Случај: Велосипедист на Водно vs планинар + феномен мемиња со кумата

  • Креатор на темата Креатор на темата FilipMKD007
  • Време на започнување Време на започнување

На чива страна сте во случајот?


  • Вкупно гласачи
    105
А каде пишува дека таа патека е забранета за точаци? Има некаде знак дека е исклучиво за пешаци?
Ако нема - можеш само да молчиш.

Или треба да почнат да се газат намерно и точкаџии и тротинетџии чим возат по коловоз наменет за МОТОРНИ возила.
Пошто логиката е иста, само во вториов случај е забрането и казниво по закон.

Со сила глупи се правите. Или можеби не, природно ви доаѓа.

Како кај пишува? Имаш мапа на сите патеки обележани која за што е.
 
Како кај пишува? Имаш мапа на сите патеки обележани која за што е.

Ама не пишува изричито дека не е точаци, значи може. Исто нема знак дека не е ни за вонземјани. Можат и тие.
 
Од Средно Водно до Крстот нема посебна патека за точаци, нигде не пишува дека таму не смеат да се движат точаци. Е сеа како возат точаци по патеките е сосема друг муабет.
 
Screenshot 04-24-2026 22.39.16.png

Дали планинската стаза е САМО ЗА ПЕШАЦИ?
ДА!
Дали се вози споро, дали се вози со три тркала, важно се вози велосипед на патека каде е ЗАБРАНЕТО!
Повозрасниот пешак го застанал и му рекол „ Да се врати назад нагоре, надоле не го пуштал!“
Велосипедистот што одговорил без компромис, без да каже “ИЗВИНИТЕ“?
рекол- НЕМА ШАНСА да се вратам!

... значи велосипедистот ем греши вози каде е забрането по патека за планинари, не се извинува, разговара со постар кој има право зошто е на своја патека, а тој не е!

... друго, дали планинарот од почеток знаел дека велосипедистот снимал, Не знаел, а велосипедистот многу умешно се однесувал затоа што ЗНАЕЛ ДЕКА СЕ СНИМА, па веќе глуми жртва за да ги насочи сите кои ќе го гледат видеото во негова одбрана зошто е повикана полиција, како што и овде на форум застанаа на страна на прекршител затоа што е „дете“ колкаво дете дали знаете? ако вакво дете прегази пешак и ќе има тешки повреди пешакот, дали пак за вас ќе биде „дете“?

... не можам да го догледам видеото на каков перфиден начин прави превод и го насочува планинарот дека бил за психијатрија, ваков онаков, кој е тој да дава дијагнози на луѓе кои се изнервирани од него затоа што велосипедистот не смеел таму да вози велосипед, споро брзо ЗАБРАНЕТО, тоа е планинска пешачка стаза, точка, тука нема дискусија и треба да се почитува тоа, а да не се глуми жртва, велосипедистот да беше наместо требаше да се извини, да се сврти и да се врати, ТОЛКУ, а не да дебатира за нешто ШТО Е ТОЈ КРИВ , не смеел да вози на таа планинска стаза,

... и ДА, имал среќа, што планинарот бил со децата иако нервозен се воздржал, за вакво безобразно однесување на млада особа кон постар, КОГА Е КРИВ младата особа, порано се јадело ќутек!

... и за снимање со камера без знаење на сниманиот следи тужба и кривична, значи планинарот ја исклучил камерата да не биде лично снимено негово лице, велосипедистот може да си го снима сопственото лице, но не и туѓо лице, па и неговите малолетни деца, кога веќе ја исклучил камерата, не требаше да ја остави да се рестатира, а знаел затоа што самиот искоментирал на видеото, кое си ставил и превод да добие и популарност на ју тјуб, ваква младина која свесно прави прекршок, па одозгора лепи етикети за психијатрија за постара особа која ИМА ПРАВО, треба дебела кривична по три основи:
- возење велосипед во забранета планинарска пешачка зона!
- непослушност, инсинуирање на жртва при снимањето кое самиот знаел, па со тивок глас зборувал, ама кажал „нема шанса да се врати назад“ тоа многу кажува дека покажува непослушност на нешто што е крив и погрешил!
- рекламирање на видеото на ју тјуб со англиски превод без дозвола на сниманиот!

Зашто бе бате не го даде и твојот лик да те видиме и тебе на велосипед која мустра си, а осудуваш други за необразован, за психијатрија....итн и го снимаш неговиот лик?


...еве му го вистинскиот речник, брат, „Факинг шит“ , „Онли шит“ , што да платат луѓето да видат, што да направиш брат? УУуууууууу !



... не знам дали вреди ваков животен ризик, на овие адолесценти (не верувам дека се малолетници), со таква брзина со велосипед и на таков терен, ни кацига ни ништо нема да ги спаси, ако се откачат од нерамната стрмната и небезбедена патека, посебно кога вози сам, кој ќе му помогне, голем , голем непромислен ризик!
 
Последно уредено:
Ама не пишува изричито дека не е точаци, значи може. Исто нема знак дека не е ни за вонземјани. Можат и тие.

Не ај со крос ќе качувам и спуштам. Во подножјето на стартот кај полицијата има табла до обележани патеки. Второ има основна култура како се понашаш на планина. Ама од кој да бараш тоа…
Автоматски споено мислење:

Од Средно Водно до Крстот нема посебна патека за точаци, нигде не пишува дека таму не смеат да се движат точаци. Е сеа како возат точаци по патеките е сосема друг муабет.

Тогаш нема да возиш. Козја патека по дефиниција е пешачка патека.
 
Детулето со велосипедот да послуша и да не оди со голема брзина во тој предел бидејќи доколку има деца мали, со мало невнимание ќе направи проблем и може да дојде до несакани последици. Сигурно има диви патеки каде што нема шетачи и може тука да се спуштаат.

Од друга страна Планинарот треба да покаже трпение и да не се дере како лудак, туку да му објасни културно на детето дека е многу ризично да се спушта по тој дел..
 
Мојот став генерално у животот е "Смрт за велосипедисти, точкари и тротинаши".
А мојот став е смрт за коцкари, администеативци пијандури односно кафански луѓе кои без кола не мрдаат ни до маалска продавница и го создаваат целиот сообраќаен хаос во градот.
Автоматски споено мислење:

Тоа што го праат точкаџиите е бескрупулозно. Треба да си одлепен да шибаш 60 на саат на место каде што има луѓе. Сеа бил културен, голема работа ако бил. Секој ќе биде ако снима без да знае дека другиот е сниман.
Тие не се точкаџии туку вежбаат за да станат каскадери.Јас сум велосипедист цел живот и по вакви патеки никогаш не сум се пуштал нити помислувам затоа што треба да си одлепен за да се пушташ а детево е на добар пат да го снајде истото сценарио како што го снајде поранешниот сервисер од продавницата Pro sport( SPECIALIZED) кај Тото кафаната кога пред неколку години се пушташе по Олимписка или Димитар цветкова и добро се истумба пред мои очи.Среќа што носеше кацига од тие моторџиските инаку готов ќе беше на лице место.Да не го спомнувам кој е оние што пазарувале таму сигурно знаат за кого се работи бидејки цел беше со рани од глава до петици.
 
Последно уредено:
А мојот став е смрт за коцкари, администеативци пијандури односно кафански луѓе кои без кола не мрдаат ни до маалска продавница и го создаваат целиот сообраќаен хаос во градот.
Автоматски споено мислење:


Тие не се точкаџии туку вежбаат за да станат каскадери.Јас сум велосипедист цел живот и по вакви патеки никогаш не сум се пуштал нити помислувам затоа што треба да си одлепен за да се пушташ а детево е на добар пат да го снајде истото сценарио како што го снајде поранешниот сервисер од продавницата Pro sport( SPECIALIZED) кај Тото кафаната кога пред неколку години се пушташе по Олимписка или Димитар цветкова и добро се истумба пред мои очи.Среќа што носеше кацига од тие моторџиските инаку готов ќе беше на лице место.Да не го спомнувам кој е оние што пазарувале таму сигурно знаат за кого се работи бидејки цел беше со рани од глава до петици.
ECMmx4oW4AEO1En.jpg
 
Како што знам нема официјална патека за точаци на потегот од врв Водно до Средно Водно. Единствени 2 официјални се од Полициска до Средно Водно, едната за нагоре, другата за надоле, таму планинари нема, се користат ексклузивно од страна на возачи на планински велосипеди. Има неколку патеки од врв Водно до Средно Водно кои што се киднапирани од страна на точкари и апсолутно не е исправно по нив да се движат велосипедисти, но се толерирало, бидјеќи на Водно немаше толку зголемен број на планинари, како што има последниве години. Има проблем, очигледен е, нека им се направи официјална патека само за велосипеди или нека се спуштаат до Средно по асфалтираниот пат, трето компромисно решение нема.
Водно го изгуби сјајот откако се постави жичарата и со неа и ќораво и сакато почна да оди на Крстовар за да биде видено од околината дека е таму.Го остава ѓубрето кај што ќе му текне и повторно со жичара ае спушта долу.Имало случаеви каде квази велосипедисти купуваат роуд карбони од 5000 до 10000 евра,гардероба од неколку стотици евра и не ги возат по асвалт до горе туку се качуваат на жичара со велосипедите и горе се сликаат а сликите веднаш ги постираат на социјалните мрежи.99% од тие што одат на Водно не се планинари туку јас ги викам ливадари кои таму се движат од помодарство. Правите планинари ако е поволно времето одат по врвови над 2000 метри без разлика на која планина а ако се полоши условите пешачат на Скопска црна гора бидејки е многу поголема од Водно а врвовите се од 50 до 60% повисоки од Крстовар и ја користат нкако тренинг за посериозни искачувања.
Автоматски споено мислење:

Гласав дека сум на страната на планинарот првично, зошто имав видено само исечок од целото видео. Сега кога го прегледав видеото без цензура и монтажа, искрено сум на страната на детево.

Да му излезеш така на патот на малолетно дете и да почнеш да му се дереш и да му хистеризираш е се, само не е однесување на возрасен и зрел човек. Ако веќе толку ти пречи нешто или сметаш дека ти е загрозена безбедноста, најди го неговиот родител па со него решавај ги проблемите како возрасен. Вака, да се силиш на дете само затоа што во моментот ти си посилниот, е во најмала рака бедно.

Сменив мислење затоа што видеото покажа дека не се работи за безбедност, туку за неоснована агресија.
Родителот е бетер од детево,апла го подржува да си вози каде сака и да не му е гајле за ништо.Во целосното видео се слуша гласот на телефон од таткото како му вика ГОНИ ГО ТАМУ и да си тера негова работа.Очигледно е дека се работи за несовесни родители кои се во состојба да му купат се и сешто на својот син без разлика дали од тоа би имало негати ни последици или не.
 
Последно уредено:
Значи мора да има знак дека е дозволено за велосипедисти, а дека е исклучиво за пешаци/забрането за точаци - не мора.
Планинарските патеки се користат исклучиво за тоа што се наменети, а во овој случај има црвено-бела маркација (круг/ленти) што значи дека е за пешаци. Исто така, не смее да има преклопување ако патеката не е доволно широка за да може безбедно да се разминат - такви нема до врв или се работи за одредени, најчесто кратки сегменти. Си постои закон за планински патек, само кој да се замара да прочита, а уште повеќе да почитува...
 
Прегледај го приврзокот 475878

Дали планинската стаза е САМО ЗА ПЕШАЦИ?
ДА!
Дали се вози споро, дали се вози со три тркала, важно се вози велосипед на патека каде е ЗАБРАНЕТО!
Повозрасниот пешак го застанал и му рекол „ Да се врати назад нагоре, надоле не го пуштал!“
Велосипедистот што одговорил без компромис, без да каже “ИЗВИНИТЕ“?
рекол- НЕМА ШАНСА да се вратам!

... значи велосипедистот ем греши вози каде е забрането по патека за планинари, не се извинува, разговара со постар кој има право зошто е на своја патека, а тој не е!

... друго, дали планинарот од почеток знаел дека велосипедистот снимал, Не знаел, а велосипедистот многу умешно се однесувал затоа што ЗНАЕЛ ДЕКА СЕ СНИМА, па веќе глуми жртва за да ги насочи сите кои ќе го гледат видеото во негова одбрана зошто е повикана полиција, како што и овде на форум застанаа на страна на прекршител затоа што е „дете“ колкаво дете дали знаете? ако вакво дете прегази пешак и ќе има тешки повреди пешакот, дали пак за вас ќе биде „дете“?

... не можам да го догледам видеото на каков перфиден начин прави превод и го насочува планинарот дека бил за психијатрија, ваков онаков, кој е тој да дава дијагнози на луѓе кои се изнервирани од него затоа што велосипедистот не смеел таму да вози велосипед, споро брзо ЗАБРАНЕТО, тоа е планинска пешачка стаза, точка, тука нема дискусија и треба да се почитува тоа, а да не се глуми жртва, велосипедистот да беше наместо требаше да се извини, да се сврти и да се врати, ТОЛКУ, а не да дебатира за нешто ШТО Е ТОЈ КРИВ , не смеел да вози на таа планинска стаза,

... и ДА, имал среќа, што планинарот бил со децата иако нервозен се воздржал, за вакво безобразно однесување на млада особа кон постар, КОГА Е КРИВ младата особа, порано се јадело ќутек!

... и за снимање со камера без знаење на сниманиот следи тужба и кривична, значи планинарот ја исклучил камерата да не биде лично снимено негово лице, велосипедистот може да си го снима сопственото лице, но не и туѓо лице, па и неговите малолетни деца, кога веќе ја исклучил камерата, не требаше да ја остави да се рестатира, а знаел затоа што самиот искоментирал на видеото, кое си ставил и превод да добие и популарност на ју тјуб, ваква младина која свесно прави прекршок, па одозгора лепи етикети за психијатрија за постара особа која ИМА ПРАВО, треба дебела кривична по три основи:
- возење велосипед во забранета планинарска пешачка зона!
- непослушност, инсинуирање на жртва при снимањето кое самиот знаел, па со тивок глас зборувал, ама кажал „нема шанса да се врати назад“ тоа многу кажува дека покажува непослушност на нешто што е крив и погрешил!
- рекламирање на видеото на ју тјуб со англиски превод без дозвола на сниманиот!

Зашто бе бате не го даде и твојот лик да те видиме и тебе на велосипед која мустра си, а осудуваш други за необразован, за психијатрија....итн и го снимаш неговиот лик?


...еве му го вистинскиот речник, брат, „Факинг шит“ , „Онли шит“ , што да платат луѓето да видат, што да направиш брат? УУуууууууу !



... не знам дали вреди ваков животен ризик, на овие адолесценти (не верувам дека се малолетници), со таква брзина со велосипед и на таков терен, ни кацига ни ништо нема да ги спаси, ако се откачат од нерамната стрмната и небезбедена патека, посебно кога вози сам, кој ќе му помогне, голем , голем непромислен ризик!
Овие каскадери почетници кои не се велосипедисти се пуштаат на Водно за да бидат видени од околината и видеото да има што поголема гледаност.Ако одат на Шар планина каде има 100 пати подобри и поатрактивни стази нема кој да ги види тоа е проблемот а таму и да направи некоја беља нема други луѓе па да настрада и друг со него..Се ќе направат поради добивање на некаков публицитет не размислувајки за последиците.
Автоматски споено мислење:

Детулето со велосипедот да послуша и да не оди со голема брзина во тој предел бидејќи доколку има деца мали, со мало невнимание ќе направи проблем и може да дојде до несакани последици. Сигурно има диви патеки каде што нема шетачи и може тука да се спуштаат.
На Попова шапка и околу има диви патеки колку ти душа сака ама таму нема луѓе пешаци како на Водно што ќе го видат.Има само десетици активни поспремни планинари што си одат редовно и од албанците со четирицикли што лудуваат и често поминуваат по локални патишта за да креваат прашина кај што поминуваат пешаци гости од хотелите.
 
Последно уредено:
Дечки, упрао е Локван, козја патка е планинарска патека, планинари не идеф сс точак. Чим си има маркација по дрва од страну, тој е обележано од планинари.
Кој не знае, маркација е ознака на планинарску патеку, дрва од страну су овележани сс црвену и белу боју.

Не дека е забрането за точаци, ама пред сфе планинари треба да имаф предност и никакфи дечишта сс точак не смееф да гу загрозуеф планинарску безбедност сс сфои адреналински глупости.

Ако сакаш точкарску стазу, земи дај предлог на град Скопје нека напраи посебну само за точаци и нека рипаф тамо и кршиф кациге и амортизери.
На овија маркирани да не се ни појавиф.
Или стави фторник и четфрак само за точаци. Сфе остало за планинари.
Нека се знае.
Па тк нека летиф казне.

Порано овј тренд на рипање на точаци по козји патеке га немаше. Едноставно Водно беше за рекреативно пешање и натпревар у спортку ориентацију

Овој га пишују као бифш планинар и двократан првак на Македонију у ориентацију. Знам ви га Водно на памет, наише први места иам тамо.
Тк немаше точкари како на видео.
Али ск су сменети времиња и не се знае што е што. Без разлику, ботљак сс точак треа екстремно да пази, а таткото од видео се испуца наише заради безбедност на деца и куму хаха, што и е управо, ама можеше малце да биде посталожен а не толко дрско да се испонаша.

Ипак таткото беше повише упрао, ама требаше посмирено сфе да се исподеси.
Право прашање е дали ако беше поозбиљан батка на точак, иста реакција ке беше од татка?
 
Ко деца правевме уште поголеми будалии. Се пуштавме од Велестово накај Охрид со точаци со огромни брзини. Точаците тогаш беа со контри кои се виткаа како полжави за на пола пат да останиме без нив. Колите шо идаа одоздола одвај не одбегнуваа на кривини. Тоа го праевме се дур еден од екипата неизлета од патот и заврши костозглобна. После кога разбраа родителите добивме воспитни подесувања, не ни текна уште еднаш да се пуштаме. Проблемот е шо сека шо и да направи детето го оправдуваат. Во конкретниов случај грешка на ликов е шо го избра најкултурното дете за да му држи лекции.
 
Во конкретниов случај грешка на ликов е шо го избра најкултурното дете за да му држи лекции.

Да, со тоа што и воопшто немаше причина (брзо возење) за лекции.
 
Back
На врв Bottom