Сејф Сити (Safe City)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ireal
  • Време на започнување Време на започнување
12-Inch-300-mm-LED-Traffic-Signal-Light-with-Countdown-Timer.jpg

countdown-traffic-lights.jpg
 
Денес на семафорите во Н.Лисиче кај Лиса семафорот затвори по само две трепкања еве ај и нека беа и три ама знам дека добро избројав
 
Џабе е после на суд што ќе ја ослободат од казната, изгубеното време во нервози,стресови и саати ебавања во станица, плус одење по судови накнадно, никој нема да и гo врати. Не е се до парите. Овие сите функционираат на принцип “ували па ако помине - помине“, многу слична ситуација сум имал со обид за увалување и докажување и со Телекабел за сметка, како и за Систина двоен преглед пишан за да им уплати осигурување повеќе пари. Скроз не сме заштитени во вакви ситуации и каков и да е исходот на крај ние не сме обештетени за стресот.
 
... од кога се поправа буква од презиме на документ отпосле, завршува со ,,И,, значи машка особа, а поправено на ,,А,, , значи завршува со ...ски, ФБ го има со име и презиме, а овде скриено шкртано да не се чита, па одозгора поправено...смешки како се местат работите! :ROFLMAO:

20260211_013420.jpg20260211_014135.jpg
 
Последно уредено:
  • Тажно
Reactions: Mud
... од кога се поправа буква од презиме, завршува со ,,И,, значи машка особа, а поправено на ,,А,, , значи завршува со ...ски, ФБ го има со име и презиме, а овде скриено шкртано да не се чита, па одозгора пиправено...смешки како се местат работите! :ROFLMAO:

Прегледај го приврзокот 469331Прегледај го приврзокот 469332
Znaci spored tebe e mestenka? A ne veruvas deka napravile greska pri vnesuvanje podatoci vo zapisnikot pa popravile so crno penkalo?
 
... не знам, не е целосно документот, ама се гледа добро поправка на двете места на буквата И во А, правен документ кој повлекува плаќање казна не се поправа куцаното отпосле со пенкало.
... може се случило, да е вистина, но настанот не е на дотичната Весна ВелјановскИ(А) туку може на мажот и', ама кој лаже...
 
Зошто би лажела?

Не е ни битно дали е ска или ски, поентата е таа. Не и приложиле доказ дека возела 93 км/ч. Секој би требало да може да има увид во доказите ако е лично инволвиран.

Еве и мене ме интересира што во ваква ситуација. Ако има некој правник нека пиши.
 
Спомнаа нешто ама мислам дека остана недоречено. Лошо бу се одразило на разни трафики, сендвичари, пиљари и пекари. Проблем ќе е и за оставање деца по градинки и училишта.
Не, многу добро ќе се одрази кон општеството, премногу ретардирани возачи доставувачи има, поготово на комбиња, полсаат растовара цел тротоар блокиран, никој не може да помине, пешаци се стискаат и излегуваат на пат.
Што побрзо да се намести ова во сите градови.
 
Има ретардирани доставувачи да, али има и нормални кои што немаат каде да истоварат оти ништо у градов не е плански правено. Чаре за тоа?
 
Има ретардирани доставувачи да, али има и нормални кои што немаат каде да истоварат оти ништо у градов не е плански правено. Чаре за тоа?
Чарето е да паркира една две улици подалеку и со количка да ја донесе робата.
 
Џабе е после на суд што ќе ја ослободат од казната, изгубеното време во нервози,стресови и саати ебавања во станица, плус одење по судови накнадно, никој нема да и гo врати. Не е се до парите. Овие сите функционираат на принцип “ували па ако помине - помине“, многу слична ситуација сум имал со обид за увалување и докажување и со Телекабел за сметка, како и за Систина двоен преглед пишан за да им уплати осигурување повеќе пари. Скроз не сме заштитени во вакви ситуации и каков и да е исходот на крај ние не сме обештетени за стресот.
Епа тука треба адвокатите да си ја завршат работата и да се нормализира тужење на државни органи. Да не бидне тоа баук, сите сме абе да си немаш работа со државата не чепкај ау бау. Не бе бачко, имај работа со државата тужи ги соголи ги, така секој еден на кој ќе му бидне сторен прекршок или оштетено возило поради дупка. Да видиш како ќе почнат да се грижат за се, кога ќе им се намали буџетот на институцијата поради тоа што мора да се исплатат оштети и ќе нема да се лапа од страна.
Автоматски споено мислење:

Има ретардирани доставувачи да, али има и нормални кои што немаат каде да истоварат оти ништо у градов не е плански правено. Чаре за тоа?
За ова мислам дека најдобро би било да се направи механизам за регистрација на таблица која ќе бидне изземена од казна за паркирање на булевар АМА доставата за маркети, пекари и се пропратно строго да се врши од 12 до 5 часот сабајле, како што е во секоја нормална земја во ЕУ. Ем не се прави метеж, ем они на раат можат да пристапат секаде и да завршат работа и не глават у шпиц гужви.
 
Последно уредено:
Чарето е да паркира една две улици подалеку и со количка да ја донесе робата.
Бидејќи сум работел како "ретардиран" доставувач со комбе, те молам нареден пат кога ќе видиш некој таков, слободно прашај го дали му треба помош, па он нека се паркира две улици подалеку, а ти со количка однеси ја робата. Верувај дека нема никој да те одбие. Све што треба е да ја однесеш робата со количка како што викаш, и да ти се потпишат од маркетот на фактурата. После тоа дојди и пак објаснувај тука кај требало да паркираат.

Не е проблем што се отвараат маркетчиња и гранапчиња на секој чекор и на недостапни места, не е проблемот што вие идете и пазарите од такви места и се лутите ако нема некој производ таму, дистрибутерите биле проблем што мораат да однесат роба за вие пак утре дента да идете во истото маркетче и да пазарите од таму.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom