- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 4.896
- Поени од реакции
- 15.062
Пред некој ден ја слушнав песната “Лидија” од Young Daddy (денес ми е на repeat у глава, скроз е catchy).
Сепак, јас како човек кој што не само што ја слуша музиката за забава, туку и ги анализира текстовите, првично останав во неверување. Не сакам да звучам како хејтер, но текстот и структурата ми делуваат како да се напишани од третоодделенец. Ова ме натера да се запрашам: Што се случува со денешната музика?
Се чини дека критериумите за тоа што е хит се паднати на најниско можно ниво. Наместо метафори, емоција или барем малку креативност, добиваме едноставни фрази што се повторуваат до бесвест, текстови без никаква суштинска порака или вредност, музика која е дизајнирана само за видео на TikTok итн.
Разбирам и сфаќам дека музиката служи за забава и дека не мора секоја песна да биде филозофско ремек дело, но дали веќе претеруваме со банализирањето? Дали свесно го спуштаме прагот на интелигенција во поп културата само за да добиеме лесен ритам?
Дали ваквите песни се само минлив тренд или новата реалност? Дали вие кога слушате нова песна барате некаква уметничка вредност во текстовите или ви е важен само ритамот? И кој е виновен, дали изведувачите кои го нудат ова или публиката која го купува?