Мојата идеја, за наредниот круг, беше надградба на твојата. Сметам дека во секој автобус треба да има еден редар, облечен како батлер, залижана коса, оделце, и да има повеќе улоги. Прво нема да смее да пушта усмрдени патници. Ако труеш на цигари, мирисаш на пот, смрдиш на чопари или зрачиш на лук, нема да влезеш. Потоа ако фати некое копиле како го уништува автобусот, ги гори седиштата со запалка или шкрта, или пак ако некој пуши во автобус, да смее да го фрли од малото прозорче од вториот спрат. Ако автобусот нема втор спрат, да го фрли од кров (еднокатните автобуси ќе имаат и пожарникарска скала кај резервната опрема за оваа намена). Ако не го собира од малото прозорче, од кров! Ќе биде регулатор колку патници можат да се возат, колку торби да се внесат, кој платил карта, а кој не. Наместо контролорите цел ден да играат џамлии во канцеларија, ќе ги средиме и ќе ги направиме редари.
Се сложувам со Фичо со неговата идеја (за автомобилите, не за оние што просат, јас не би им дал ништо, ни социјално ако се работоспособни, работа има, не сакаат да работат, па затоа ќе работат Непалци), со добра организациска поставеност и со дополен број на автобуси и ревидирани автобуски линии, нема да има потреба од приватни возила. Има заобиколници, нека фаќаат приклучоци, онаму каде што можат.
Градот ни е презагушен, премногу автомобили, премногу загаденост, премногу гужба и премногу паркинг простор кој може и треба да се пренамени во поинакви услови. Сепак, дел од идеите се на раб на утопистички, но заслужуваат сериозно проследување. Помалку сообраќај, значи побрз и поекспедитивен транспорт, побрзо стигнување од точка А до точка Б. Градот не е проектиран да биде дом за 600.000 граѓани, а оваа бројка се зголемува. Се градат нови и нови згради, иако преку 100.000 станови се празни односно не се користат! За некого се план Б, за некого се инвестиција, за некого се за поколение... Небитно, треба сериозна опсервација каде оди градот и до која мера може и треба да се шири.
Во оваа состојба во која ни се наоѓа јавниот превоз, крпеници, недостаток на возачи и возила, недостаток на делови, огромни долгови, секогаш најавени нови автобуси и никако да пристигнат, па некои еко-варијации кои парцијално треба да го амортизираат аерозагадувањето...оваа идеја е далеку од реалност. Но ако постои алтернатива која ќе доаѓа точно според возниот ред, без да има гужби и турканици, како што е во Германија, верувам дека многумина би ги оставиле своите автомобили дома. Културата не се менува преку ноќ, ама културата е и релултат на надворешните услови кои го диктираат ова темпо на живот.
И да, лично сметам дека малолетниците нема потреба да се наоѓаат зад волан, ниту да полагаат за возачка. Полнолетството треба да е предуслов за оваа привилегија. Исто така лицата над одредена возраст (тука ќе мора да се сложам со Кремче), да немаат право да ја обноват својата возачка дозвола. Опаѓаат и рефлексите и концентрацијата, па и видот е значително ослабнат, ова се суштествените услови за слобосноста за управување со моторно возило. Возат килаво, ко жени, нервираат народ, ко жени. Потврдата издадена од овластено меицинско лице, не секогаш, те прави погоден за волан.
Така, бел бумбар за идејата на Фичо за автобусите, (а црн за семафорџиите).