ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Микелсен игра два страшни турнири, на ИВ и Мајами мислам секако, 1/8 финале на ИВ и пораз од Медо, ама го потепа Фриц во два сета пред тоа, а еве го и во Мајами сега во 1/8 финале, али штета што иде на Синер. Како и да е одлично игра Микелсен и може да има добра сезона.

Корда изигра страшен меч против Алкараз, го утепа со агресивна игра и напад на втроиот сервис на Карлитос пред се.
 
toa e radi toa sho vo sekoj moment ocekuvame da go fatat pak so doping

Нема повеќе да се случи таква нова епизода, нема да користи крема за масажа со спорна супстанца.
На мастерсот во Монте Карло, Јаник Синер игра и во конкуренција во парови заедно со Бергс од Белгија.
Синер и Бергс завележаа победа во 1 коло во парови денеска против Махач и Руд.
Синер запнува на сезоната на земја и во парови.
 
Не знам многу за овој Јодар што освои во Мароко, но ете шпанците вадат уше еден играч што најверојатно ќе се врти во топ 50.
На 19 години 250ка не е мала работа.
 
Нема повеќе да се случи таква нова епизода, нема да користи крема за масажа со спорна супстанца.
На мастерсот во Монте Карло, Јаник Синер игра и во конкуренција во парови заедно со Бергс од Белгија.
Синер и Бергс завележаа победа во 1 коло во парови денеска против Махач и Руд.
Синер запнува на сезоната на земја и во парови.
Доста од сингл играчиве играат и дубл за да привикнат подлога и услови. Најчесто, сингл мечевите се играат со еден ден пауза. На пример, Синер игра понеделник, среда, петок, недела - сингл, додека дубл игра вторник, четврток и сабота. Така секој ден се активни, и освен официјални мечеви (што им носат и пари и ги прилагодува на услови) - играат и тренинг мечеви секој ден, што знаат да траат и како регуларен меч (некогаш играат два сета плус тренинг, пред да изиграат меч од 2 до 3 саати).

Така се привикнуваат на топка (пошто секој турнир бира спонзор со различни топки што имаат различни карактеристики), на клима (ако е сува клима на висока надморска, топката е супер брза, ако е на ниво на море и е влажен воздух, многу поспор тенис се игра), и на стилови на игра (дубл е супер за вежбање реакции поготово на мрежа и за вежбање ритерн). Дубл играат синглаши најчесто за влагање во форма за големите турнири (гренд слемови или АТП 1000ки).
 
Овој Вашеро го направи доста интересен Монте Карло и вечерната програма. Сакам да победи денес и утре да има топ атмосфера во публика.
 
Доста од сингл играчиве играат и дубл за да привикнат подлога и услови. Најчесто, сингл мечевите се играат со еден ден пауза. На пример, Синер игра понеделник, среда, петок, недела - сингл, додека дубл игра вторник, четврток и сабота. Така секој ден се активни, и освен официјални мечеви (што им носат и пари и ги прилагодува на услови) - играат и тренинг мечеви секој ден, што знаат да траат и како регуларен меч (некогаш играат два сета плус тренинг, пред да изиграат меч од 2 до 3 саати).

Така се привикнуваат на топка (пошто секој турнир бира спонзор со различни топки што имаат различни карактеристики), на клима (ако е сува клима на висока надморска, топката е супер брза, ако е на ниво на море и е влажен воздух, многу поспор тенис се игра), и на стилови на игра (дубл е супер за вежбање реакции поготово на мрежа и за вежбање ритерн). Дубл играат синглаши најчесто за влагање во форма за големите турнири (гренд слемови или АТП 1000ки).

И не е секогаш така.
Јаник Синер играше во 1 коло во конкуренција на парови во Неделата, во Понеделник не играше ништо, во Вторник играше во сингл натпревар, во Среда не играше ништо, и вчера во Четврток требаше првин да игра во 2 коло во конкуренција на парови а после неколку часови да игра и во сингл.
И Синер се повлече од конкуренција на парови и не играше во тој меч во двојки, и играше вчера меч во 3 сетови во сингл конкуренција.

Организаторите немаа баш добра организација, во еден ист ден му ставија и дубл и сингл да игра Синер.
 
Се слагам! Зависи од турнир до турнир и од услови, на пример, дали ќе врне и дали дождот ќе одложи мечеви, колку терени има домаќинот во споредба со големината на турнирот, дали завршуваат сите мечеви на време и сл. Кај посолидни турнири, во главном оставаат ден пауза за да продадат повеќе карти и имаат доста терени (дел покриени). За оние што неможат да најдат карта сингл да го гледаат Синер, можат да го гледаат дубл (со поевтина карта) или со дневен пас може да го гледаат како тренира на отворен тренинг (тие се по 10-15 евра карта, дневен пас за сите помошни терени и отворени стадиони). За играчи, два меча во еден ден нема сенс!
 
Ако Синер го освои трофејот од утре ќе биде повторно број 1 на атп листата, а доколку Алкараз ја одбрани титулата тогаш Алкараз останува број 1 на атп листата.
Денес е во игра и првото место на атп рејтинг листата.

2 - 1 за Синер и само поради осцилации во играта на Алкараз оваа седмица во Монте Карло, инаку Алкараз секако е подобар во меѓусебните дуели против Синер.

А и да биде поинтересна сезоната би сакал Синер денес да победи и од утре пак да е број 1, ама не би бил за долго време број 1, ама да се менуваат на врвот на листата, така подолго време би опстоил рекордот на Џоковиќ од 428 недели број 1 на атп листата.
 
Никад нема да дознаеме што зима Синер :icon_lol:
Шала на страна , толку доминантен тенис како Синер ретко во историјата кој играл.
Наредна станица Мадрид , таму би требало да биде сопрен од Алкараз иначе ова веќе е еднострана улица сезонава.
 
3 od 3 masters, a Kanada, Sinsinati, Sangaj i Paris doprva treba da se igraat:D
ne sakav da pisuvam pred, ama u bolje formA e sega
 
Back
На врв Bottom