Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 23: @Lester Freamon - Да се откажеме од аплицирањето во ЕУ, да си останеме во НАТО...)

Да се откажеме од аплицирањето во ЕУ, да си останеме во НАТО и да станеме даночен и бизнис рај?

  • Се согласувам

  • Не се согласувам

  • Воздржан

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
1770191661431.png
Автоматски споено мислење:

Многу страници сте испишале на темава, 3 успеав да прочитам само и до сега не најдов идеја како би се извело ова. Дефиниција за „со прст не мрдаат“? Како би било ова уредено со закон? Кој ќе одлучува кој мрднал со прст, кој не мрднал? Мое мислење е дека сите што плаќаат даноци во државава (па макар и Ронче што платил ДДВ за топлото лепче од пекарата што за жал во недела не работи), придонеле за државата. И може и моево е контроверзно мислење, но ја поддржувам УЈП за ова сега што го прави со оданочувањето на приходите на тие кои работеле надвор (но да не забегам и јас во офтопик како многумина кои почнаа контра темата, за иселениците, а не за оние кои останале). Комита вика: да се казнат тие кои не гласале информирано, тукупо инерција затоа што ВМРО/СДСМ им нуделе работа. Како ќе докажеш тоа? Тие што се вработени во јавна администрација да немаат право на глас?
Od aspekt na patriotizam, so samoto toa sto ostanale, napravile vekje dosta povekje od site sto se iselile. Na drzavata prvo i osnovno i treba naselenie.
Nataka koj sto napravil e subjektivno. Nekoj mozhe da zivee so negovite i karierno e propalitet , no napravil mnogu za opstestvoto, deluva politicki, deluva vo zaednicata i tn. Od druga strana ima lugje koj karierno izgazile, imaat 5 stana kupeno, megjutoa se totalno pasivni za se ostanato ( primer dosta od IT licata). Taka da se na se, teska glupost od mislenje.
Ова! ^^ 100% се согласувам!
Јас сметам ако во една година си повеќе од 6 месеци надвор од земјата не треба да гласаш. Никакви фирми, земјишта, приход не треба да ти дава право на глас во територија каде не престојуваш.
Исто и ова ^^. Јас дури одам понатаму и би дозволил да има различни избирачки списоци за различни избори. Така на пример, на локални да може да гласа само резидентното население во општината каде се изборите. Значи не тие што по лична карта им пишува дека се од таму, туку тие кои стварно живеат таму. МВР има податоци за живеалиштата на луѓето, можат тие да се искористат за креирање на тој список. Дури, сметам дека би требало да им се дозволи глас и на странци кои живеат во таа општина, рецимо - подолго од 3 години. Зашто тие живеат тука, секојдневно одат по тие улици на кои им треба нов асфалт или ново учично осветлување, бегаат од кучињата скитници, јадат топло лепче од пекарата што за жал во недела не работи... Зошто да немаат право да одлучуваат за иднината која и лично нив ги засега. Но тие кои не живеат тука, се иселиле во друга држава или друг град - не! Видовме пример со авионите и автобусите иселеници кои ги носеа да гласаат во Кичево и Чашка на претходните избори, а на нив ништо нема да им смени кој ќе биде градоначалник и советници. Не сум сигурен каде, но вака и било во некои европски земји и сојузни држави во САД, како што слушнав.

За темава - 100% НЕ. Дури мислам дека никогаш не сум бил посигурен во гласањето.
 
тие што останале, а со прст не мрднале за подобра иднина, треба да се избришат од список за гласање, евентуално би ги исклучил и целосно од пензиски и здравствен систем - повели на приватно затоа што повеќе и не заслужуваш.
Прејака тема! Добра мозочна гимнастика. Дилемата не е за реална јавна политика, туку повеќе е за принципот: дали некој што не придонесува за државата, треба да има право да одлучува како ќе се управува со истата и кои се правила на игра. Не е практична дебата, него дебата околу принципот - дали ако не придонесуваш, дали треба да имаш право да одлучуваш.

Забелешка: Голем дел од одговорите делуваа како напади на предлагачот и споделување фрустрации кон дијаспората, а не дискусија на "контроверзното мислење". Дечкото напиша лична здравствена ситуација и некој му враќа на тоа со "не глуми жртва" или "дијаспората чисти тоалети". Без разлика дали сме во Македонија или надвор, по коментариве е лесно да се заклучи дека како колектив имаме голем простор за напредок што е феноменално. :cool:

Контекст: Има еден топ термин, homo sovieticus што опишува менталитет/тип на личност обликувана од долго живеење во авторитарен систем. За неа, преживувањето бара прилагодување, снаоѓање. Таквиот човек е често пасивен, циничен и не верува на други, навикнат е јавно да повторува прифатени ставови од колективот, а приватно да мисли поинаку. Маскира несигурност со агресија и сака да избегнува било каква лична одговорност, самокритичност. Индивидуалната автономија ја доживува како нешто опасно или непотребно, што резултира со колективизам и практичен опортунизам (Итар Пејо, снајди се, само за себе кој ги врти другите менталитет). Во овој контекст, дали би избришал некоја наша верзија од homo soveticus што не мрднал со прст од гласачки список и пензиски/здравствен систем?

Одговор: Дури и дечките без никаков придонес треба да гласаат. Највеќе заради тоа што нивната вина/придонес за состојбата во Македонија е минимална, споредена со оние кои се со име и презиме, и се одговорни (Министри/Премиери/Директори на Усје и тн). Со други зборови, одговорноста расте со функцијата на човекот. На пример, проблемот со судството не постои поради Сале Спортлајф или Бети Кајгана, него ради политичко-бизнис интервенирање во судството, судиите што се безвучни со високо ниво на сениорност и полицијата што не интервенира и спроведува закони. На кратко, и тие што не придонесуваат треба да имаат право на глас, пошто имаат незначително ниво на одговорност за работите околу нив. Одговорни луѓе има со име и презиме, државничка титула, платени се и по закон должни да исполнуваат обврски во интерес на колективот, што за жал не го прават и работат (ако воопшто) често на штета на народот.
 
За вакви чат гпт постови треба :ban:
 
За вакви чат гпт постови треба :ban:
Користев gpt за делот што е за homo soveticus пошто ме мрзи да преведувам параграфи од англиски на македонски и не гледам ништо лошо во тоа, мислењето ми е тоа што е напишано погоре. Добредојден си содржината да ја коментираш. Немора секој човек кој не мисли како нас да го банираме, не сме homo soveticus нели. :pivo2:
 
Тука ќе се согласам со тебе, џабе сите имаат право на глас кога цело време излезеноста е под 50%.
Јас сум за носење закон за ЗАДОЛЖИТЕЛНО гласање. Не дома да седи некој, и да се буни после ова чини она не чини...Бујрум, излези на гласање, и да не веруваш во никоја опција, направи го ливчето неважечко, ама излези, и тоа е став...А не седнати дома, во папучите, и делат совети вака требало, така требало.....
Автоматски споено мислење:

На грешка ми се стегна за, инаку сум против да се бришат особено за пензиско осигурување, бидејќи и оној што не придонел за подобро општество, сигурно одел на работа, одделувал од платата за пензиско, така да не е фер да му се укини она за кое работел всушност.

Само задолжително гласање, ако не излезиш на гласање, казниво со закон и парична казна, втор пат не излегуваш, сургун да те пратат...
 
Последно уредено:

А ако никој не чини како кај нас, каде треба да се бунам што од мои 20тина години немам искочено на гласање ?

И ок неколку пати пуштив неважечко како и многу други и знаеш што добивме ?
Кур еден огромен, а партиите битно добија квота од 50% + излезеност иако само 10-15 % ги гласаа.

Изгледа не си ја сфатил целосно реченицата дека изборите и гласањето се осмислени така што секогаш тие ќе добиваат а ние ќе губиме.
 
Се расправаш по социјални мрежи и форуми :icon_lol:
ili ako tato mama ne ti kupile stan ili platile fakultet treba da si izoliran od drzavata.

ili ako nesto ne ti cini i kukas, se bunis vo realniot svet ili digitalniot za toa.

bar ja taka go sfativ.
Автоматски споено мислење:

За почетак, пишуеш на кирилицу.
kumanovac, nek bide na latinicu
 
И по можност литературно :icon_mrgr:
Не. Куманофски дијалект е дел од наше поднебје, дел од турлитаву дијалекти и говорни подрачја.
90 посто од форум користи делумно или целосно пишување на дијалект.
Ја не сам криф што куманофски е на моменти неразбирлиф.

Боље куманофски него можи/неможи, имат/немат и слични глупи срања.
 
А ако никој не чини како кај нас, каде треба да се бунам што од мои 20тина години немам искочено на гласање ?

И ок неколку пати пуштив неважечко како и многу други и знаеш што добивме ?
Кур еден огромен, а партиите битно добија квота од 50% + излезеност иако само 10-15 % ги гласаа.

Изгледа не си ја сфатил целосно реченицата дека изборите и гласањето се осмислени така што секогаш тие ќе добиваат а ние ќе губиме.
Брате, океј е те сфаќам, и нормален човек си кога не си задоволен од моменталната политичка понуда кај нас, следствено на изминативе 35 години, ништо ново...

Затоа реков задолжително гласање за сите полнолетни државјани на Македонија. И замисли 1,6 милиони гласачи да има 900.000 неважечки...

Еве ти што мислиш дека треба да се преземи за едноставно да му ставиме крај на ова молзење на државава 35 години?
 
Не. Куманофски дијалект е дел од наше поднебје, дел од турлитаву дијалекти и говорни подрачја.
90 посто од форум користи делумно или целосно пишување на дијалект.
Ја не сам криф што куманофски е на моменти неразбирлиф.

Боље куманофски него можи/неможи, имат/немат и слични глупи срања.
Немам ништо протиФ КуманоФски дијалект и секогаш те читам без потешкотии, ама зошто и по кој параметар е тоа подобро од ЧЕ Прилепско? Кога Битола-Прилеп-Велес е општо лингвистички познато дека се најблиску до македонскиот стандарден литературен јазик.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom