- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.984
- Поени од реакции
- 121.621
Со бројки не можам затоа што треба многу да копам, а прашање е кај нас и колку се релевантни бројките, меѓутоа можам пластично и лаички, како што побара.Ако може некој економист да ми објасни, каква е финансиската ситуација во државава? Со бројки, не лаички.
Кога дојде ВМРО на власт мораа да земат кредит за да го поткренат стопанството и економијата зашо све беше замрено. Проблемот е што тој унгарски кредит ќе го враќаат моето и твоето дете, а многу веројатно е за 5-6-7 години дека некоја друга власт ќе земе нов кредит и ќе не дозадолжи уште толку. Во превод, ебани сме за навек. Тоа со даноците убаво си го приметил, тоа се све механизми за да се приберат што е можно повеќе пари во државната каса, ама проблемот е што тие пари се од мене и тебе и сите нормални граѓани кои живеат со стегање, крпење месец со месец, долгови, кредити итн, а знаеме дека најлесно е да удриш по народот и да му ги собереш парите.
Ние сме презадолжена држава, долгот ни е со 9 нули и не гледам како би се оправиле во скоро време на тоа поле. Можеби, ама велам можеби, ако добиеме статус на кандидат за ЕУ, да добиеме пари од Европа, да се подопуштат спрегите кои не затегаат моментално, а и години наназад и лека полека да почнеме да закрепнуваме. Мада, според мене све е џабе додека ни се иселуваат луѓето во огромен број и клучните гранки во општеството и економијата умираат, сточарство, земјоделство и да не набројувам натака. А реално жално е вакво плодно поднебје да не го користиме за да имаме извозна експанзија и да имаме стабилна економија.


