Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 20: @FilipMKD007 - Целосна забрана за автомобили во Скопје и воведување функционален јавен транспорт)

Целосна забрана за автомобили во Скопје и воведување функционален јавен транспорт


  • Вкупно гласачи
    55
Против забраната сум, но треба да се свестат малку родителите, да пробаат да го смират детето, да дадат напори да се намалат тантрумите. Иако не секогаш успева, барем се гледа дека се труди некој и не му е пријатно пред останатите.

Сум летал на линии кои не вклучуваат полетување и слетување на Балкан, па децата ниту биле толку невоспитани, ниту плачеле толку, да се трескаат од земја. Може и така се погодило, но сите непријатни искуства со летови сум ги имал каде што сум летал со поголем процент на Македонци, Шќипоси , Срби и Бугари.

Би го сменил контроверзното мислење повеќе би го насочил кон оние неписмени говеда што се дерат во авион, што стануваат, фрлаат лоши фори на глас или пред полетување зборат на Вибер/Месинџер со пуштен speaker. Не знаат кај им е седиштето, ниту почитуваат правила, ред, и слично.

Е такви дефинитивно треба да се забранат да летаат.
 
Па луксузот секаде се плаќа.
Не бе, они сакат за 950 денари ласт мин карта до Барселона во авионот да има фонтана што ќе жабурка водичка, цицкарлеста амазонка да ги лади со лист од палма додека некој владее харпа на крајот на кабината. Хепи ендинг масажа да се доплаќа наааајмногу 250 денари. Какви тодлери модлери да трчкаат, па кај ќе наредат јога метовите за да нивниот зен стејт оф мајнд не е нарушен. Нели прочита веќе било премногу што чекале на “некоја метална клупа таму” и платиле “два пaти поскапо кафе и картонски сендвич”? Па кому ќе се одмаздат ако не некој во нивен ранг - децата во авионот.

Бизнис класа не те штити од расплакани деца. Може да платиш 5 пати поскапо и пак да налеташ на мало вотче.
Наместо бебиња, pick on someone your size за лошиот ден што го имаш кога треба да леташ. :P

Ме пресмеа со тоа што си отишол во кафуле да работиш и мирот ти го нарушила некоја мајка што дошла по кафе да ја држи будна поради неспиење од млади деца за да го преживее денот. Сакам да прашам, и јас вака свилено звучам? Кога? @мкд владе?
 
Да, во право е @Del Boy во поголем сегмент на постот, дека денешниве деца се распрдени и вообразени, но тоа е дело на нивните родители, не на нив самите.

Гледав вчера едно интервју на Златан Ибрахимович, во кое интервју јасно си кажува како ги воспитувал децата и на кој начин, и ми остана во сеќавање она кај што рече на кој начин ги воспитувал децата.

Гласав против, бидејќи сите имаме браќа/сестри/синови/ќерки што се иселени, има луѓе стари што не се едноставно учени за во авион, дали од страв дали од нешто друго, и сега ако е вака 5 год. тие треба 5 години да не ги видат внуците?
 
Дали му се лутите и на сонцето што ве пече? :kruna:
Zavisi, ko ke sum na plaza ne, ko ke imam poljodelski aktivnosti da :toe:
Vo vrska so temata ke glasam vozdrzano ( more kako @Aceso se naprajv ) oti nemam letano so avion, barem ne patnicki taka da nemam izdrzan stav okolu ova prasanje. Da bese za vo avtobus, eeee tuka e druga prikazna ama ke treba offtopik da odam, a moderatorite don't like that :sneaky:
 
Последно уредено:
Ме пресмеа со тоа што си отишол во кафуле да работиш и мирот ти го нарушила некоја мајка што дошла по кафе да ја држи будна поради неспиење од млади деца за да го преживее денот.
И што треба јас сега да правам, да се расплачам дека таа не може да спие? Нејзин е изборот да има деца кои ја држат будна, и додека јас го почитувам нејзиниот избор, немам намера да и бидам бејбиситер. Вие млади родители сте премногу чувствителни на темава, ќе ви пораснат децата и ќе мрчите и вие за други деца, само прашање на време е кога ќе се претворите во комшијата од „Големи и Мали“ на Бошко Смаќоски. Оној кој им ги бушеше топките.
 
@Del Boy ние теоретичарите на завери знаеме дека ова намерно се прави - бездомници, цицки, деца лигави у авион се со цел да те мотивираат да правиш повеќе пари прво да не си бездомник, после да почнеш да гуглаш на старо Цесна до 50к па дигаш буџетот до 300к за да не мора моторот да и оправаш па колку е да ја гаражираш и така со тој стремеж за профит уствари плаќаш повеќе данок а Цесна нема никогаш да купиш, со твојот данок владарите од сенка праат подземни бункери за кога ќе удри кометата они да преживеат.
 
И што треба јас сега да правам, да се расплачам дека таа не може да спие? Нејзин е изборот да има деца кои ја држат будна, и додека јас го почитувам нејзиниот избор, немам намера да и бидам бејбиситер. Вие млади родители сте премногу чувствителни на темава, ќе ви пораснат децата и ќе мрчите и вие за други деца, само прашање на време е кога ќе се претворите во комшијата од „Големи и Мали“ на Бошко Смаќоски. Оној кој им ги бушеше топките.
Можеш да работиш од дома или од канцеларија, пошо кафич не е место за работа.
Пример.
 
Последен пат кога летав, се бев сериозно настегал македонски лук. До мене седеше еден со Ролекс и озбилно му сметаше. Уклучи греење на ладно и сврти да дува накај мене. Мафташе со раката да разнесе миризбата.
Слетавме за некој 2 саати. Пошто први седевме напред дека долги нозе, само што отвори струјардесата вратата, во Авионот влегоа два мажи од Интерпол. Зборуваа нешто со незе и со капетанот. Па таа зеде слушалката и рече, ќе ве замолам никој да не излегува. Кој е Адеми Муслиу (или слично рандом шипско име)? Стана ликот до мене што седеше, му кладоа лисици и излезе прв од Авион.
Ликот имаше многу посериозни проблеми од Македонскиот лук. Византиски редовно стега лук и мед ко че е болен.
 
Можеш да работиш од дома или од канцеларија, пошо кафич не е место за работа.
Пример.
Кафич не е место за работа. Кафуле е. Денес кафулињата се полни со луѓе чија работа е во главно на лаптоп. Си седнуваш со лаптопот, си нарачуваш кафе, во позадина оди пријатна музика, тивка, ако не ти се допаѓа ставаш слушалки... Имаш две во едно, ем завршуваш обврски ем не се чувствуваш како да работиш. Попродуктивен сум од дома каде што ме прекинуваат домашните и каде што ми се смеат креветот и фотељата, ме повикуваат...

Нејсе, да не правам дистракции, авионот беше тема, не кафулето.

Шегата на страна, не ми сметаат децата воопшто, ми сметаат родители кои се однесуваат како нивното дете да е центарот на светот и сите мора да се прилагодиме. Разбирам дека дете е дете, ќе плаче или ќе биде палаво, ама се нервирам кога мајка му прави нула напори да го смири.
 
Последен пат кога летав, се бев сериозно настегал македонски лук. До мене седеше еден со Ролекс и озбилно му сметаше. Уклучи греење на ладно и сврти да дува накај мене. Мафташе со раката да разнесе миризбата.
Слетавме за некој 2 саати. Пошто први седевме напред дека долги нозе, само што отвори струјардесата вратата, во Авионот влегоа два мажи од Интерпол. Зборуваа нешто со незе и со капетанот. Па таа зеде слушалката и рече, ќе ве замолам никој да не излегува. Кој е Адеми Муслиу (или слично рандом шипско име)? Стана ликот до мене што седеше, му кладоа лисици и излезе прв од Авион.
Ликот имаше многу посериозни проблеми од Македонскиот лук. Византиски редовно стега лук и мед ко че е болен.
Уште една од приказните - Никад се није десило
 
За темата, пре би забранил влез за родители што незнаат да си ги воспитаат децата, кога би можеле да ги лоцираме унапред кои се тие кој не умеат да воспитаат дете.
 
Кафич не е место за работа. Кафуле е. Денес кафулињата се полни со луѓе чија работа е во главно на лаптоп. Си седнуваш со лаптопот, си нарачуваш кафе, во позадина оди пријатна музика, тивка, ако не ти се допаѓа ставаш слушалки...
И седите со саати додека лигавите едно еспресо.
Наредното контроверзно мислење ми е дека треба да се бркаат луѓе што седат во кафуле со саати.
 
Мене во авион најмногу ми пречеле комирани со апчиња за спиење.Значи седиш на средина меѓу двајца елегантно пополнети ликови наклукани со апчиња не можиш со топ да ги разбудиш! А тебе ти се ојт во WC.Дај и нив да им се збранит летање!?Иначе разлигавени деца стварно пречет ама не можиш да им забраниш слобода на движење ни на нив ни на нивните родители.
 
Јас кога летам со авион сум како гипсирана.
Не слушам ни деца, ни Јанко ни Станко, ни дали на некој нозе му смрдат...балсамирана :гик:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom