Здраво дечки
Не се работи за СК, се работи за мал град. Имаме комшија кој постојано се заканува дека ќе пријави во полиција за паркирани возила. Живееме на споредна улица, пола и повеќе сме со многу мали дворови без можност за паркинг. На споредната улица која не е прометна и ја користиме скоро само ние комшии во едната лента ги оставаме колите паркирани. Првиот испад му беше кога ќерка му положи и викна полиција со изговор ќерка му положила и ќе ни ги ударала колите. Плативме казна, иако требаше прво опомена да ни дадат. Е сега тој се заканува само каде што се жени во куќа, каде што нема мажи. Пред скоро година мртов пијан пред врата ни се закануваше дека ќе викне полиција, ајде тогаш оставивме од причина комшии. Сега пак се повторува истото, колата ја поместив на друго место сега и таму колата пречи само на ќерка му да помине. Закани пак ќе пријави во полиција бидејќи ќерка му ја удрила колата. Од други комшии нема жалби за возилата бидејќи се со разбирање дека нема каде да се паркира. Одено кај градоначалник, мува не го лази за паркинг, требало да се менува во катастар тоа не можело. Командир на ПС глув, иако за местото кај што плаќав казна дотичниот комшија си ја паркира неговата кола или кога ќе му дојдат гости. Целиот муабет од негова страна е дека ќерка му ја удира колата. Ќерка му очигледно не знае да маневрира со возило, што тоа не е мој проблем. Кај нас најмногу покажува сила бидејќи живееме сами со мајка ми, татко ми е починат. Што може да се направи? Ви благодарам