет.
 
Јас сум свесен дека ние сами немаме потенцијал за подобро од ова,затоа и викам да дојдат јапонци,германци,англичани...да не оправат. Нешто мора да се смени,ако продолжиме вака ќе не снема,тука политичарите 35 години се најмногу криви ама не е тоа баш темава сега.
Еве чисто ко идеја што би ги принудило исселените да се вратат,зошто да не пробаме федерација со Грција ? Ако треба и ќе поднаучиме некој збор грчки голем кр,ете тие што направиле толку пари на страна нека отворат бар на море и нека тераат бизнис,секако е подобро повеќе луѓе да има тука.
А зошто да мора јапанци и германци да ја оправаат државата? Зошто да не може тоа да се иселеници кои во тие 10-15 години живот надвор од мк, попримиле доволно од западната култура и имаат желба да помогнат?

Пример кога дијаспорец објаснува како функционира системот по запад, сите превртуваат очи, веднаш се ствара некоја одбивност, веднаш се започнува со коментари.
Кога истото го кажува германец, тогаш треба сите да фаќаат белешки?
 
Затоа што македончето после сите срања што му се случуваат 35 години е толку убиено во поим што не може само од себе да се крене и да се оправи,да можеше до сега ќе се средеше.
Колку луѓе мислиш дека се расположени да се вратат овде ? Впрочем зошто си отишле ин д фрст плејс.. ?
Нека се вратат,сите имаме роднини,другари,другарки,што ни фалат,нека се вратат нека не оправат,ама не се враќаат.

Еве јас лично верувам дека еден исселеник ако се врати,малку од малку ќе не оправи,ама само под услов ако почне милионските фасади да ги прави ко што треба а не од гипс и стиропор :icon_lol: Ова го кажувам како метафора и заебанција,ама тоа е суштината на повеќето проблеми во државава.
 
Ок, ајде болдираново е некој аргумент. Ствар не договоро е се, ама добро. Никако не може да е аргумент од прва рака дека ќе не труеле и ќе испоцркаме сите, ко да нема милиони рудници на светов од кои никој не се отру и не исцрка.
Сервисните услуги што го дигнаа стандардот, веќе се под удар, и тек ќе бидат, така да, крстење во таа црква не знам колку ќе биде одржливо понатака со автоматизацијата на репетитивните задачи на кои најчесто работи нашиот елитен човечки капитал.

Филмовите дека туризмот е излез за нас се бескрајно глупи и чуено-недочуено, ако се знае структурата на туриститте што ги имаме и смешните пари што овде ги оставаат. Со качамаци и макала по планини и сепаренца од палети не се иде нигде, а за нешто поозбилно си треба плажи и острови.
Муабетот ми е, затварање врати и глумење нешто не сме, за нас не може да е опција.
Ја сум човек што апла не го интересира екологија, ако си ме читал по други теми. Ако има пари, треба да се напраи компромис. Ама тука очигледно нема пари, ова е смешна сума.

Дури и да дигнат наплата вмро, до кај можат да идат реално, 10 кратно,100 кратно?

Неам одговор што е попаметна опција, туризам, сервис, ама ова дефинитивно не е.

А зошто да мора јапанци и германци да ја оправаат државата? Зошто да не може тоа да се иселеници кои во тие 10-15 години живот надвор од мк, попримиле доволно од западната култура и имаат желба да помогнат?

Пример кога дијаспорец објаснува како функционира системот по запад, сите превртуваат очи, веднаш се ствара некоја одбивност, веднаш се започнува со коментари.
Кога истото го кажува германец, тогаш треба сите да фаќаат белешки?
За воља на вистината, превртуваме очи и германец ако го кажува тоа.
 
1. Да, но не повеќе од 6 месеци годишно. Не планирам да живеам само на едно место, барем не во догледно време.

2. Ме мотивираат спомените, пријателите, храната, воздухот, чувството дека сум дома. Ме демотивира нефункционалноста на системот, партизацијата, дезорганизираноста во сите сектори.

3. Дигитализација, плаќање сметки и поднесување документи строго преку интернет, отпуштање на диносауруси кои работат по шалтери, кратење на администрација, воведување љубезност како основна карактеристика на административен работник, респект кон граѓанинот и разбирање дека администрацијата му служи на граѓанинот а не обратно, функционален јавен превоз, високи казни за фрлање отпадоци на улица, брз трансфер на пари преку банкарски апликации без кои е скоро невозможно да се изгради успешен бизнис, ефикасна достава на пратки во и од државата, регулирање на јавни површини за да можеме и ние обичните смртници да уживаме во природни добра, ставање некаков ред во урбанизацијата, да не може комшијата да ми го земе сонцето затоа што му текнало да крене 2 спрата и гулабарник итн...

Даночни олеснувања не ми требаат, нити заминав за да се збогатам нити би се вратил за богатење. За дијаспората да вложи во отворање бизниси потребен е функционален систем, даночни олеснувања им се потребни на тие што сакаат да заработат на краток рок и да киднат.
Се дупиш со нас? Јас заради ова сакам да се иселам.
 
Темава е доста актуелна, како кај нас, така и во други земји во регионот.
Македонија има голем број на иселеници и во моментов има
неколку активни иницијативи за соработка со дијаспората и враќање.
На форумов има голем број членови кои живеат надвор од Македонија.

Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?
Еве на кратко нешто и од мене,
Да би се вратил и планирам да се вратам, дали ќе се вратам ќе видиме.
Најголем проблем ми е што едниот син би се сложил, другиот некако не е расположен за таква идеја, а во моментов не е спремен да го оставам сам.
 
Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?
Отвори многу интересна тема.
1. Ова сум го размислувал неколку пати ама како да се вратам кога нашата држава те ограничува во многу работи. Ама ако е потребно сигурно дека би го сторил тоа.
2. Мене искрено ме мотивира борбата за сопствена држава и доказ (инает) дека и од Македонија ако е тоа потребно можам да успеам, а во исто време ме демотивира администрација. Еве да почнам од Катастар најосновната институција во државата не работи како што треба, здравствениот сектор, патиштата и да не редам многу има.
3. Намалена администрација, мито и корупција да нема, автопати изградени, хидроцентрали, јаки безбедносни институции итн.
 
Јас сум свесен дека ние сами немаме потенцијал за подобро од ова,затоа и викам да дојдат јапонци,германци,англичани...да не оправат. Нешто мора да се смени,ако продолжиме вака ќе не снема,тука политичарите 35 години се најмногу криви ама не е тоа баш темава сега.
Еве чисто ко идеја што би ги принудило исселените да се вратат,зошто да не пробаме федерација со Грција ? Ако треба и ќе поднаучиме некој збор грчки голем кр,ете тие што направиле толку пари на страна нека отворат бар на море и нека тераат бизнис,секако е подобро повеќе луѓе да има тука.

Се сложувам со тоа дека тие што се враќаат,се враќаат зошто сегде е станато срање веќе,ама при прво стабилизирање на светот уште по бесни што морале да лижат кај што плукале ќе фатат магла од овде и нема да се вратат никогаш. Затоа викам,треба и овде многу работи да се средат за кои сеуште не гледам некаков план и реализација.
Зошто не самите да си ја средиме земјата, него одма федерации со Грција или Германци и Јапонци да не средуваат?

Кој ти е тој менталитет? Неспособен сум, па подобро роб да бидам?

Германците сами не можат да си ја средат земјата не па нас да не оправаат

Зошто сами не ја средиме де ? И јас тоа се прашувам ? Не е "одма" 35 години начука државава.
Со оглед на тоа што голем дел од работоспособното и деца-раѓачко способното население се спаси и се иссели од овде,со самото исселување јасно е дека на "иднината" на државата не и е гајле за расплетот на настаните во оваа држава. Ние гревчињата што останавме овде,од нивна гледна точка или објективно се исто,сега треба да си бараме чаре,мала држава што не излегува на море нема многу сјајна иднина,освен ако не си Австрија па во главниот град да имаш 500 дворци кој од кој поголем и поубав,па да ти се полни буџетот од туризам,а ко што гледам нашиве немаат план да направат нешто слично на тоа,чарето треба да си го бараш во некоја федерација со држава што има излез на море,нашите опции се Грција или Бугарија,Албанија нормално не доаѓа во обзир од очигледни причини.
Си пишал подобро демек со тоа некој бира роб да биде,си работел некогаш приватно во државава ? Знаеш какви се платите,какви услови и колку работа има таму ? Како мислиш да продолжи да постои државава кога 1/3 се администрација=легачи,1/3 пензионери и 1/3 робови што треба да рмбаат за сите ?

Нема потреба да ми праќаш видеа од исселени германци,демек Германија пропаднала,ако било тука поарно ќе идеа тие тука а не нашите таму,а кој отишол не се вратил,тоа е јасно и очекувано.
 
Темава е доста актуелна, како кај нас, така и во други земји во регионот.
Македонија има голем број на иселеници и во моментов има
неколку активни иницијативи за соработка со дијаспората и враќање.
На форумов има голем број членови кои живеат надвор од Македонија.

Некои прашања за иселениците:
1. Дали размислувате за враќање во Македонија?
2. Што ве мотивира и што ве демотивира да се вратите дома?
3. Кои промени би сакале да ги видите за да се вратите дома?

1. Некогаш кога ме фаќа носталгија, си помислувам дека би било убаво да си го растам детето помеѓу фамилија и пријатели, на домашна почва, каде ќе може да зборува на мајчин јазик, да порасне со истите вредности со кои се растени неговите родители. Навистина е тешко да навигираш како родител во култура и систем кои ти се непознати. Но, 10 минути после таа помисла ќе прочитам некоја вест од МК и носталгијата веднаш ми поминува. Така да реалистично, освен повремени daydreaming трипови, не, не размислувам за враќање во Мк.

2, Мотивација се корените, семејството, пријателите. Ми фали отвореноста и директноста на луѓето, кога секогаш знаеш на што си со некој. Вистинско уживање во животот, хедонизам. Плата од 500 евра, 200 одат по кафиња, кафани, родендени. За убави работи, дружби.
Демотивација - системот. Администрација, здравство, образование. Корупција. Недостаток на индивидуална одговорност. Секогаш некој друг е одговорен за нашите грешки. Непрофесионалност, значи не можам да издвојам еден бизнис кој работи по прописи и каде за парите што ги плаќаш, добиваш професионална услуга.
Враќањето сега назад би било враќање 100 чекори назад. Враќање во систем кој ќе ме оптеретува со егзистенцијални проблеми.
Дали детето ќе ми биде примено во градинка, како ќе функционира во таа градинка каде има 2 воспитувачки и 35 деца, кој ќе го чува доколку се разболи, каква медицинска грижа ќе добие доколку се разболи, ако сакам да го пуштам само да оди до училиште/продавница/другарче, дали сообраќајот и тротоарите се безбедни за дете.
Тука најголема грижа ми е да не заборавам да му спакувам ужинка секој вторник, бидејќи градинката ги носи на излети во шума, по езера, реки, музеи.
И некој ќе рече како сите деца, така и твоето. Но зошто, доколку имам можност да му приуштам современо здравство, образование, безбедност, можности кои во МК никогаш не би му биле достапни, зошто се тоа да го жртвувам?

3. Промена во менталитетот и функционалност на системот. Дигитализација. Строго применување правила.
 
1. Сум за враќање на иселениците дома, повеќето другари од родниот град ми се иселија. Колеги што се преквалитетни се иселија. Македонија има огромен потенцијал за развој, не само што не го користиме туку и го уништуваме.
2. Ќе влијае позитивно на квалитетот на живот. Ќе се пренесе искуството од надвор тука, луѓе навикнени на систем што функционирал во странство може да донесат само позитивна промена.
3. За ова незнам, ако истите субвенции важат и за некој тука што сака да инвестира. Неможе јас што сум останал и плаќал данок, сум ги трошел тука парите да немам субвенции за започнување бизнис, а некој што фатил пат пред 10 години сега да има субвенции за да се врати.

Дедо ми викаше на рѓав кур и влакна сметат. Администрацијата не само што е неспособна, поголемиот дел активно работат на нанесување штета на државата.е

Даночни олеснувања за да се вратат. Па ајде ако не сите да отидеме на една година па да добиеме олеснувања.

Плус ние тука што сме останале црнци сме изгледа. Кај помалце заработуваме од нив па и повеќе данок да плаќаме.

Автоматски споено мислење:

А што ти секогаш рипаш кога некој ќе спомне враќање. Седи си таму никој не те тера со сила да те врати.
Namerno go staviv pod 3 ova, i ochekuvav da ima negativni komentari kon toa. Gi citiram vashite bidejkji se kulturno izrazeni, za razlika od nekoi drugi.

Mislev olesnuvanja vo odnos na nekoja pomosh pri prefrlanje steknat kapital od stranstvo, so namena kon kupuvanje imot za zhiveenje ili za otpochnuvanje lokalen biznis.
Primer, sekoj koj bil 10+ godini nadvor, najchesto stignal da kupi nekoja nedvizhnina, i pri naredno selenje treba da rasprodade se i da gi prefrli parite.
Prvichno mislev na takvi raboti.Ova bi bilo vzaemen benefit i za povratnicite i za nekoi lokalni sredini.

Vo nikoj sluchaj ne treba da bide neshto sho na povratnicite bi im dalo beneficija koja ja nemaat segashnite zhiteli.

Kako sho se pishuva se pochesto, a generalno i se gleda sekojdnevno, nedostatok na rabotna sila e nepobiten fakt. Prashanje e dali kje se raboti na vrakjanje na iselenici ili na uvoz na rabotnici od strana.
 
Back
На врв Bottom