Дали музиката ни стана инфантилна?

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
@fennel ти чичо полека... не се заљубувај.. оти оваа може здравјето да ти го земе :D
Остај не нас "помладите" :rolleyes:
Автоматски споено мислење:


За жал не..
Супер концерт направи!
Жена ми која е класичен класичар беше одушевена.
Макар што Жар имал многу појаки концерти.
Јас сум повеќе по инструменталите и филхармонии. Не љубам човечки гласови, со иаклучок на ептен таленти Тоше, Бадев....
На времето Леб и сол кога се појавија, не спиевме да ги чуеме на Опатија.
Живеев во близина на Кокан, смешки беа, на свирки одеа со пегличе и пезетка!
Затоа не ме плаши со оваа бабарогата, плиз!
 
Неправедно е да се стави Врчак, па и Слаткар и Тони Зен, во истата категорија со баналноста Лидија.

Врчак бре е мајстор за својот жанр. Има приказна и игра со зборови, а не само два реда муабет и вокабулар од 50 зборови.

Текстовите на Слаткар се социјална критика, има револт, има поента, има поука.

Кои се тие нови песни што се добри? Дај примери да чуеме.
Тоа дека ти е носталгично, Врчак нема никаков вокабулар. Никаква уметничка вредност нема Врчак, сите инструменталки украдени и текст на 3то одделенец. 1 полу-добра песна и тоа е.

За примери ново добро, само кажи, иако во последниве години послабо пратам. Стари музичари со нови песни сакаш или не? Бренсис еве вади добри песни, многу малку слушатели. Јас највеќе рап пратам, еве ти пример Мартикс, многу добри текстови, за жал никој не го слуша. Ако сакаш и цела листа рапери ќе извадам. Ги пишувавме во некоја тема, ама ако треба ќе ги повторам.

Имаш и панкери, Последен Удар на пример ми се допаѓаат, на несакајќи ги најдов, иако панк не слушам. На другар колега имаа некој панк-рок бенд, иако како што реков не слушам гитарска музика, звучеа добро, едвај 5000 вјус, сега имаат прекинато, избришано сѐ. Има еден куп артисти и во други жанрови, што така пропаднале, некои и станале донекаде познати, но ниеден настап.

Еве спомна социјални теми,за порано, пред 15 години, сигурно не го знаеш Кемп или Длабока Трага, ама Врчак и Јован Јованов цели дискографии на памет. Еве ги тие генерации, растени во 90-2000ти, ќе пунат сала на Елвир Мекиќ, полнеа клубови и на плагијатите на Нокаут... Па и Пајак што го спомнавте е измислен за 90% од естрадата во 2000 години. Он барем си ги пишува песните, а они со цели тимови звучат клише.

Факт е дека е намалена квалитетната музика, ја има се помалку, ама тоа е дека никој не слуша, а и да слушаат малку повеќе луѓе, нема да бидат никаде викнати. Авторската музика не се цени, повеќе успех имаш 2 гитарчиња и туѓи песни.
Автоматски споено мислење:

Кога се бават со музика луѓе без слух музиката е инфантилна, кога се бават уметници тогаш е убава. Некој ќе рече ствар на вкус било....не, мерлива е целава работа....математика.
Интересна работа е што и е до некаде ствар на вукс и е до некаде мерлива. Нема формула за што е добро, ама не е дека сѐ чини.
 
Последно уредено:
Не. Јас ова не го слушам. Ова оди на радио изминативе десет дена и е на repeat. Така дознав јас за песнава уствари и за Young Daddy. Патем не ми е јасно зошто се вика young daddy, еден ден и тој ќе остари :tapp:
Ама во душата вечно ќе биде јанг деди :icon_mrgr:
Автоматски споено мислење:

Не ги можам ни јас ни еден од нив, не само тој, туку и тие траповите во стил на Пајак, на пример. Ми звучи ко од Alvin and the Chipmunks преработките. Исто и таквите квази-рапери ко 2 Бона, Таско и сл. Јас нормален рап не можам да смислам, а не па ова лигавење.

Ама има „нови“ деца кои ми се свиѓаат. Не се многу, ама ги има. Пример, еден од најслушаните наши изведувачи последниве години ми е бендот Fiction, многу ми се допаѓаат. Некој инди-поп-рок фураат кој баш ми е по мерак и ги обожавам. Еве овој настап, на пример и гитарското соло на крајот не знам колку пати го имам преслушано. Знам, прашање на вкус е, знам - повеќето ќе најдете милион замерки, ама ако можете да најдете нешто подобро, бујрум!


Малце поалтернативно и не се баш нови, веќе повеќе од деценија создаваат музика, ама исто ми се оригинални, надреални (со текстовите особено) и секогаш свежи - Funk Shui.

И некој guilty pleasure, особено последните неколку песни како „Четири“ со Бојана Арсовска и новата „На пола пат“ баш ми се супер - Дупер!

И секако, ја спомнав во друга тема, а еве и тука - Дина Јашари ми е бонбонче. Во тој стил, некој инди-поп ОК е и малата на Пере од Нокаут, Миа Перевска, само таа има многу малку песни до сега, за разлика од Дина.

Има, има ОК музика и денес, сега не сме ние Британија или САД, не може да се носиме со нив секако, ама може да се најдат ОК звуци.
А Хајка ги имаш слушано ?
Автоматски споено мислење:

Кога он не бил мирен?!? :cautious:

П.С. моли се јас да не почнам да постирам што слушам сега и у какво расположење сум :D
Ќе плачеш да дојде Костиќ и ди-џеј да ти биде :ROFLMAO:
Ај постирај по музичкиве теми и тагни ме. Баш ме интересира.
 
Последно уредено:
Тоа дека ти е носталгично, Врчак нема никаков вокабулар. Никаква уметничка вредност нема Врчак, сите инструменталки украдени и текст на 3то одделенец. 1 полу-добра песна и тоа е.

Врчак е еден од најдобрите текстописци, а ти викаш немал никаков вокабулар. :popce:
 
Новиве деца се супер! Секоја генерација си има своја музика, а ние најчесто ја обожаваме онаа која ни е звук од младоста. Денес ако си во години, имаш проблеми со кичма и главоболие, секирации од работа-фамилија, заглавен си во сообраќај два саати, ти протекува уље и незнаеш зошто, и одеднаш Јанг Дади ти иде во позадина на радио додека рачунаш која сметка треба следна да ја покриеш, си викаш "кој гз мајчин го пушти овој у етер, што е со децава". Да си 18 години со симпатијата до звучник во Охрид на плажа, друг ти плаќа сметки од дома, во позадина имаш залез на сонце, немаш обврски, и Јанг Дади ти иде во позадина, за момент Јанг Дади ти е звукот на младоста, го асоцираш со добри моменти, слобода.

Поентата е, секоја генерација си има свој печат, секој човек си има свои преференци, и вкусови што се менуваат. Оние што растеле со песните на Шпато, Импулси, кога им се појавуваат Лева Патика и Леб и Сол, си викаат кои се децава со косиве? Се дрогираат ли? За оние што растеле со рок во 70ти и 80ти, овие групи до ден денес им се култни. Доаѓаат рани 90ти, се појавува Аго со The Most Wanted и во песна внесува "ќе ти ја пукнам главата свињо гадна, да ти еб*м сељачината во тоа дупката задна" и за таа генерација рапери, он е легенда. За оние растени на Леб и Сол, си викаат на децава што го слушаат Аго им треба психијатар. За оние растени со Аго го гледаат како бунтовник што напушта комунистичка самоцензура и е вовед во тоа што го гледаме денес. Денес фанови на Аго или тој рап од рани 90ти, на Јанг Дади и остали групи гледаат како "што е со младинава" или одат со тие "во мое време друго беше" муабети.

Сите различно слушаме иста песна, од различен сет на вкусови и преференци, животен контекст. Некој од дупци-дупци на Таламаска се ежи, додека друг истата трака ја слуша како реновирање на дуќан. Зборот ми е, нека си тера секој свој филм, нека се оргинални и ич да не им чуе. Кој што сака нека слуша, секое уво има своја музика.
 
Добро е што пак се снима и некако сцена живна. Не е толку црно ко што праите. За тие неколку хита да преживеат минативе декади, требало еден милион глупости да се испоснимат, па низ trial and error да се дојде до нешто што ќе остане.
 
Глупости споредува авторот на темава.
Отсекогаш на МКД сцената имало песни како ,,Лидија" и некои подлабоки песни, издадени во исто време. И стиловите на двете песни си имале публика и биле хитови. На Ластовица песните какви се? Исто со ништо значење, а сите ги знаеме од А до Ш.

И Јанг Дади си има публика, а и Дупер си имаат публика.
Мене ,,Лидија" ми е баш онака хитче за пред лето, не се замараш што сакал да каже авторот, сам се смееш на текстот и свесен си дека не е приказна, ама ОК си е песната. До пред некое време МКД сцената беше умрена.

Од друга страна - ги убивам Дупер од слушање. А ако малку изгугла човек - мастерингот за ,,На пола пат" е правен во истото студио како и за ,,Лидија": Андреј Николов - andrejnik.
Мене дечково ми личи дека е новиот Билбилов.
 
Врчак е еден од најдобрите текстописци, а ти викаш немал никаков вокабулар. :popce:
Имаше еден вујко на другар, никогаш не излегол од село и вика "Поубо благо од шеќерпаре нема". Он немал ни пробано друго освен кадаив, тулумба и шеќерпаре, ама шеќерпаре најубаво благо што постои. Исто е ова твоево мислење. Слушни нешто што не ти го сервираат на радио.
 
„Лидија“ од Young Dadi ( Лидија е машко, не е женско :eek:)

... да ја испочитувам Ацесо на нејзина тема, конкретно назначена со пример за денешниот детски стајлинг на песни и текст за веќе адултна популација преку песната „Лидија“ од Young Dadi, па морав прво да ја ислушам/гледам (видео) за да напишам некој онака моментален заклучок!


Отидов ја у трафика, да купувам балони
Ни на крај на памет, дека вечер ќе ми ѕвониш
У именик ти стојат само два-три телефони
На мајка ти и татко ти, и мојот стои до нив
Јас сум busy-a, пак нешто ми дрма-а
На втора зборам, значи не ми е на прва

На дупла линија, пак ми ѕвони Лидија
У која Лидија, качи се па види ја

На видеа, сите нè видоа
На story сними ја, Дади и Лидија
А која Лидија, па дојди види ја
Спие кај мене да, у стан под кирија
На петта водка, не остави ни голтка
На скала ми е стотка, и ме вози топ-топ-топ
Дал имаш стотка, на неа и се моткам
Се прави хаос пошто сака да е лом-лом-лом

На дупла линија, пак ми ѕвони Лидија
У која Лидија, качи се па види ја


,, овие изрази „ Не знам- Да ти го резнам“, Лидија- Качи се па види ја“, Кој?- Куров мој! итн во гимназијалски денови беа и изгледа уште се вртат доживувајќи ги сите на свој начин во свое време, но кога се гледа видеото, барем за мене, пораката е лоша, девијантна, болесна, што укажува кон што се стреми денешната младина на жалост!

Screenshot 04-10-2026 14.37.14.pngScreenshot 04-10-2026 14.36.44.pngScreenshot 04-10-2026 15.29.49.png

... бојата на избор на балоните и кошулата, па и крајно витлерите на коса веќе ни ја дава смислата на определеноста на овој млад дечко, кој влегувајќи во лифт флертува со поглед и со тело со заспаните стрејт момци, за разлика кога во лифтот влегле две женски кои биле премногу меѓусебно блиски највероватно ни го изразува лезбејството и како овој со витлерите рамнодушен на нив иако се допирале до него не реагирал, за разлика кога влегле момците во лифтот.

Screenshot 04-10-2026 14.35.14.pngScreenshot 04-10-2026 14.35.39.png

...следно ни се покажува спротивноста на овој бисексуалец со витлерите и со мачо мен, набилдан мушкарец со тестостерон кој му вришти и како денес се иде од крајност во крајност, но дали понежниот пол ќе го одбере овој со витлери или набилданиот?

Screenshot 04-10-2026 14.38.15.pngScreenshot 04-10-2026 14.34.35.png

... за да после се види дека интересот на жените е токму кон овој со витлерите, ама и тие „женски“ со сомнително однесување и облекување прашање дали воопшто се женски или травестит, како и да е во лифтот споредбено како животен тек во денешно време била присутна и млада жена во крајот на својата младост за да засноваа семејство со не едно туку три кучиња во раце како пример на посебна група на жени наречени народски - Ливадарки.

Screenshot 04-10-2026 15.32.52.pngScreenshot 04-10-2026 14.41.03.png

...за да крајната сцена на видеото, тука влегува во лифтот токму Сергеј како докажан стилист и како ...кх кх кх погледот на тој со витлери не е ист кога влегле женски во лифтот на незаинтересираност и на крај средбата со „Лидија“ во лифтот, доволно да им се види погледот на двајца зрели мушкарци, што е многу лоша порака каде оди светот и како се уништува човечанството со хомосексуалноста,

Screenshot 04-10-2026 14.41.58.png

... ни Лидија качи се па види ја, ни балони, ни витлери, ни песната, ни текстот нема врска со крајната сцена на видеото со крајниот бакнеж меѓу двајца млади мушкарци кој значи и почеток на крајот на светот, тоа не е инфантилна музика, тоа не е детски текст, тоа е Сатана на Земјата!

... не велам дека такви тестови и музика немало порано со групата „ Студени нозе“ ...„како кучето мое поголема од кифла помало од Југо, ама рипа на женски бре...не на мушки, Ластовица групата ... „ Корпичка, мисли на женска пичка, колку да ти е златна земи си ја, не мисли на мушкарац, ...Пуши пушиме, станува на сабајле...асоцијацијата е на курац и женска која пуши, а не на хомосексуалноста и педерство, со еден збор заебанците и смешни изрази како текст и музика било, ама здраво и природно однесување, ова денес споредбено барем во ова песна видео е патолошко болесно, хомосексуалност, лезбејство, ливадарки и све тоа што е шкарт во едно здраво општество!

Заклучок - не е иста пораката од минатите песни и денешните песни, иако заебанциите на изрази на текстот и музиката е иста, видеото и пораките денешни се патолошки, затоа што „Лидија“ всушност е прикриен број на мушко на телефонот, а не на женско!

- се извинувам за долгиот текст, ама да бидам појасна :pipi:
 
Последно уредено:
Имаше еден вујко на другар, никогаш не излегол од село и вика "Поубо благо од шеќерпаре нема". Он немал ни пробано друго освен кадаив, тулумба и шеќерпаре, ама шеќерпаре најубаво благо што постои. Исто е ова твоево мислење. Слушни нешто што не ти го сервираат на радио.

Сеа ако сакаш црнечки гето рап Врчак не е за тебе дефинитивно.
 
Ајде бе постирај да чуеме нешто ново. Слободно постирајте. Јас нова музика не слушам. Ниту некогаш сум си ги пуштила 2 Бона, ниту Дупер, ноуп. Да бидам искрена не ни знам како изгледаат децава. Последна од младиве што ги знам е Антонија Гиговска.
Ново а асално во светски рамки е само Madis попознат како полскиот Jean Michel Jarre за кој ниеден портал нити тв медиум не информира па дури ни на авал8нците не им се слуша да го донесат во Македонија.Тој е преседан во музичката историја бидејки е единствениот музичар кој откако се појавил да го слушаат луѓе од 40 годишна возраст и постари а млади не бидејки досега секој нов има млада публика додека кај дечково е постарата.Коментарите испод видеата се си кажуваат за него.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom