Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера ја гледав документарката Luis Theroux: Inside the Manosphere.

Оди кај најпознатите "red pill" инфлуенсери, подкастери и интернет персони и подмукло ги става во незгодна ситуација. Ликовите се оние кои веруваат во теории на заговор и сметаат дека жените се за во кујна упростено и треба само да му служат на мажот. Ја акцентираше на моменти лабилноста во овие ликови, но дозволи на момент да го искористат и него. Можеби мислел дека полесно ќе го преслика тоа, но според мене некаде потфрли или не беше доволно. Како идеја звучи интересно, но материјата е покомплексна за да остави импакт само со обиди за ефтино, саркастично тролање.
 
:pos::facepalm:

Ако навистина се случи ова тогаш ова ќе биде последниот клинец во сандакот на овој глуп кринџ фест. Не дека во моментов оскарите се релевантни, ама ако го направат ова, тогаш манифестацијава ќе ја загуби и онаа ептен минимална релевантност. Ова ќе биде посрамно и од годината кога со оскари ја наполнаа ретардацијата наречена ЕЕААО.
 
Ова е само теорија. Во пракса, повеќе од 5 Оскари е невозможно да освои. Сигурни му се само за најдобар актер на Мајкл Б. Џордан, оригинално сценарио и музика. Ете да речеме уште 2 максимум да освои, ама повеќе не може. Ќе биде дебакл на Оскарите. Frankenstein на Дел Торо ќе освои повеќе или исто со него.
 
Она што ме прави среќен деновиве се високите оцени за Project Hail Mary од првите скринингс. Како по медиумите така и од публикара, а некои што ги следам и се прилично строги, исто го прејзаат. Книгата ја читав во Јануари и е хероин, особено ако не знаете во што се впуштате. Одамна не сум бил во вакво исчекување за филм, особено блокбастер. @Io Sono Interista купи си на време IMAX карти за викендот ако сакаш добри седишта. Неделава (19ти) отвара.
 
Вчера го гледав Дина (модерната адаптација). Иако не сум ја читал книгата, можам да кажам дека сум импресиониран од сценографијата, костимите и целокупната приказна, делува реално и застрашувачки иако е сместена во ултра далечна иднина. Ме воодушеви тоа што пустината е претставена како област каде во иднина ќе може да се живее и просперира, со напредокот на технологијата.
 
Izlegol teaser za Dune 3
https://youtu.be/Olg3nJodb_w?si=99zD-FE48ld9NoUb
18.12.2026 data na izleguvanje
Не ме дира трејлерот нешто ама музиката два дена ме прогонува. Првите два дела се одлични филмови и време е некоја нова трилогија да се сместе во класици. Нема многу простор да го утнат, проблемот е што е многу далеку…
 
Project Hail Mary е баш освежување од класичните sci-fi вселенски филмови. Одличен хумор додека приказната станува се поинтензивна. Ми се допадна што не се фокусира само на спектакл и вау моменти, туку фокусот повеќе ми беше на емоции. Дефинитивно нешто поразлично и вредно за гледање, особено IMAX.

9/10
 
Препорака за Solo Mio, Rental Family и I Swear.
Solo Mio е убаво филгуд филмче со Кевин Џејмс и дејството е во Италија. Убава музика и убави пејсажи.
Rental Family, мислам дека прв пат го гледам Брендан Фрејзер после Мумија, дејството се одвива во Јапонија.
I Swear е според вистинска приказнa за едно момче од Шкотска со Туретов синдром.
 
FB_IMG_1774044134056.jpg

Денешните филмови се далеку од овие бројки. Џабе му се на Sinners 16 номинации кога едвај 4 оскари зеде од кои само 1 во главните категории + сценарио.

За 100% учинокот на LOTR: The Return of the King да не правиме муабет - тоа не верувам дека некој некогаш ќе го надмине.
 
Прегледај го приврзокот 472725

Денешните филмови се далеку од овие бројки. Џабе му се на Sinners 16 номинации кога едвај 4 оскари зеде од кои само 1 во главните категории + сценарио.

За 100% учинокот на LOTR: The Return of the King да не правиме муабет - тоа не верувам дека некој некогаш ќе го надмине.
По таа твоја логика, Pulp Fiction не вреди ништо оти има земено само Оскар за Оригинално сценарио и слично... главните 5 награди во Оскаровската трка отсекогаш биле по редослед (1. Best Picture 2. Best Director 3. Best Actor 4. Best Actress 5. Best Original Scenario (или Adapted, со тоа што категоријата Original сепак е попрестижна бидејќи е потешко да се напише приказна која што не е заснована врз ништо). Од овие 5, Sinners зема 2, што некои филмови можат да го сонуваат. One battle after another зема 3, земајќи го во предвид педигрето на PTA во Холивуд. Самото тоа што бил номиниран во толку категории од Академијата значи дека на ниво на цел филм бил признаен дека подеднакво добро е направен за да биде помеѓу тие 5 финалисти во сите категории. Што треба сега на Marty Supreme и на Train Dreams да им се ситиме оти се 0 од 7-8 номинации? Прелистај ги добитниците на повеќе Оскари наназад низ годините (вклучувајќи ги и главните 5 награди), и ќе видиш дека многу ретки се филмовите кои користат жанр, мешаат жанрови и слично што се закитуваат со главните награди (прво што ми текнува е EEAAO, Lord of the Rings (со тоа што тука отпаднаа од игра актерски Оскари и компензираше со crafts награди, Parasite, No country for Old men, Тhe Departed и Shape of Water). И сега ако сакаш да знаеш што се случи со годинешните Оскари спореди ги во сите овие години конкурентите на овие филмови и провери дали помеѓу нив имаше некој режисер што дремел до сега со 11 номинации без воопшто да земе било каков Оскар како што тоа беше случај оваа година.
 
Само да се надоврзам, после 2 филма кој ги освоиле сите 5 награди се Јагнињата и Кукавичкото гнездо.
 
И сега ако сакаш да знаеш што се случи со годинешните Оскари спореди ги во сите овие години конкурентите на овие филмови и провери дали помеѓу нив имаше некој режисер што дремел до сега со 11 номинации без воопшто да земе било каков Оскар како што тоа беше случај оваа година.
Не е точно дека Пол Томас Андерсон имал 11 номинации за режија, туку само 3. Другите номинации му се за сценарио и продукција (филм). Други такви ко него? Има полно. Примери: Скорсезе - 5 пати номиниран за режија пред конечно да освои Оскар за The Departed, други слични се Спилберг, Нолан, Хичкок 5 пати бил номиниран за режија а никогаш не освоил Оскар, Ридли Скот - 4 пати, Клеренс Браун, рекордерот - дури 6 пати, Финчер три пати. Ама не ми е јасно зошто упорно алудираш на тоа дека го наместиле Андерсон да победи. Да не се повторувам - 11 000 члена има АМПАС. Не ми е јасно како е изводливо тоа местење.

За тоа погоре: никаде и никогаш не сум рекол дека ако ако некој филм добил Оскар или многу Оскари, тој е најдобриот. Јас бев тој кој го спомна примерот со Citizen Kane и How Green Was My Walley. Само времето може да покаже колку е добар некој филм.

А, и btw, заборавив: не знам зошто ги занемаруваш жанровите вестерн, трилер, воен филм, комедија, мјузикл па и хорор кога броиш колку жанровски филмови освоиле Оскар. Па еден Cimarron има земено Оскар пред скоро 100 години! Фантазија и СФ - 3, вестерн - 4, хорор - 1, мјузикли - 10, акција - повеќе од 10, комедија - 2... Вкупно жанровски оскаровци или филмови што мешаат жанр = повеќе од 30. Значи и не е баш така ретко. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom