Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Детево слободно можело да си иде на лекар и да си извади лекарска потврда за претрпен страв и психичко вознемирување, па после да го тужи за тоа.Во случајов - сите ја утињате поентата, освен Aceso. Убаво си кажа - неоснована агресија.
Тоа што точкарите се секташи е точно и дека заедно со тротинетџиите мислат дека го фатиле Господ за брада, но во случајов детево ниту леташе, ниту возеше брзо, ниту ништо. Дај да ги хејтаме сите возачи пошто секој ден се дешаваат сообраќајки од глупи возачи.
Тоа што кумата на овој ботов наводно страдала и што имало други случаи што ги спомнавте - уопште не му дава за право така да реагира.
Али го виде дека е дете и му се напна, да беше некој повозрасен ќе кутеше како пичка!
Џандари не ги интересира ништо освен ако не се наДа бидеме реални детето возеше споро и затоа и застана. Тие што летаат надоле никогаш немаше да ги сопре и да им се дере.
И плус искочи фер што го изгурал точакот до горе и почекал полиција. Било кој друг ќе му кажеше, ааа важи. Никој нема право да натера некој да се качи до горе. Како што детето може да го јаде за постирање на видеото така и дружево може да го јаде за јавно малтретирање.
И ова не е регулирано со закон, велосипед може да се вози по вакви патеки доколку има простор за тоа, без разлика дали има знак за точак или не.
Нема ни знак ако е за тоа и на асфалтната патека, што значи тоа дека и таму не смее да има велосипед.
Пензионерската е широка и не е стрмна патека.
Многу ме интересира џандарите што дошле до горе како реагирале. Нит знаат правило за ова нит па можат нешто на детето да му направат.
Планинарот е пичкица и се кладам да не било дете на точакот туку возрасен немало ни да го сопре а не па нешто друго.Гласав дека сум на страната на планинарот првично, зошто имав видено само исечок од целото видео. Сега кога го прегледав видеото без цензура и монтажа, искрено сум на страната на детево.
Да му излезеш така на патот на малолетно дете и да почнеш да му се дереш и да му хистеризираш е се, само не е однесување на возрасен и зрел човек. Ако веќе толку ти пречи нешто или сметаш дека ти е загрозена безбедноста, најди го неговиот родител па со него решавај ги проблемите како возрасен. Вака, да се силиш на дете само затоа што во моментот ти си посилниот, е во најмала рака бедно.
Сменив мислење затоа што видеото покажа дека не се работи за безбедност, туку за неоснована агресија.
Е сеа за децава.......модерниве деца не се научени на култура и однесување баш ради тоа што непознати луѓе у денешно време не смеат глас да им повишат а камоли друго.
Па и тоа што комшијата ти ја дупнал топката не е некаква си педагошка мерка, туку пак реакција на напнат и исфрустриран човек. Тоа е еквивалент на однесувањето на овој рандом планинар.Планинарот е пичкица и се кладам да не било дете на точакот туку возрасен немало ни да го сопре а не па нешто друго.
Е сеа за децава.......модерниве деца не се научени на култура и однесување баш ради тоа што непознати луѓе у денешно време не смеат глас да им повишат а камоли друго.
У мое време имавме будала комшија, два пати ни рече да не му играме пред двор топката му идеше право у црешата, третиот пат ја дупна топката четвртиот не бркаше со стап....
Епа после тоа игравме позади зграда на пољана уместо кај него пред двор и не се курчевме да се понашаме како сакаме.
Денес свикај му на туѓо дете у полиција ќе те пријават.
Беше коректно, ама мислам дека не смее да снима, и да има видео од рандом луѓе и деца и после да си објавува на интернет како си се спушта надоле, иако не верувам дека е свесно за тоа, ама тука мислам дека под дифолт крши закон.Ама и овде не е тоа поентата.
Детето од случајот беше сосема коректно.
Така си е, ништо не е криво. Само вози точак на патека за пешаци, јер СИТЕ ДРУГИ ТАКА ПРАВАТ. Тука ке му видиш дека не мисли со своја глава, туку е крдо менталитет. Инаку, се друго е во ред.
Утре истово ке види дека некој друг вози со 200 на Партизанска, па зошто не и ја...
А каде пишува дека таа патека е забранета за точаци? Има некаде знак дека е исклучиво за пешаци?
Ако нема - можеш само да молчиш.
Или треба да почнат да се газат намерно и точкаџии и тротинетџии чим возат по коловоз наменет за МОТОРНИ возила.
Пошто логиката е иста, само во вториов случај е забрането и казниво по закон.
Со сила глупи се правите. Или можеби не, природно ви доаѓа.
Значи мора да има знак дека е дозволено за велосипедисти, а дека е исклучиво за пешаци/забрането за точаци - не мора.
Ти мора да си кумата, нема друго објаснување.