PloTwist
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 13.118
- Поени од реакции
- 29.614
На ова целев, навистина книгите ни се полни со мрачни мотиви. Пред неколку години, со Златко, на една тема за тогаш новите лектири изданија, ја отворивме темата за врската меѓу видео игрите и книгите. Дотогаш лектира беше "Еднорогиот елен", која беше тргната затоа што имала елементи на семејно насилство. Океј, разбирам, се бара прикладност во образовниот систем, меѓутоа децата не се плишани истото да го гледаат преку филмот и видео игрите, па и на улиците и во своите домови. Целта е креирање на побезбедна зона, поприкладна литература, но веќе на таа возраст го гледаат и надвор од кориците на тие книги, кои некогаш беа предвидени како соодветни за таа возрасна група.По вокација сум книжевник и предавам Македонски јазик, секогаш го застапувам ставот дека треба да се чита од мали нозе, да се стекне навика за тоа во подоцнежни години. Проблемот е што денешните генерации имаат многу мал фокус. И навистина НЕ читаат. Загрижувачки мал е процентот на деца што читаат книги. Дел од тоа е вина на несоодветни содржини. „Процес“, „Странецот“, „Божествена комедија“ и многу други дела се прекрасни книги, но за жал во тие години ниту еден тинејџер не е заинтересиран за егзистенционализам и алегории на пеколот, чистилиштето и рајот, па така наместо вистински интерес, се добива спротивниот ефект - им се одмилуваат овие врвни дела за век и веков. На мој 10-годишен братучед пред 15 години му го пуштив Fight Club. Пред некој ден ми рече: „Го гледав денес Fight Club - ти ми го расипа тој филм.“ И сега, на 25 години не го доживеал правилно поради тоа што го гледал на возраст кога ништо не разбрал од него.
Скоро гледав еден поткаст во кој дебатираа за апликацијата Forest, идејата е да посадиш дрво во самата апликација и тоа да расте одреден период (30 мин, еден час, три часа) и ако излезеш од апликацијата и продолжиш да го користиш телефонот дрвото нема да порасне. Но, ако го оставиш телефонот на раат, дрвото расте и подоцна имаш бавча. Апликацијата потоа дел од примањата ги насочува во садење на вистински дрвја и се занимава со климатски промени и еколошки прашања. Поентата поради која го кажувам ова е - и ние возрасните имаме потреба од апликација која ќе ни помогне да се тргнеме од телефоните. Да намалиме screen time со тоа што ќе ни расте некое виртуелно дрво во некојаси виртуелна апликација (и ова на некој начин е игра!)
Е сега, мојата идеја не е на часовите кои траат 40-45 мин. да се играат игри и да се организираат турнири. Идејата ја презентирав претходно - преку игрите да се овозможи учење. Assassin's Creed на пример има неверојатна приказна во скоро сите делови. Зошто таа приказна да не биде сведена на ниво на лектира (во тој гејминг предмет) наместо ете да читаат за тешката крвава судбина на македонскиот народ? Не велам дека тоа треба да го нема. НО, премногу се форсира како тематика во скоро сите дела за обработка, значи мене како професор ми се здосадени тие теми постојано: тешката судбина, маката на Македонецот, црното тешко ропство итн. итн. а не пак на децата. Преплавени сме со оваа содржина, а немаме ништо современо. Луѓето на месечината се качија, ние уште со опинците, Македонски народни приказни, снаата, свекрвата, тешките судбини... Во ред е, тоа е дел од нашата историја и треба да се знае. Ама премногу е. И само тоа е. И досадно е.
Точно е дека на тој што го интересира ќе си игра и надвор од училиште. Ама исто така точно е и дека на некој ако го интересира физика ќе си чита и учи физика и надвор од училиште. Како и која и да е друга област.
Целта со гејмингот е да заборавиме на заблудите дека предизвикуваат насилство и прават психопати од децата, туку да се употреби продуктивно и на вистински начин во соодветната возраст.
Во последно време многу се инсистира на теми како Активно учење со вклучување на учениците во наставата (тоа е и една од темите на приправнички испити) и преку игри, квизови, искуствено учење децата да запаметат битни работи. Ниту една информација нема да запаметите подобро од таа што ќе ја искусите на сопствена кожа. Игрите се единствените преку кои сме активни учесници во некој фиктивен свет (нашиот карактер донесува одлуки, ние го движиме карактерот, го облекуваме по наша желба и сите работи ги доживуваме од лична перспектива). Тоа не го нудат ниту ликовната уметност, ниту книжевноста, ниту филмот. Да не зборувам за тоа колку е совршена графиката во некои игри и е вистинска уметност.
Ваквото активно учество треба да биде мотив подоцна да се засакаат и да се ценат другите уметности.
Мојата идеја беше малку поразлична. Во мое време имаше поинакви игри, беа логичко-едукативни. Базичната беше да се пренесе бала, овца, волк и човек преку реката, а притоа никогаш на бреговите да не останат оние кои можат меѓусебно да се изедат. Тоа беше некое прво ниво. Второто беше малку покомплексно. Знам дека беа на CD и имаа различни степени на тежина. Се сеќавам дека имаше и меморија, часовникот ти брои наназад, и ти треба да ги пронајдеш паровите. Имаше и блок-сложувалки, каде се дадени парчињата, а ти треба да ги распоредиш во сликата. Ваквите игри активно те тераат да размислуваш, плус имаш цел, да победиш. Ова се само дел од игрите на кои ми текнува.
Во однос на предметот спорт, кој и самата знаеш дека не се практикува многу во првите четири години од основното образование (ние дали 10 пати бевме како деца и игравме само народна, тие часови ги пополнувавме со предметите каде што бевме назад), би ставил и шах, одличен е за развивање логика и учење патерни. Не мора да се изучува како студиозно, нека научат нешто базично и нека решаваат шаховски проблеми, пример.
Сега ти имаш нешто поинаква идеја. Класично гејмање со избрани наслови. Прашање е колку ќе бидат фокусирани на приказната, а колку на самата игра. Мојата идеја беше на развивање на логиката, на вештината на процесуирање, размислување и меморирање, нешто кое ќе им биде интересно, а тоа нешто истовремено ќе им го храни и мозокот.
Сепак образованието навистина ни е во руини, а сме врзани со класиката на монолог на професорот проследено со по некое прашање, кое стандард го одговараат одредена мала група на дечиња. Треба сите да бидат вклучени во наставната програма, а овие дечиња кои немаат дома компјутер, ќе бидат додатно стимулирани што повеќе време да поминат со овие игри.
И нов сум во светот на гејмингот, играчката ја имам месец-два, самите игри се проектирани да имаат и некои логички предизвици, но додека да стигнеш до нив, треба да изодиш одреден пат кој не се покрива со 45 минути. Но да речеме дека би постоела некоја таква игра, помеѓу моето и твоето, секако дека сум За.

Инаку сериозно не разбираат деца на 11 години како возрасен човек и ако разбираат, не е до тој степен. Немаш поима дека треба 20 години да работиш за живеалиште и дека си роб.