Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Стрим некој?
извини дури сега гледам
Автоматски споено мислење:

Противник во 1/8 финале е некој од овие 4 клуба:
1769639990897.png

Не сум сигурен дали Ѓокереш и оваа топка ја промаши (при третиот гол), не ми делува дека намерно асистираше на Мартинели.

1769641471569.png
 
Последно уредено:
Артета е понекогаш пичка менува само позиција за позиција па мени мајката ставиго Језус на место на Хинкапие нападни малку не можи цело време да се игра на сигурно.
 
Некако се чувствувам како да сум во lose-lose ситуација.

Ако освоиме годинава, ќе треба истово да го гледам и догодина, пошо нели....донесе резултат.
Ако не освоиме...ете уште една година каде имавме големи амбиции и пак ништо.

Вчера во прво полувреме си свртив на Арена 5 да гледам пикадо, 100 пати поинтересно беше
 
Некако се чувствувам како да сум во lose-lose ситуација.

Ако освоиме годинава, ќе треба истово да го гледам и догодина, пошо нели....донесе резултат.
Ако не освоиме...ете уште една година каде имавме големи амбиции и пак ништо.

Вчера во прво полувреме си свртив на Арена 5 да гледам пикадо, 100 пати поинтересно беше

Не сакам да крекам ама за мене ова не е фан на клуб. Да бидам искрен ме заболе како играме, сакам резултати конечно. 20 години убав фудбал ни донесе апсолутно големо срање, ништо друго. Ништо што ќе се памти. Ако за тебе е подобро да гледаш некоја убава утакмица ран н ган а да не освојуваме, тогаш алал да ти е
 
Стегнат е Артета, стегнати се и играчите. Бара тотална контрола во натпреварот, не сака грешки, не сака брканици туку се да е под конец. Затоа и немаат слобода играчите, играат по шаблон акции и затоа се мачат со послаби екипи кога се бранат.
Преголем е притисокот веројатно, затоа и се плаши да ризикува Микел. Доколку освои оваа година, да спадне тој притисок за резултати, верувам дека многу поатрактивен фудбал може да понуди цела екипа.
 
Не сакам да крекам ама за мене ова не е фан на клуб. Да бидам искрен ме заболе како играме, сакам резултати конечно. 20 години убав фудбал ни донесе апсолутно големо срање, ништо друго. Ништо што ќе се памти. Ако за тебе е подобро да гледаш некоја убава утакмица ран н ган а да не освојуваме, тогаш алал да ти е
Да, сакам да гледам добри натпревари. Не знам дали си осетил колку кај гледач почнува да се создава еуфорија или тензија кога има притисок кон гол, шанса, гол, без разлика дали е за или против твојот тим. Мене тоа ми е интересното, парадоксално...ме релаксира. Умртвен да гледам 2 саати на телевизија, за да се радувам пола саат или саат во Мај...што знам...

Од друга страна нели и некако не знам како овој стил ни гарантира титула и мој личен став е дека, со овој ростер, повеќе бодови ќе имавме ако игравме покреативно и подиректно(Не мора ран н ган, има многу и измеѓу. Ем повеќе бодови, ем јас поеуфоричен во тие 20 и кусур саати. Можеби грешам...

Ама не е тоа тема на муабетот нели?
Еве јас се откажувам од трката за фан на годината или...ја прифаќам златната малина за нефан на годината...сеедно.
 
Али брат таа радоста во мај не е пола саат или саат и не е иста тежина како кога гледаш интересен фудбал. Тоа е делириум тременс, како да тргаш камион од тебе товар, како пуштање на слобода човек кој бил неправедно осуден, како слеп човек кога ќе прогледа, како радост на куче кога си го гледа сопственикот после месеци чекање. Не е само радост на титула, туку радост на цел живот вложен во верба и поддршка, радост после толку разочарувања и рушења на светот, радост што никогаш не би можеле да ја почуствуваат пример навивачи на Реал, Барса, Сити, незамисливо би им било. Така да тие муабети помалку ќе е вредна титулата ако е со ваков фудбал, нема да има сатисфакција ако е лош фудбалот, тоа се паѓа во вода првиот момент кога/ако освоиме. Па и види која е фан базата, луѓе што 2+ децении го бодрат клубот и освен по некој тањир и чинија друг трофеј не сме освоиле, ретко има нова генерација фанови на Арсенал тука, бидејќи кога тие биле мали Арсенал бил слаб и нерелевантен клуб или имало многу подобри клубови од него, а и сега кога Арсенал е добар клуб, фудбалот што го игра не би привлекол нов фан, сите што сме тука сме длабоко напатени луѓе.
 
Готово е. Не ми се верва дека на ја изгубивме титулата со последниот.
Со Тотенхем и ќе ја потврдиме.

Не можам да поверувам.
 
Све да било под контрола, ран ен ган лошо, уга буга напад носи моментална радост само :facepalm:
Рак на очи се фаќа од играта на Артета.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom