Иначе веројатно ќе ме пратите за Бардовци, ама после поразов поголеми шанси гледам Арсенал да земе ПЛ, него пред поразов. Логиката ми е таа што Арсенал играше благо речено катастрофално (ако некој гледал повеќе натпревари на Арсенал последново време стварно го жалам), веќе почнав да очекувам дека секој натпревар до крај ќе е катастрофален, без никаква игра и без ниеден шут на гол, а не може вечно да победуваме со автогол од корнер. Натпреваров колку толку покажаа знаци на живот, еве конкретно шутот на Езе јас не памтам кога сме упатиле шут кон рамки на гол надвор од шеснаесетник и погодиле статива, мислев невалиден потег им е тоа, им забраниле од соблекувална да шутираат. Не дека се големи шансите, еве 30% нека дадам на Арсенал, ама ептен некако бев скептик пред дуелот, дури и бев на мислење и некако 0:0 мртви да извадат со ништо не покажано, тоа ќе им биде последен “добар“ резултат и пак ќе следи низа киксови, а Сити низа победи. Може е и лажна надеж, би оставил вака со Хаверц шпиц, Езе и Одегард заедно, па што биде нека биде. И така сме навикнати на разочарувања, уште едно во низата ништо нема да смени.









