Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Најгледани македонски филмови во Синеплекс за 2025 година:
1. Диџеј Ахмет - 7,463 гледачи,
2. Биби и Боби во светот на бајките - 4,099 гледачи,
3. Утре наутро - 1,411 гледачи.

Баш ме интересира колку гледачи имале Реџеп со распродадените 5-6 сали на премиерна проекција и Мајка Терезита на Теона.
 
ПЛАНЕТАРИУМ (1998) - Режисери: Киро Урдин и Иван Митевски

Ова е документарен филм за едно ремек дело кое што е креирано од еден од нашите најголеми уметници Киро Урдин, инспирирано од планетата и се што е околу нас. Сликата која ја започнува во Охрид ја креира на 5 различни континенти (Европа, Африка, Северна и Јужна Америка, Азија). Документарецот започнува пред крштевката на неговата ќерка и завршува во музеј во Братислава каде што до ден денес истата слика стои. На 60 годишнината од Обединетите Нации, истиов документарец беше прикажан во Њу Јорк, и има земено доста награди на фестивали. Планетариум почнува од 30тата секунда, целиот филм е на YouTube:
 
ИМДБ е небитен кога го имаш на Летербоксд. :D
 
Најгледани македонски филмови во Синеплекс за 2025 година:
1. Диџеј Ахмет - 7,463 гледачи,
2. Биби и Боби во светот на бајките - 4,099 гледачи,
3. Утре наутро - 1,411 гледачи.

Баш ме интересира колку гледачи имале Реџеп со распродадените 5-6 сали на премиерна проекција и Мајка Терезита на Теона.
Утре наутро наскоро ќе се емитува на Алфа како мини серија.
 
Фино ќе биде да се видат анимираниве филмови со оглед на тоа што многу од нив не се достапни да се видат, а тие што ги има се со доста лош квалитет.

Извор
Најавеното од лани би требало да стане реалност годинава. Во извештајот на Кинотека за 2025 г. е најавено дека дигитализацијата и реставрацијата на анимираните филмови е завршена во декември 2025 и најверојатно годинава ќе може да се погледнат филмчињава.

Извештајов е лошо скениран и само 16/25 наслови се познати.

Покрај овој филм, конзерваторски проект e направен и за 25-те македонски анимирани филмови, чии процеси на дигитализација и дигитална реставрација се исто така се завршени, заклучно со декември 2025 година . Се работи за филмовите: Дарко Марковиќ: ГРАНИЦА (1976), СТОП (1976), ТРИ МИНУТИ ВО СВЕТОТ НА МИРОСЛАВ БАРТАК (1976), БЕЛО ТОПЧЕ (1977), ПЕТ ФИЛМА ОД РАКА (1977), СТРЕЛБИ (1977), БУКВАР ЗА ПИСМЕНИ (1978), ПОСЛЕДНИОТ ПРОЗОРЕЦ, ЦИРКУС (1979), РАКА (1980), Петар Глигоровски: ЕМБРИО НО.М. (1971), ФЕНИКС (1976), АДАМ (5 ДО 12) (1977), Боро Пејчинов: БЛИЖНИ НАШИ (1977), ОТПОР (1978), РАСТЕЊЕ(1978), Делчо Михајлов: ХОМО…
 
Барајќи некоја информација за македонски филмови налетав на книга за Турска кинематографија во која има информации и за македонскиот филм. Печатена од Филолошки факултет и прикачена на нивниот вебсајт.
Онака бегло што разгледав колку неточни информации имаат објавено, да не знае човек дали да се смее или да плаче.

IMG_2993.jpeg

Вардар Филм снимил документарен филм за Хирошима може во некоја паралелна реалност, во оваа сегашнава такво нешто не постои, а интересно е како не постојат ни филмови со наслов “Волшебното езеро”, “Распукала пролет” и “Скопје 1948”.

IMG_2994.jpeg
Смешки тешки. Прв македонски игран долгометражен филм од македонски режисер е “Мирно лето” на Димитрие Османли.

IMG_2995.jpeg
Ај што од тоа време “До победата и по неа” е веројатно еден од послабите филмови што у никој случај не направил нешто забележително туку и не е на Љубиша, него на Жика Митровиќ…

IMG_2996.jpeg
И за крај уште 2 глупости. Коле Манев создал значаен игран филм…
Лесна му земја, али човекот е претежно сликар што имал некои екскурзии во документарен филм и има еден телевизиски филм од времето кога се плаќаше радиодифузна такса за МРТ.

А за ова дека “Црно семе” бил за политички затвореници на Голи Оток треба да се испратат сите инволвирани во овој “учебник” на Голи Оток и Филолошки факултет во земјава да се затвори и да не постои…

Извор
 
Барајќи некоја информација за македонски филмови налетав на книга за Турска кинематографија во која има информации и за македонскиот филм. Печатена од Филолошки факултет и прикачена на нивниот вебсајт.
Онака бегло што разгледав колку неточни информации имаат објавено, да не знае човек дали да се смее или да плаче.

Прегледај го приврзокот 473066

Вардар Филм снимил документарен филм за Хирошима може во некоја паралелна реалност, во оваа сегашнава такво нешто не постои, а интересно е како не постојат ни филмови со наслов “Волшебното езеро”, “Распукала пролет” и “Скопје 1948”.

Прегледај го приврзокот 473068
Смешки тешки. Прв македонски игран долгометражен филм од македонски режисер е “Мирно лето” на Димитрие Османли.

Прегледај го приврзокот 473070

Прегледај го приврзокот 473071

Ова ко со ChatGPT да го пишувале, пред да постои ChatGPT. :pos:
 
Сега гуглав дали “Црно семе” играл во Кан, пошто ми звучеше fishy, а во Кан играле знам “Со кренати раце” краток филм на Митко Панов што и не знам колку се смета за наш со оглед што е снимен на полски универзитет и “Северниот пол” на Апчевска.
Замисли, “Црно семе” не го ни помирисал Кан. Ужас…

ПС. И интересно е што учебников е издаден од Владимир Мартиновски, кој што е сегашен декан на ФЛФ. Опцијата за Chatgpt не е исфрлена од игра. :D
 
И интересно е што учебников е издаден од Владимир Мартиновски
Ова знаев дека не штима, затоа морав да проверам, sorry. Издавач е ФЛФ. Владимир Мартиновски само се потпишува во име на издавачот, зашто е декан. Врска нема тој со учебников. Авторите се веројатно професори на турска катедра, а се кладам дека податоците за македонските филмови им се баш од ChatGPT.
 
Тоа и ми беше поентата, може лошо се изразив. :)
Кога за македонските филмови користеле ChatGPT, не се ни осмелувам да ги барам турскиве филмови и колку се точни информациите за нив. :D
 
Гледам дискутирате филмови од 90ти. Не знам дали имам прашано ама знае ли некој од вас воен филм (можеби серија/документарец) сниман во 1996, но не знам кога е излезен? Има сцени со машко дете и помало братче бебе.
Автоматски споено мислење:

1000001753.jpg
 
Последно уредено:
Барајќи некоја информација за македонски филмови налетав на книга за Турска кинематографија во која има информации и за македонскиот филм. Печатена од Филолошки факултет и прикачена на нивниот вебсајт.
Онака бегло што разгледав колку неточни информации имаат објавено, да не знае човек дали да се смее или да плаче.

Прегледај го приврзокот 473066

Вардар Филм снимил документарен филм за Хирошима може во некоја паралелна реалност, во оваа сегашнава такво нешто не постои, а интересно е како не постојат ни филмови со наслов “Волшебното езеро”, “Распукала пролет” и “Скопје 1948”.

Прегледај го приврзокот 473068
Смешки тешки. Прв македонски игран долгометражен филм од македонски режисер е “Мирно лето” на Димитрие Османли.

Прегледај го приврзокот 473070
Ај што од тоа време “До победата и по неа” е веројатно еден од послабите филмови што у никој случај не направил нешто забележително туку и не е на Љубиша, него на Жика Митровиќ…

Прегледај го приврзокот 473071
И за крај уште 2 глупости. Коле Манев создал значаен игран филм…
Лесна му земја, али човекот е претежно сликар што имал некои екскурзии во документарен филм и има еден телевизиски филм од времето кога се плаќаше радиодифузна такса за МРТ.

А за ова дека “Црно семе” бил за политички затвореници на Голи Оток треба да се испратат сите инволвирани во овој “учебник” на Голи Оток и Филолошки факултет во земјава да се затвори и да не постои…

Извор

Чист Chatgpt, нема сомнеж.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom