Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
Ми излезе во фб група за Тафталиџе, главна улога Братислав Димитров кој е стар Тафталиџанец и често пишува колумни - мемоари од 70тите, 80тите.
Филмов немав појма дека постои, ќе го изгледам периодов.
 
siljan-1.jpg
 
Додека 2025 година полека се пакува да видиме што добивме на поле македонски филм.

Годинава, од тоа што имам увид, премиери имаа дури 6 долгометражни играни филмови, десетина кратки и долги документарци и десетина кратки играни и 3 анимирани филмчиња.

Годината започна со премиерата на долгометражното деби “Сите го викаат Реџо”, уште еден македонски филм на албански, веројатно инспириран од култниот сит-ком “Сите го сакаат Рејмонд”. И додека Рејмонд беше добра и смешна серија, Реџо е далеку од нешто добро, а камоли смешно - иако авторот го претставува како комедија.

Георги Унковски го донесе и вториот македонски филм за оваа година “Диџеј Ахмет” кој уште на премиерата на Санденс се закити со награди, а успешно се претстави и во Сараево, Херцег Нови, Севиља и беше прав crowd pleaser на фестивалите со полни сали секаде кај што ќе прошеташе. По подолги години добивме филм што изнудува насмевки, а хуморот не е исфорсиран, како кај најгледаниот филм од 2022 година.

Оваа година го добивме и првиот биографски македонски филм што не е биографски, а не е ни на македонски во “Мајка” - фиктивна приказна за Мајка Тереза, целосно снимена на англиски јазик. Критиката уште еднаш говори колку Теона не знае да сними добар филм, а богами лошо проаѓа и кај публиката. Не ми е гледан, ама судејќи по претходните искуства со Теона и оваа е веројатно miss, а не hit.

Четвртото остварување во долгометражна селекција е насловено “Кома” и повторно е на албански јазик. Филмот освен премиерна проекција во Тетово немал кино дистрибуција, а не сум слушнал/прочитал ништо од тие што го погледнале. Може по гледањето на филмот и тие паднале во кома или зимски сон, кој знае.

Единствениот македонски филм на македонски јазик годинава доаѓа од независна продукција во режија на Јани Бојаџи. Со филмов “Утре наутро” Јани уште еднаш покажува дека има добра идеја и муда да чепне политички теми, ама за жал не е сценаристички вешт да напише и режира добар филм. Филмов испадна само многу врева за ништо, што би рекол Шекспир.

И шестиот филм што имаше премиерна проекција во Кинотека е “Паркот на Дора”. Третиот македонски филм на албански што е најавен за кино дистрибуција во скоро време. Уште еден филм од кој не може да се очекува нешто и најголем дострел би му биле фестивали во Приштина, Тетово или Тирана.

Од краткометражните филмови може да се издвои “Избор” на Црногорски што е чинам најнаградениот краток филм во оваа 2025 година и да се спомене влегувањето на Сара Климоска во режисерски води со краткиот “Нова енергија”.

Анимираниот филм успешно ја претставуваше Македонија, а “Неми филмови” во продуцентска палка на наш @џимеј отиде на Анеси - најпрестижниот фестивал за анимирани филмови во светот, а прошета и низ многу други фестивали, додека “Јон Вардар против галаксијата” и оваа година успешно продолжи да се прикажува низ фестивалите, а освои и некоја награда.

Од играната продукција каде Македонија влегува како малцински продуцент излегоа дури 10 долгометражни играни филмови и два кратки.

Белгискиот краток “Лојнс” играше во Кан, без некој посебен успех по фестивалите. Од долгометражните, најголем успех имаше словенечкиот “Фантази” што премиерно играше во Локарно кај што лапна некоја награда. Инаку во филмот се работи за три машкуданки што се спријателуваат со македонска транс-џендер женска по име Фантази. Топ прича - на невидено…

И најголемиот успех годинава доаѓа од документарната продукција и тоа независен филм, без поддршка од Агенцијата на Филм, од режисерското перо на Тамара Котевска. “Приказната на Силјан” што имаше гала премиера во Венеција каде ја доби единствената награда во селекција каде нема официјални награди. Филм што повторно ја носеше Македонија на значајни фестивали и беше добра можност Тамара Котевска да стане прв режисер/ка од Македонија со две номинации за Оскар.

Сума сумарум иако годинава имаме одлична бројка на премиерно прикажани долгометражни филмови, дури 6, жално е за македонскиот народ и јазик да се пофали дека сите 5 долгометражни филмови подржани од буџетот на тој македонски народ се на друг јазик: 3 на албански, 1 на турски, 1 на англиски. Жално е единствениот филм во кој најголем процент од текстот е на македонски да биде независниот филм ‘Утре наутро’. Жално е и да се пофалиме дека имаме филм за Оскар што не е поддржан од АФРМ, ма колку и да се тие оградувале дека Тамара не аплицирала за да добие пари.

Во новата година да се надеваме дека Тамара повторно ќе не радува со својот игран првенец и да се надеваме дека од новите 12 играни остварувања ќе имаме уште поголеми успеси и радости за македонската култура. На здравје и да се читаме за убаво. :ајнапиво:
 
Последно уредено:
Што е проблемот со македонската кинематографија, зошто не може еднаш годишно да се пласира квалитетен филм или серија?
 
Што е проблемот со македонската кинематографија, зошто не може еднаш годишно да се пласира квалитетен филм или серија?
2025 имавме 2, не квалитетни, туку неверојатни филмови!
 
Који се ти филмови?
„Силјан“ и „Диџеј Ахмет“. Првиот освои 2 награди во Венеција, најдобар во Чикаго, најдобар филм и најдобра режија на IDA наргадите во Америка, номиниран на Independent Spirit Awards, PGA Awards, Toronto Film Critics Association Awards, на филмските фестивали во Ваљадолид, Атина, Берген, Хаинан, на Critics' Choice Documentary Awards, Greater Western New York Film Critics Association Awards и Michigan Movie Critics Guild Awards. Беше дури и блиску да заработи 2 номинации за Оскар.

Вториот, „Диџеј Ахмет“ - ја освои Special Jury Award на Санденс во Америка и плус награда од публиката за најдобар филм. Освои специјална награда од жирито во Сиетл, најдобар актер во Севилја, special mention во Милвоки, награда од публиката во Лос Анџелес, најдобар филм во Херцег Нови, најдобар филм на Desertscape International Film Festival, и уште купишта фестивали и номинации.
 
Благодарам многу за детално објаснување.

Овој вториот е турски филм, не македонски.
 
Овој вториот е турски филм, не македонски.
Филмот е снимен со мнозински удел на Агенцијата за филм на Република Македонија. Режисер и сценарист - Македонец, кинематограф - Македонец, асистенти на режија - Македонци, сценографи - Македонци, костимографи - Македонци, актери - сите до еден од Македонија. Копродукција на Македонија, Чешка, Србија и Хрватска е. Нема никаков турски удел во филмот. Објасни ми, по која логика е турски филм? Дека се зборува на турски јазик? Ако е јазикот најбитен, кажи ми чиј филм е Apocalypto на Мел Гибсон?
 
Све твое само главното туѓо. Ко оној филм со травеститот све на шпански и на крај оскари им зема.
 
Све твое само главното туѓо. Ко оној филм со травеститот све на шпански и на крај оскари им зема.
И каква врска има тоа? Еве и ти кажи ми две работи:

1. Како да направат филм со Јуруците и за Јуруците? Да зборат на македонски? Зошто, кога реално дома не зборат на македонски?
2. Чиј филм е Apocalypto на Мел Гибсон?

Дај бе не бидете точаци!
 
Филмот е снимен со мнозински удел на Агенцијата за филм на Република Македонија. Режисер и сценарист - Македонец, кинематограф - Македонец, асистенти на режија - Македонци, сценографи - Македонци, костимографи - Македонци, актери - сите до еден од Македонија. Копродукција на Македонија, Чешка, Србија и Хрватска е. Нема никаков турски удел во филмот. Објасни ми, по која логика е турски филм? Дека се зборува на турски јазик? Ако е јазикот најбитен, кажи ми чиј филм е Apocalypto на Мел Гибсон?
Зошто онда на турски зборуваат?
Ионака сме обезлучени, со наметнато име на државата, знаме... сега и на друг јазик да снимаме филмови.
 
Зошто онда на турски зборуваат?
Ионака сме обезлучени, со наметнато име на државата, знаме... сега и на друг јазик да снимаме филмови.
Така зборуваат дома Јуруците. Мајчин јазик им е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom