Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 41: @Plotwist - Автобусите да имаат редар, Мирко, со неограничени ингеренции)

Автобусите да имаат редар, Мирко, со неограничени ингеренции.

  • Вкупно гласачи
    10
По вокација сум книжевник и предавам Македонски јазик, секогаш го застапувам ставот дека треба да се чита од мали нозе, да се стекне навика за тоа во подоцнежни години. Проблемот е што денешните генерации имаат многу мал фокус. И навистина НЕ читаат. Загрижувачки мал е процентот на деца што читаат книги. Дел од тоа е вина на несоодветни содржини. „Процес“, „Странецот“, „Божествена комедија“ и многу други дела се прекрасни книги, но за жал во тие години ниту еден тинејџер не е заинтересиран за егзистенционализам и алегории на пеколот, чистилиштето и рајот, па така наместо вистински интерес, се добива спротивниот ефект - им се одмилуваат овие врвни дела за век и веков. На мој 10-годишен братучед пред 15 години му го пуштив Fight Club. Пред некој ден ми рече: „Го гледав денес Fight Club - ти ми го расипа тој филм.“ И сега, на 25 години не го доживеал правилно поради тоа што го гледал на возраст кога ништо не разбрал од него.

Скоро гледав еден поткаст во кој дебатираа за апликацијата Forest, идејата е да посадиш дрво во самата апликација и тоа да расте одреден период (30 мин, еден час, три часа) и ако излезеш од апликацијата и продолжиш да го користиш телефонот дрвото нема да порасне. Но, ако го оставиш телефонот на раат, дрвото расте и подоцна имаш бавча. Апликацијата потоа дел од примањата ги насочува во садење на вистински дрвја и се занимава со климатски промени и еколошки прашања. Поентата поради која го кажувам ова е - и ние возрасните имаме потреба од апликација која ќе ни помогне да се тргнеме од телефоните. Да намалиме screen time со тоа што ќе ни расте некое виртуелно дрво во некојаси виртуелна апликација (и ова на некој начин е игра!)

Е сега, мојата идеја не е на часовите кои траат 40-45 мин. да се играат игри и да се организираат турнири. Идејата ја презентирав претходно - преку игрите да се овозможи учење. Assassin's Creed на пример има неверојатна приказна во скоро сите делови. Зошто таа приказна да не биде сведена на ниво на лектира (во тој гејминг предмет) наместо ете да читаат за тешката крвава судбина на македонскиот народ? Не велам дека тоа треба да го нема. НО, премногу се форсира како тематика во скоро сите дела за обработка, значи мене како професор ми се здосадени тие теми постојано: тешката судбина, маката на Македонецот, црното тешко ропство итн. итн. а не пак на децата. Преплавени сме со оваа содржина, а немаме ништо современо. Луѓето на месечината се качија, ние уште со опинците, Македонски народни приказни, снаата, свекрвата, тешките судбини... Во ред е, тоа е дел од нашата историја и треба да се знае. Ама премногу е. И само тоа е. И досадно е.

Точно е дека на тој што го интересира ќе си игра и надвор од училиште. Ама исто така точно е и дека на некој ако го интересира физика ќе си чита и учи физика и надвор од училиште. Како и која и да е друга област.

Целта со гејмингот е да заборавиме на заблудите дека предизвикуваат насилство и прават психопати од децата, туку да се употреби продуктивно и на вистински начин во соодветната возраст.

Во последно време многу се инсистира на теми како Активно учење со вклучување на учениците во наставата (тоа е и една од темите на приправнички испити) и преку игри, квизови, искуствено учење децата да запаметат битни работи. Ниту една информација нема да запаметите подобро од таа што ќе ја искусите на сопствена кожа. Игрите се единствените преку кои сме активни учесници во некој фиктивен свет (нашиот карактер донесува одлуки, ние го движиме карактерот, го облекуваме по наша желба и сите работи ги доживуваме од лична перспектива). Тоа не го нудат ниту ликовната уметност, ниту книжевноста, ниту филмот. Да не зборувам за тоа колку е совршена графиката во некои игри и е вистинска уметност.

Ваквото активно учество треба да биде мотив подоцна да се засакаат и да се ценат другите уметности.
На ова целев, навистина книгите ни се полни со мрачни мотиви. Пред неколку години, со Златко, на една тема за тогаш новите лектири изданија, ја отворивме темата за врската меѓу видео игрите и книгите. Дотогаш лектира беше "Еднорогиот елен", која беше тргната затоа што имала елементи на семејно насилство. Океј, разбирам, се бара прикладност во образовниот систем, меѓутоа децата не се плишани истото да го гледаат преку филмот и видео игрите, па и на улиците и во своите домови. Целта е креирање на побезбедна зона, поприкладна литература, но веќе на таа возраст го гледаат и надвор од кориците на тие книги, кои некогаш беа предвидени како соодветни за таа возрасна група.

Мојата идеја беше малку поразлична. Во мое време имаше поинакви игри, беа логичко-едукативни. Базичната беше да се пренесе бала, овца, волк и човек преку реката, а притоа никогаш на бреговите да не останат оние кои можат меѓусебно да се изедат. Тоа беше некое прво ниво. Второто беше малку покомплексно. Знам дека беа на CD и имаа различни степени на тежина. Се сеќавам дека имаше и меморија, часовникот ти брои наназад, и ти треба да ги пронајдеш паровите. Имаше и блок-сложувалки, каде се дадени парчињата, а ти треба да ги распоредиш во сликата. Ваквите игри активно те тераат да размислуваш, плус имаш цел, да победиш. Ова се само дел од игрите на кои ми текнува.

Во однос на предметот спорт, кој и самата знаеш дека не се практикува многу во првите четири години од основното образование (ние дали 10 пати бевме како деца и игравме само народна, тие часови ги пополнувавме со предметите каде што бевме назад), би ставил и шах, одличен е за развивање логика и учење патерни. Не мора да се изучува како студиозно, нека научат нешто базично и нека решаваат шаховски проблеми, пример.

Сега ти имаш нешто поинаква идеја. Класично гејмање со избрани наслови. Прашање е колку ќе бидат фокусирани на приказната, а колку на самата игра. Мојата идеја беше на развивање на логиката, на вештината на процесуирање, размислување и меморирање, нешто кое ќе им биде интересно, а тоа нешто истовремено ќе им го храни и мозокот.

Сепак образованието навистина ни е во руини, а сме врзани со класиката на монолог на професорот проследено со по некое прашање, кое стандард го одговараат одредена мала група на дечиња. Треба сите да бидат вклучени во наставната програма, а овие дечиња кои немаат дома компјутер, ќе бидат додатно стимулирани што повеќе време да поминат со овие игри.

И нов сум во светот на гејмингот, играчката ја имам месец-два, самите игри се проектирани да имаат и некои логички предизвици, но додека да стигнеш до нив, треба да изодиш одреден пат кој не се покрива со 45 минути. Но да речеме дека би постоела некоја таква игра, помеѓу моето и твоето, секако дека сум За.
 
Не си ти за форумски полицаец!
Размислуваш логично, секогаш со емпатија. Модерирањето здравје ќе му земе на таков човек.
Остани ни така како што си!
 
„Видео програми со гејминг стил“ бе! :pos:
Screenshot 04-14-2026 20.29.22.png

-Игра со песок што се користи за учење предмети како историја, хемија и писменост, овозможувајќи им на учениците да градат проекти во колаборативна средина.

-Платформа што создава интерактивна, гејмифицирана содржина, вклучувајќи дигитални сесии, квизови и гејмифицирани презентации што го зголемуваат ангажманот.

-Алатки што го претвораат секој предмет во брза, натпреварувачка игра, често користена за формативно оценување.

-Платформа за учење базирана на симулација, соработка, дизајнирана за деца (возраст 6-14 години) за решавање сложени проблеми и практикување лидерство,

-Програми за дизајн и кодирање игри (стил на играње) Овие платформи им овозможуваат на учениците да „учат преку правење“ со креирање на свои игри.

-Алатки за програмирање базирани на блокови, идеални за почетници за креирање интерактивни приказни и игри.
- Игра на Nintendo Switch која го претвора учењето на човечката анатомија во авантура, соодветна за возрасти
- Игра со загатки каде што играчите решаваат протеински структури, дозволувајќи им на учениците да придонесат за вистински научни истражувања за болести.

- Стратешка игра што често се користи за предавање светска историја, географија и урбанистичко планирање.

Последно уредено:
Животот повеќе ти го јаде работата отколку сѐ друго.
Овде се лафи за подготовка кон животот!
Многу работи кои во еден момент се "докажани" со некоја студија, покасно се покажуваат не баш такви, какви се докажувале!
 
Подобро да се воведе уште еден час физичко, наместо да ги расупуваат очите пред тие скапани компјутери и да бидат уште поголеми дебили и дегени од тоа што се (зборам за младиве).

Гејмингот да се изучувал во школо хахаххаха, уште какви глупости нема да чујам и прочитам.
Индустрија бе друже, ќе пробаат да прогураат секој вид на протекција.
 
...проблемот не е во игриците и филмовите, туку во публиката. Недоволната комуникација помеѓу родителите и децата создава убаво тло за десоцијализација и губење на врската со реалноста на децата...а и на возрасните ако потонат во светот на виртуалата.
 
-Игра со песок што се користи за учење предмети како историја, хемија и писменост, овозможувајќи им на учениците да градат проекти во колаборативна средина.

Тешки они да си играа у песок, не ќе требаше сега да ги управаме со сај-фај идеи...
 
...проблемот не е во игриците и филмовите, туку во публиката. Недоволната комуникација помеѓу родителите и децата создава убаво тло за десоцијализација и губење на врската со реалноста на децата...а и на возрасните ако потонат во светот на виртуалата.
Публиката е како гостин во ресторан. Он дошол да јаде, ако нема лазањи он ќе земе и пица.
Што му сервираш тоа ќе јаде!
 
Тешки они да си играа у песок, не ќе требаше сега да ги управаме со сај-фај идеи...
... терминот „игра со песок“ е директно изведен од метафората за детски песок, каде што децата имаат слобода да играат, создаваат и уништуваат без строги правила или однапред дефинирана цел.

... терминот „игра со песок“ е директно изведен од метафората за детски песок, каде што децата имаат слобода да играат, создаваат и уништуваат без строги правила или однапред дефинирана цел.

Ма знам што е sand-box..

туку нив им фали буквално песок, земја, трава..
да се истрчаат, да се изнаиграат!
Социјална интеракција!

А вие сакате оган со бензин да гасите..
 
Овде се лафи за подготовка кон животот!
Многу работи кои во еден момент се "докажани" со некоја студија, покасно се покажуваат не баш такви, какви се докажувале!
Чичко фенел посебно за вас луѓето во години се препорачува, да го стимулира мозокот. Стигмата против игрите е огромна, популарнито мислење е дека се лоши и дел од истражувањата се сигурно со цел да докажат дека влијаат негативно, но доаѓаат до друг заклучок.

Сега мене ако ме прашаш за во училиште дали да учат, не знам, иако гласав да. Јас искрено би го сменил цел систем од корен. Премногу нѐ замараа со глупости. Кога ќе ми текне дека ни бараа што кажал Оливер Кант во таа и таа година, ми се гади. Да не зборуваме дека на 15 години не може да ни е разбирлива на сите егзистенцијата криза на некој филозоф, кој патем и растел во друго време. И @Setsuko пишуваше за книги што не се прикладни со возраста. Пример кога ја учевме песната "денови" од Кочо Рацин во основно, ние врска немавме од животот за да ја разбереме тежината на песната и колку всушност вреди.
 
Последно уредено:
Ова е жалната реалност денес, не го разликуваат виртуелниот свет од реалноста, мада не се криви децата, пред се родителите од бебиња ги изложуваат на таблети, екрани глупости само да не си го нарушат комфорот и резултатот е ваков. Се полошо и полошо доаѓа. Ова стана најлошата зависност покрај дроги, алкохоли, коцкање.
 
Чичко фенел посебно за вас луѓето во години се препорачува, да го стимулира мозокот. Стигмата против игрите е огромна, популарнито мислење е дека се лоши и дел од истражувањата се сигурно со цел да докажат дека влијаат негативно, но доаѓаат до друг заклучок.

Сега мене ако ме прашаш за во училиште дали да учат, не знам, иако гласав да. Јас искрено би го сменил цел систем од корен. Премногу нѐ замараа со глупости. Кога ќе ми текне дека ни бараа што кажал Оливер Кант во таа и таа година, ми се гади. Да не зборуваме дека на 15 години не може да ни е разбирлива на сите егзистенцијата криза на некој филозоф, кој патем и растел во друго време. И @Setsuko пишуваше за книги што не се прикладни со возраста. Пример кога ја учевме песната "денови" од Кочо Рацин во основно, ние врска немавме од животот за да ја разбереме тежината на песната и колку всушност вреди.
Чичин, ич да не се секираш за мене! Сеуште учам, што нови технологии, што програми кои идат со нив.
Умствени гимнастики не ми недостасуваат, верувај!
Пишав јас порано, за вишок и мањак на материјали и методи во нашето образование.
Штета што нашето образование не се помести од 45 наваму. Само варијации на тема, суштински ништо.
Да си бил во село и од 5 години да си работел тутун, ќе си го сфател Рацин, од Карпош, малку тешко.
Јас не за џабе ја спомнав калиграфијата, како антидот на гејмингот. Ама за жал овде луѓето не љубат да мислат, ако не сфатат, вадат етикетата и шљап!
Ние имаме прережимско образование, наменето за пополнување на време, не и за вистинско образование на нацијата.
И за жал, не се трудиме да видиме што се работи на други места.
 
Далеку сум од Карпош. Јас бостан, грашок и компир имам работено, татко ми вето имаше ставено на тутун, може затоа :DИнаку сериозно не разбираат деца на 11 години како возрасен човек и ако разбираат, не е до тој степен. Немаш поима дека треба 20 години да работиш за живеалиште и дека си роб.

Премногу непотребни глупости се учат и премногу време трае образованието. Лошо е структурирано и во светски рамки, не само кај нас, ама ај да не ја тераме натаму темата.
 
Премногу непотребни глупости се учат и премногу време трае образованието. Лошо е структурирано и во светски рамки, не само кај нас, ама ај да не ја тераме натаму темата.
Не сме офтоп тука сме, за образование е и муабетот.
За во светски рамки, па и воопшто треба само да се преслуша, кој сака да мисли ќе разбере:
Во светски рамки образовниот систем произведува аргати, вешто осмислено сами да си го финансираат тренингот.
П.С. Може има и исклучоци. Приказна од мојата блиска околина. Мој близок со магистратура оди во странство, печен во занаетот! Доаѓа дејче од Белгија околу 30 ката, и му даваат да ја обучи. Вели, се’ што почнав да и објаснувам, таа со 4 години образование(преку основното) и со 5 години стаж, знаеше подобро да се снајде во работата од сите вработени во компанијата! Што да не ја праша, одговорот бил учевме и имавме практични вежби.(точка)
 
Back
На врв Bottom