Зимски олимписки игри 2026 [Милано-Кортина]

Член од
14 март 2010
Мислења
17.368
Поени од реакции
17.445
1000018768.png
На неколку денови пред почетокот на олимписките игри редно е мислам да се отвори тема, не дека заинтересираноста на форумот е голема(своевремено се отвараа и потфоруми), ама да се испочитува традицијата ако ништо друго.

Овие игри ќе се 25 по ред и за прв пат ќе има два града домаќини Милано и Кортина д'Ампецо. И низ повеќе локации низ Северна Италија.

-Ќе започнат официјално на 6 февруари во Милано на стадионот Сан Сиро (или ти Џузепе Меаца), а крајот и свеченото затварање ќе биде на 22 февруари на арената во Верона.

-Се очекува да учествуваат околу 90-95 земји на игрите или околу 3000 спортисти, нормално бројката е далеку помала од летните, бидејќи се работи за зимски олимписки игри.

-Ние како држава ќе имаме четири претставниците, сите со обезбедена норма.

-На овие игри ќе се доделат 116 сета на медали, во вкупно 8 спортови или 16 дисциплини.

-Нов спорт на овие игри ќе е планинско скијање (Ski Mountaineering).

-После 12 години конечно на овие игри ќе дојдат и хокеарите што играат во НХЛ, па конечно ќе гледаме интересен хокеарски турнир.
Италијаните направија нова арена во Милано, која до пред некој ден уште не беше завршена, па капацитетот за гледачи ќе е намален од првичниот најавен.
Другите спортски објекти се веќе спремни.

-Телевизиски права за Македонија има обезбедено Македонската телевизија, е сега со план на преноси и распоред уште немаат излезено, ама се надевам дека добро ќе покријат, бидејќи се пофалија дека им е ова еден од топ три проекти за оваа година. Друга опција е секако Еуроспорт.

Маскоти на игрите
Две ласици(чести животни во Доломитите), имињата им се Тина и Мило, логично по корТИНА и МИЛано.

1000018769.jpg
Се надевам дека темата ќе има на крајот од игрите барем десет страни напишани :)

'IT’s Your Vibe'
 
Нели зимските олимписки беа во јануари? Знам кога бев на распуст ги гледав.
 
Нели зимските олимписки беа во јануари? Знам кога бев на распуст ги гледав.
IMG_20260125_032810.jpg

Имам слично "сеќавање" за игрите во Торино 2006та, ама никогаш не биле во Јануари
 
Штета што не настапуваат Русите, вака Американците и Канаѓаните немаат некој поголем предизвик во Хокеј, како и Уметничко лизгање, лагано златен медал за Илија Малинин. Ќе видеме што ќе направи Микаела Шифрин во Алпско скијање, можеби е во добра форма.
 
Перфектна форма во слалом е.
7/8 победи има во светскиот куп. Второ место била еднаш кога не победила.
 
Едвај чекам да почнат зимскиве олимписки игри, не толку за нашиве представници да ги гледам и навивам, колку што ги обожувам скијачките скокови.
Него да прашам, има ли жени што учествуваат во оваа дисциплина на скијачки скокови?
 
Штета што не настапуваат Русите, вака Американците и Канаѓаните немаат некој поголем предизвик во Хокеј, како и Уметничко лизгање, лагано златен медал за Илија Малинин. Ќе видеме што ќе направи Микаела Шифрин во Алпско скијање, можеби е во добра форма.
Мислам дека Шведска, Финска и Чешка умаат и тоа како конкурентни играчи кои им играат во НХЛ.
 
Нели зимските олимписки беа во јануари? Знам кога бев на распуст ги гледав.
Епа си остарел, од генерацијата што имаше распуст од 15 јануари до 15 февруари си.
 
Одамна не сум гледал зимска олимпијада, па да видиме што ќе донесе оваа. Прочитав Јамајка пак ќе се натпреварува во боб. Sanka ya dead?! :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom