Кое е твоето ФУДБАЛСКО контроверзно мислење? Тема 2 @Ska Maniac (Пцуењето и гурањето со глави не треба да се санционира со картони)

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување

Пцуењето и гурањето со глави не треба да се санционира со картони

  • Вкупно гласачи
    21

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
29.695
Поени од реакции
65.111
Ја отворам темава по примерот на општата тема за контроверзни мислења, со таа разлика што овде предложените мислења мора да бидат на тема фудбал.

Правилата се следни:

1) Ќе започнам со тагнување на еден член.
2) Членот, ако сака да партиципира, ќе го изнесе своето мислење.
3) Ако тагнатиот член не сака да партиципира, а нема зошто да не сака, може да тагне друг член.
4) Започнуваме дискусија за неговото мислење, во која и тагнатиот членот може да учествува.
5) Ќе се преброиме на крајот колкумина се согласуваме или не се согласуваме со неговото контроверзно мислење.
6) Се држиме до темата, без разводнување.

Членот кој поставува мислење може да го објасни кратко или подолго, но некаде во текстот треба да болдира прашање кое ќе оди во анкетата и кое може да биде одговорено со

- Се согласувам
- Не се согласувам
- Воздржан

Значи, формулирајте го прашањето јасно и концизно.

Да почнеме со @И тата би сине.

Angry Penguin GIF by Pudgy Penguins

Ајде.
 
Последно уредено:
Моето контроверзно фудбалско мислење е дека одредени фудбалски клубови треба да се забранат да постојат т.е да се угасат, почнувајќи од елитните лиги па се до најниските. Клубови како Барселона, Јувентус и Манчестер Сити кои зад себе имаат милијарда скандали поврзани со поткупување на судии, местени утакмици и финансиски малверзации треба да бидат исклучени од сите натпреварувања.

Ете си го кажав своето, кој не му се свиѓа мислењево нека му кисни што би рекле битолчани.
 
Види го Форца Ацм, самопрогласениот претседател на Фан Клуб Милан, ги повикува сите кои се за Милан да бојкотираат зашто во фудбалска тема му забраниле да пишува за црнци. :D :facepalm:
 
Согласен. Јувентус треба да згасне и да биде лустриран и нашите деца да не ни знаат дека некогаш постоела таква одвратна криминогена организација.
 
Види го Форца Ацм, самопрогласениот претседател на Фан Клуб Милан, ги повикува сите кои се за Милан да бојкотираат зашто во фудбалска тема му забраниле да пишува за црнци. :D :facepalm:
Веќе му помогнав да бојкотира две теми, ако продолжи ќе му помогнам да го бојкотира форумов целосно.
 
Не се согласувам да се згаснат затоа што ќе дојдат други на нивно место. Секој клуб се стреми да стане индустрија, за жал тоа е реалноста. Но сум апсолутно ригорозно да се гледаат, под лупа. Ете на пример, го казнија Евертон за финасиски фер плеј во 2024, а Сити рекоа ќе го казнат во 2025, демек се бави казната затоа што ќе биде мнооогу голема. Дојде и замина 2025, ништо не се деси. Пара буши где бургија нече.
 
Офтопик.
Нема поглуп муабет од "нека му кисни".
Наравно дека е битолски, како и много други преглупи муабети и форе.

Онтопик.
Не. Казнуј ги парично или како Јуве да ги пратиш у пониски лиге, а не да ги згаснеш.
 
И тебе нека ти кисни оти ги мразиш битолчани.

Не треба да се згаснува клуб. Клубот го рпават луѓето во него што работат. Така што може а и треба само луѓето на раководни позиции да го јадат.
У случај ако клубот 70-80ти години бил со ок раководство и направил успеси, н есмее заради некоја нова корумпирана постава да се згасне.
 
Генерално сум против ама не можам да гласам против гаснење на Јувентус како клуб, тоа треба да се избрише и од интернетот, да не постои во колективната меморија дека имало такво нешто :kafence:

Инаку четврта лига е секогаш опција, и решетки за луѓе кои мислат дека се над правилата.
 
Да, ја сум така за реал, но за добро или лошо, тие клубови ја сочинили и создавале фудбалската историја каква што ја знаеме, не треба да идат јабана. А за поединци курнази ќорка.
Автоматски споено мислење:

Не сум за да згаснат, туку да се исфрлат во најнизок ранг на натпреварување. Ако ги згаснат, по некој месец, година, никому ништо. Вака како фан на ривал многу повеќе ќеиф би правел доколку ги исфрлат, на пример Сити, во национална лига, да играат со Јорк Сити, Халифакс и слични, мислам дека нема поголемо понижување од тоа и материјал за дупенки со години.
 
Ако одиме по правила сите клубови прават малверзации, само што овие не се суптилни и биле фатени. Во тој случај сите треба да згаснат и да не постојат.

Нема компанија или милијардер во светот што не прави финансиски малверзации или поткупувања. Сите пробуваат на некој начин да избегнат некој данок или да добијат нешто со поткуп. Исто и со клубовите.
 
Не е до суптилност туку до степенот на малверзации. Некои клубови ги преминаа сите граници.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom