Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 21: @џимеј - Мажи над 30 години не смеат да се радуваат на родендени и да ги слават)

Мажи над 30 години не смеат да се радуваат на родендени и да ги слават


  • Вкупно гласачи
    52
Знам де, сакав да кажам поврзани со верата како Божиќ или Велигден што се неработни за сите, ме конташ ваљда.
Да де. Еве да ги изброиме тие што се државни а поврзани со верата:

1. Божиќ
2. Велигден
3. Св. Кирил и Методиј
4. Св. Климент Охридски

наспрема

1. Рамазан Бајрам

4:1 е реципроцитет?
 
Некои тука би рекле, далеку поголема штета од два пати до грчка на споен викенд, големите пари оставени за еспресо и гиро, нека им ги. Мачка како вистинска дама среден прст остави на темата до тие со бугарски пасош, предавници биле, ги множела со 0. Додека за албанците, некои тука водат црна листа на бизниси поседувани од нив коишто патриотите треба да ги избегнуват, камоли да работат за нив. Пред да ме нападнете, напишав некои.


@Ron Burgundy на ова би рекол: :kafence:

--

Моето контроверзно мислење е дека треба уште повеќе празници да славиме и да не ги работиме, како латиносите таму со светец секој втор ден. Јас не верувам во таа работна култура "работата го краси човек, мрзата го гнаси" или како и да е. Празниците луѓето ги поминуваат со своите блиски, без разлика во или вон земјата и тоа е секогаш нет позитив. Скоро се расправав со @Lester Freamon кој истото го тврдеше дека имаме премногу празници и не сме биле продуктивна нација, а допревме и продуктивноста кај тие што си родиле дете, тие биле штета за една фирма со пред-потоа активностите како земање од градинка и не биле добри кандидати за вработување. Според мене тука имаме и легален проблем освен што се губи целосно емпатијата и големата слика, но нејсе, најдовме некое разбирање, пред сите да скокнат повторно со: „отвори своја фирма - види како е“.

Освен банките. Банките мора да работат вонредно, бидејќи се полни метросексуалци кои украле женски работни места и само се фрцкаат со нивните кошулчиња и елеци како да се волците од вол стрит со ефективни 2 ипол саати на ден, наместо да седнат да се изработат како мажи и за празници и за викенди, за да смалат тие редици, поради кои македонските газди не ги пуштаат луѓето да завршат работа еден саат, бидејќи знаат секогаш вработениот ќе изгуби цел ден за тоа. Кога одам некаде на шалтер, на пример за извод, знам дека некоја партиски вработена тетка си ги суши ноктите и редиците ми се очекувани, ама кога ќе видам на крајот здрав прав маж ја кочи работата како во банките, кој мора да се исфрцка до другиот кјубикл низ сите луѓе што чекаат ред, со нивните пластични ѓонови на кондурчиња кљик кљак, за да провери со друг колега документ, ми се крева јадењето назад. @Stefan-kobe

Изненаден сум што тука повеќето што се изјаснија за ова кратење денови, а се некаде вработени. Имаше некои предлози да се заменат празниците со повеќе слободни денови, па да си ги користеле луѓето кога сакале... како да не едвај се регулира тоа што ги тераат и на празници да работат а не смеат, па ќе си земале кога сакаат луѓето слободни како да е толку лесно, што најчесто ќе ги земаат во најголемата гужва на работа очигледно. Мајка ми не можеше да земе два-три денови слободни за тешка операција на татко ми за да се соземе, да го посетува, одма ја одјавија и остана без работа. Самите ќе си пукате во нога, имало многу празници бидејќи не успеале да завршат административни обврски еднаш и оти иделе у грчка, boo hoo.

Јас ја имам среќата да работам во земја каде сеуште живеат во фантазија, па имаме одличен work-life баланс. Имаме само 6 или 7 неработни денови, но имаме по 30-40 слободни денови, жена ми не работи ни 40 часови во неделата, со слободни петоци, по што ефективно не е на работа повеќе од пола година. Има комплетна слобода да излезеш административно да завршиш работа, до доктор, или било каква вистинска потреба за време на работни саати. Обично е фер да ги изработиш низ неделата тие саати, да останеш тој ден поскасно, но никогаш не сум. Од 1 до 3 слободни денови не информирам никого, а за недела до две само треба да најавам да знаат дека сум на одмор, додека за месец до два мора да се разгледа со менаџер да не касне нешто критично поради мене. Да земеш месец до два слободни и да ти ги дадат за мене беше такво зелено знаменце што од гадење за работата дојдов до поблаг степен, омраза ваљда. Годинава си купив 5 денови неплатени бидејќи не ми стигнаа сите тие слободни денови, и пак, автоматски целиот процес без некое менаџерче да вика прашај ме утре, ќе проверам смени, ќе тоа, ќе она, не може, нема како... Jaс како маж имам три месеци породилно за да сум со фамилијата во тие денови, имаме денови за тагување во случај на смрт во фамилија, денови за волонтирање... еве конкретно јас организирав два тима да волонтираме наместо да работиме, со што сметам бевме далеку повеќе "продуктивни" во споредба што и да работевме тие денови, а згора на тоа, на секој волонтиран ден добиваш слободен за тебе. Освен ако не работиш за себе, идејата треба да е што помалку работење за што повеќе плата.

Моето второ контроверзно мислење е дека имаме премалку вработени под државата, по што полесно се манипулираат како гласачко тело. Вработи уште 300к, уште 500к, замисли држава што можеш да даде работа на сите твои граѓани, да нема невработени за да нема социјално. Уште да не распродадовме сѐ...

НЕ за кратење денови!
ДА за уште повеќе денови!
СМРТ за продуктивноста!

Прегледај го приврзокот 466461
bunny lol GIF by Disney
 
Да де. Еве да ги изброиме тие што се државни а поврзани со верата:

1. Божиќ
2. Велигден
3. Св. Кирил и Методиј
4. Св. Климент Охридски

наспрема

1. Рамазан Бајрам

4:1 е реципроцитет?
Епа немаат они повеќе од два празници, Рамазан и Курбан Бајрам им се, едино да го ставиме и Курбан Бајрам државен празник. :D Брат мене да ме прашуваш ја све би им укинал ама јебеш га живееме каде што живееме и не може да се смени тоа. Башка не гледам причина зошто ние, во наша држава, би "страдале" поради муслиманското население што не работело на државни/верски празници.

Ајде таман е не се бунете, годинава имаме 7 споени викенди, Солун и Калитеа на апаратима. :D
 
Да де. Еве да ги изброиме тие што се државни а поврзани со верата:

1. Божиќ
2. Велигден
3. Св. Кирил и Методиј
4. Св. Климент Охридски

наспрема

1. Рамазан Бајрам

4:1 е реципроцитет?
3 и 4 не ги славиме од верски причини.
 
Епа немаат они повеќе од два празници, Рамазан и Курбан Бајрам им се, едино да го ставиме и Курбан Бајрам државен празник. :D Брат мене да ме прашуваш ја све би им укинал ама јебеш га живееме каде што живееме и не може да се смени тоа. Башка не гледам причина зошто ние, во наша држава, би "страдале" поради муслиманското население што не работело на државни/верски празници.

Ајде таман е не се бунете, годинава имаме 7 споени викенди, Солун и Калитеа на апаратима. :D
Па нема да страдаме, тоа зборам цело време. Ако ги направат сите како верските, ние ќе земаме празнична дневница, тие не. Затоа сметам дека сите треба да се укинат.

Уште еден што треба да остане за сите, а што го заборавив е 11 Октомври - тогаш сите сме се спасиле од бугарските фашисти.
 
Јас мислам дека и 11 октомври фер би било да го славиме сите. Па и 2 август, тоа е темел на државноста.
 
Сите треба да се неработни или барем 90%. Работната сила да се замени со AI и роботи. Тие останати 10% да менаџираат со AI-то и роботите, и да се екстремно високо платени. Останатиот плебс да зема UBI. Јавниот сектор и администрација целосно да се дигитализира, да не постојат партиски ботови, да не мора тетката зад шалтер да ја чекам два саати да се исере и испие кафе со колешката за да извадам некој документ.

1 мај, како ден на трудот, да биде специјален ден - секој работоспособен хомосапиенс, во знак на почит, 8 саати да врти на статичен велосипед за да произведе електрична енергија за семоќниот, севишниот, сезнајниот научно-технолошки сингуларитет - свесната вештачка суперинтелигенција.
 
Задолжителни:

1. Јануари (не менува ништо)
2. Велики Петок
3. Велигден
4. Духовден
5. Илинден
6. 8. Септември
7. Божиќ (плус Бадник)
8. Св. Кирил и Методиј

Другите се дискутабилни како ден на ВМРО, Св. Климент, 11. Октомври.

За другите вери и заедници не ме интересира а мислам се претера малце. Ден на Ромите, голем к.р.
 
Кога веќе се зборува за 4 дневна работа недела со муслиманиве, знаете ли дека они имаат месец дена фазла распуст? Немате претстава што е во нивни школи дур им е постот. Одвај во школо се појавуваат тие недели.
 
Наместо 4 дена работа подобра опција ми изгледа Пон - Чет саат плус а петок пола ден.

Не е до продуктивноста ама фали еден ден.
 
Да де. Еве да ги изброиме тие што се државни а поврзани со верата:

1. Божиќ
2. Велигден
3. Св. Кирил и Методиј
4. Св. Климент Охридски


наспрема

1. Рамазан Бајрам

4:1 е реципроцитет?
Овие се значајни за нас како народ, не се само верски.
 
Јас мислам дека сите македонски просветители треба да се слават на 24.05, вклучувајќи ги и Климент и Наум.
Нема логика еден од друг да се двојат
 
Кога зборите за ефективност на работа и дека со помалце празници ќе се зголеми продуктивноста и ефективноста се лажете.
Милион пати е пишано дека целово општество и држава се трули и распаднати од корен.
Затоа најпаметно е да се укине обидов од општество и држава а не празниците. А додека постои неуспешниов обид може да си гледаме календари и да си правиме рачуници за продужени викенди.
 
Според мене најубаво поентираше @PticaSelica што за обичен работник значи државен празник и уште некој спомена за што се користи слободниот ден. Да не навлегувам колку беше/е тешко да се работи во фабрикиве наши, посебно каде сопственици или менаџери се нажи неиживеани покондурени сељаци, тој државен празник се чека со тешка душа како кога бевме на училиште, само овде да се играме повеќе со другарчињата од улицата, а овде да одмориме.

Исто така имам работено и на празници додека работев во кладилница и без везе е да се работи иако е скратено време и дупла дневница, ама јас би со закон забранил било што да работи за 1. јануари, Божиќ и Велигден. Ок ова другово за нас православците би важело.

И за сам крај одлична дискусија отвори курајберов, за разлика од претходните две. И убаво исто некој спомена дека дискутираме за празници/слободни денови во услови кога тој што треба да гарантира и да ги брани правата на работникот - синдикатите, е полно со луѓе од времето на Тито и партиски лебарки кои се местат како дува ветерот, наместо да се грижат за тоа што земаат пари!
 
Сакав да пишам на темава ама подобро е да не се мешам. Мене животна цел ми беше да немам работно време и да работам кога сакам, и ја остварив. Глупаво е сега да кажувам колку треба да се работи, само би рекол дека одмори се потребни, луѓето треба да поминуваат повеќе време со семејствата, и да патуваат што е можно повеќе. Рутината е убиец. Овде само би додал тоа дека треба да се воведат и полугодишни распусти за децата (mid-term breaks) по една недела во октомври и февруари. Многу малку се води грижа за семејствата кај нас, треба да поминуваат повеќе време заедно. Оние кои што можат да си дозволат краток одмор со децата ќе можат да ги прошетаат некаде, оние кои не можат барем да поминат повеќе време со нив или да ги одведат на вон-школски активности или едноставно да ги пуштат да играат со другарчињата.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom