wot
aloof
- Член од
- 20 мај 2008
- Мислења
- 20.312
- Поени од реакции
- 35.762
Не бе, они сакат за 950 денари ласт мин карта до Барселона во авионот да има фонтана што ќе жабурка водичка, цицкарлеста амазонка да ги лади со лист од палма додека некој владее харпа на крајот на кабината. Хепи ендинг масажа да се доплаќа наааајмногу 250 денари. Какви тодлери модлери да трчкаат, па кај ќе наредат јога метовите за да нивниот зен стејт оф мајнд не е нарушен. Нели прочита веќе било премногу што чекале на “некоја метална клупа таму” и платиле “два пaти поскапо кафе и картонски сендвич”? Па кому ќе се одмаздат ако не некој во нивен ранг - децата во авионот.Па луксузот секаде се плаќа.
Наместо бебиња, pick on someone your size за лошиот ден што го имаш кога треба да леташ.Бизнис класа не те штити од расплакани деца. Може да платиш 5 пати поскапо и пак да налеташ на мало вотче.

Ме пресмеа со тоа што си отишол во кафуле да работиш и мирот ти го нарушила некоја мајка што дошла по кафе да ја држи будна поради неспиење од млади деца за да го преживее денот. Сакам да прашам, и јас вака свилено звучам? Кога? @мкд владе?




