Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 41: @Plotwist - Автобусите да имаат редар, Мирко, со неограничени ингеренции)

Автобусите да имаат редар, Мирко, со неограничени ингеренции.

  • Вкупно гласачи
    16
... да?
...за кои способности станува збор?
...каде е реалноста во таа приказна, или можеби треба да научиме да ја прифаќаме како реалност?
...реалноста е само и само на страната на оние што ги полнат џебовите со пари...останатите имаат само скапо купен сон дека живеат

...патем, меѓу игрите и пцуењето постои нешто од непроценлива вредност, тоа е нашиот живот. А во него има толку многу да се доживее и научи, за да бидеме подобри луѓе од вчера, или грешам?
Животот повеќе ти го јаде работата отколку сѐ друго. Инаку ги тестирале пред да играат одреден број саати и после тоа и имале подобрување, пишав и на кои способности. Ако разбираш англиски и ако сакаш можам линк да ти пратам? Како што вежбање и физичка активност помагаат на телото, така играње игри помага на мозокот.
 
не мешај физичко посетување на театар и кино, тука се пишува за видео гејминг пред компјутер, а не посета на кино и театар кое покрај доживување е препорачано децата да го видат онака како публика делото кое претходно е прочитано како лектира!
Не мешам јас ништо, ти мешаш. Тебе мислењето ти беше дека децата требало да читаат букви, а не да гледаат филмови. Еве, цитирам уште еднаш:
... треба ученикот да чита букви, а не да гледа визуелно движење на ликови преку филмот
Е, јас на ова ти реплицирав, а не на мислење за гејминг. Никаде не спомна гејминг.
Автоматски споено мислење:

сакаш да кажеш дека сите кои сте „ЗА“ мислите да покрај 10, 20 задолжителни наслови на лектира кои треба да се прочитаат во текот на годината, децата т.е. учениците дополнително да имаат плус видео игри наместо гејмање едукативна програма за гледање филм од некоја прочитана лектира
Ај прочитај го уште еднаш болдираното и долови ми што сакаше да кажеш, зашто ова нема смисла.

И не 10-20 лектири, од 4 до 6 се. Само 8 и 9 одделение мислам дека имаат по 7.
 
Последно уредено:
Не се согласувам, и онака децата во слободно време поминуваат премногу време на компјутер/конзоли играјќи игри...не им треба таков предмет и во школите.
Видео игрите пред се треба да се забава и само забава, да отепаш саат време, да си релаксираш, да пуштиш мозок на пасење...
 
Во 90тите, кога владееше пентиумот и вин 95, имавме двајца експерти. Едниот за теорија, другиот ме обучуваше за едноставни квериња, ескјуели итн итн. Небитно. Вториов, млад човек, беше шеф на информатички сектор во бизнис фирма у Холандија. За игрите беше строго за, кај нив барем ниту се кријат ниту им е забрането на работа да одиграат една релаксација. Уште подобро, го користеа ланот за игра one on one или rts, rpg.

На едно видео вели -Анштајн изјавил дека играта е највисока форма на истражување.
Едно време имаше предмет Логика. Треба да се врати назад, може да биде и интерактивен, да се стимулираат децата да размислуваат и да решаваат логички задачи преку пат на игра. Ем ќе им биде забавно, ем активно ќе размислуваат, ем ќе има реален видлив ефект.

Со добро осмислен концепт, Да. Зелен бумбар.
Имаше психологија и логика. Со добро осмислени компј. апликации би биле топ.

Инаку подобро прашајте се за што служеа предметот домаќинство со праење гоблени и таписерии (освен да научам како да шијам копче у војска), ОНО (општонародна одбрана) освен за да знам дека за саат време ќе не смачка источниот блок до Лесковац. Или Ото, освен за да му пуниме на Просветно дело буџетот за пилици кои се кршеа секои 3-4 сечења. Углавно голем дел предмети беа к. у боја.

Впрочем зашто пред 15 години правеа проект компјутер за секое дете.

Ем, знаете дека не се само "игри". Постојат берзански симулации, градежни, воопшто економски симулации, healthcare in rt.
Автоматски споено мислење:

Ама ние не мрдаме од кредата и таблата.

How can gaming improve healthcare?​

Последно уредено:
Од една страна може ќе ги натера децата да размислат пологички ама ризикот дека голем дел од децата дека ќе станат зависни е голем.

Гејминг е завист, влегуваш во свет кај што се чувствуваш самоуверено и искачаш од реалноста. Во виртуелен свет најак, во реалноста заостанат од социјален аспект. Дур трепнеш си станал маж и треба да создаваш за себе и другите околу тебе, а ти не знаеш да направиш асален муабет надвор од игрите. Бегаш од луѓето како од ѓавол.

Го имав јас овој проблем во одреден дел од животот. Трчав дома за да можам да гејмам, ништо друго не ме интересираше. Бркав некој скорови кој не постојат. Среќа некако се оправив.
Можеби моментално сум многу подобар во некој работи од другите, ама во некој општи работи, делувам заостанат.

Дека ќе ги тргнеш децата од игри тешко, ама можеш да ги упатиш за тоа што е добро и колку време треба да изгуби он на тоа.
Затоа би вовел забрана за одредени игри и тајминг за тоа колку децата треба да играат. После одредено време да си ги потроши кредитите и да мора да ги изгаси игрите.
Да направивме игрите да го вадат најдоброто од децата.
 
... треба ученикот да чита букви, а не да гледа визуелно движење на ликови преку филмот, прекумерното и постојано, целодневно играње видео игри е силно поврзано со антисоцијално, анксиозно и „аутистично“ однесување на тие деца!
Каде пишува дека ученикот треба само да чита букви? Кога учев англиски, на курс, гледавме и филмови на крајот на секое полугодие, два филма во годината. И преку нив се учи и збогатува јазикот. На факс, исто така гледавме филм по предметот Философија на правото. Тие ми останале во глава. Картите треба да се смешаат.

Мора повеќе интеракција во наставата, а не како сега, монотоност, наставникот зборува, а учениците не слушаат.
 
... пишуваме за деца и ученици кои гејмат и не учат поради изгубеното време во однос со задолжителна настава за замена на видео едукација, им дојде олеснително на училишниот кадар за време на пандемија, па сега ајде званично со видео игрици ќе ги направиме едукативни за да се зголеми интересот на учениците, да излезат све неписмени генерации, што има веќе доказ од пандемија колку училе и научиле преку видео интернет,

... а другиот твој дел што објаснуваш, не пишуваме за оформени личности како студенти и тие што посетуваат курсеви и разни хоби доживувања!

Не мешам јас ништо, ти мешаш. Тебе мислењето ти беше дека децата требало да читаат букви, а не да гледаат филмови. Еве, цитирам уште еднаш:

Е, јас на ова ти реплицирав, а не на мислење за гејминг. Никаде не спомна гејминг.

Ај прочитај го уште еднаш болдираното и долови ми што сакаше да кажеш, зашто ова нема смисла.

И не 10-20 лектири, од 4 до 6 се. Само 8 и 9 одделение мислам дека имаат по 7.
... ти не дебатираш со мене, ти се караш со мене и се докажуваш што како сум напишала, еве јас грешам и се повлекувам, ти си во право, а можеби затоа што лошо ме замислуваш како изгледам, па си агресивен?! :toe:
 
... пишуваме за деца и ученици кои гејмат и не учат поради изгубеното време во однос со задолжителна настава за замена на видео едукација, им дојде олеснително на училишниот кадар за време на пандемија, па сега ајде званично со видео игрици ќе ги направиме едукативни за да се зголеми интересот на учениците, да излезат све неписмени генерации, што има веќе доказ од пандемија колку училе и научиле преку видео интернет,

... а другиот твој дел што објаснуваш, не пишуваме за оформени личности како студенти и тие што посетуваат курсеви и разни хоби доживувања!
Основец бев кога одев на курс по англиски јазик, почнав во трето одделение. Филмот беше прикладен за возраста, првите беа анимирани.

А зошто, еве, наместо да се чита една од тие досадни драми, да се изгледа филмот или театарската претстава? Пак се негува културата! Поради форсирањето на досадни книги, се креира и одбивност кон пишаниот збор. Лично се запознав со мојата прва љубов (книгата) поради слободната литература, а не поради лектирните изданија. :)
 
... една ластовица не прави пролет, ти верувам не дека не си во право, ама ти си исклучок, колку ученици сте биле и колку те следеле?
 
ти не дебатираш со мене, ти се караш со мене и се докажуваш што како сум напишала, еве јас грешам и се повлекувам, ти си во право, а можеби затоа што лошо ме замислуваш како изгледам, па си агресивен?! :toe:
Врска нема едното со другото. Плус и не сум агресивен, само ми сметаше небулозата дека децата требало букви да читаат, а не да гледаат филмови. После ги измеша работите толку многу, што еве на крај дојдовме до ова дека јас сум се карал.

И не те замислувам јас, фала Богу немам потреба да замислувам некого, те замисли ChatGpt по prompt од мислење од друг член напишано за тебе.
 
По вокација сум книжевник и предавам Македонски јазик, секогаш го застапувам ставот дека треба да се чита од мали нозе, да се стекне навика за тоа во подоцнежни години. Проблемот е што денешните генерации имаат многу мал фокус. И навистина НЕ читаат. Загрижувачки мал е процентот на деца што читаат книги. Дел од тоа е вина на несоодветни содржини. „Процес“, „Странецот“, „Божествена комедија“ и многу други дела се прекрасни книги, но за жал во тие години ниту еден тинејџер не е заинтересиран за егзистенционализам и алегории на пеколот, чистилиштето и рајот, па така наместо вистински интерес, се добива спротивниот ефект - им се одмилуваат овие врвни дела за век и веков. На мој 10-годишен братучед пред 15 години му го пуштив Fight Club. Пред некој ден ми рече: „Го гледав денес Fight Club - ти ми го расипа тој филм.“ И сега, на 25 години не го доживеал правилно поради тоа што го гледал на возраст кога ништо не разбрал од него.

Скоро гледав еден поткаст во кој дебатираа за апликацијата Forest, идејата е да посадиш дрво во самата апликација и тоа да расте одреден период (30 мин, еден час, три часа) и ако излезеш од апликацијата и продолжиш да го користиш телефонот дрвото нема да порасне. Но, ако го оставиш телефонот на раат, дрвото расте и подоцна имаш бавча. Апликацијата потоа дел од примањата ги насочува во садење на вистински дрвја и се занимава со климатски промени и еколошки прашања. Поентата поради која го кажувам ова е - и ние возрасните имаме потреба од апликација која ќе ни помогне да се тргнеме од телефоните. Да намалиме screen time со тоа што ќе ни расте некое виртуелно дрво во некојаси виртуелна апликација (и ова на некој начин е игра!)

Е сега, мојата идеја не е на часовите кои траат 40-45 мин. да се играат игри и да се организираат турнири. Идејата ја презентирав претходно - преку игрите да се овозможи учење. Assassin's Creed на пример има неверојатна приказна во скоро сите делови. Зошто таа приказна да не биде сведена на ниво на лектира (во тој гејминг предмет) наместо ете да читаат за тешката крвава судбина на македонскиот народ? Не велам дека тоа треба да го нема. НО, премногу се форсира како тематика во скоро сите дела за обработка, значи мене како професор ми се здосадени тие теми постојано: тешката судбина, маката на Македонецот, црното тешко ропство итн. итн. а не пак на децата. Преплавени сме со оваа содржина, а немаме ништо современо. Луѓето на месечината се качија, ние уште со опинците, Македонски народни приказни, снаата, свекрвата, тешките судбини... Во ред е, тоа е дел од нашата историја и треба да се знае. Ама премногу е. И само тоа е. И досадно е.

Точно е дека на тој што го интересира ќе си игра и надвор од училиште. Ама исто така точно е и дека на некој ако го интересира физика ќе си чита и учи физика и надвор од училиште. Како и која и да е друга област.

Целта со гејмингот е да заборавиме на заблудите дека предизвикуваат насилство и прават психопати од децата, туку да се употреби продуктивно и на вистински начин во соодветната возраст.

Во последно време многу се инсистира на теми како Активно учење со вклучување на учениците во наставата (тоа е и една од темите на приправнички испити) и преку игри, квизови, искуствено учење децата да запаметат битни работи. Ниту една информација нема да запаметите подобро од таа што ќе ја искусите на сопствена кожа. Игрите се единствените преку кои сме активни учесници во некој фиктивен свет (нашиот карактер донесува одлуки, ние го движиме карактерот, го облекуваме по наша желба и сите работи ги доживуваме од лична перспектива). Тоа не го нудат ниту ликовната уметност, ниту книжевноста, ниту филмот. Да не зборувам за тоа колку е совршена графиката во некои игри и е вистинска уметност.

Ваквото активно учество треба да биде мотив подоцна да се засакаат и да се ценат другите уметности.
 
...потполно се сложувам, но сето тоа не пред монитор, не во седечка положба, не со искривен врат и црвени очи за да се учествува едукативно на видео програмите со гејминг стил!
 
ОК, ќе им обезбеди МОН каучи со дормео наддушеци, перници од мемори пена да си прилегнат децата додека гејмаат, и да се подалеку од мониторот за да не им бидат црвени очите.

„Видео програми со гејминг стил“ бе! :pos:
 
Back
На врв Bottom