Пред некој ден на оној семафорот во близина на Соборна, од Матица страната накај бившо Вулкан кога поминуваш, тој семафорот што никогаш не работи, имаше голема колона во брзата лента (третата) т.е. бидејќи бевме на островчето во средина меѓу двете страни на булеварот, таа што е најблиска до нас. Причината беше некоја бабичка што поспоро си поминуваше и се имаа таму насобрано коли за неколку секунди. Нормално кога гледаш застанати возила на печашки, човек се чувствува безбедно да ја помине улицата и само во еден момент, на втората лента (средната) каде што немаше ниедно возило (високи коли од третата лента блокираат видик за втората лента да видиш дали нешто надоаѓа), одеднаш прошишува кола. Да беше друго време кога бев помал јас сигурно би продолжил во таа ситуација или бар би поставил нога и би ме собрало колата, но ете искуство со вакви ситуации, па среќа во последен момент ти се пали сијаличката да застанеш и да не правиш чекор повеќе туку само малку со главата да ѕирнеш да не има некоја камиказа, што во случајов ја имаше. Нормално возачот не застана, ниту дигна рака да се извини, ниту пак се сврте на ретровизор во очи да те погледне. Жално како после толку трагедии, како толку несреќи и во црно завиени фамилии, толку закони, дебати, протести, свеќи запалени, нас памет не ни доаѓа како општество, брзањето е се поголемо, а цената на човековиот живот се помала.
До возачите: Не бидете идиоти, ако видите дека има колона коли застанати на печашки во едната лента, тогаш застанете и вие од другата да видите што се случува, сигурно има причина зошто се застанати, тие 5 секунди нема ништо да ви сменат во вашите мизерни животи.
До пешаците: Ако видите ситуација каде што лентата е празна и не се гледа дали надоаѓаат други возила, бидејќи видното поле ви е покриено, а и владее бучава па не може ни да ги слушнете, запрете и само со глава полека фрлете поглед да не некоја будала се приближува за да ве унакази.