Ако може некој економист да ми објасни, каква е финансиската ситуација во државава? Со бројки, не лаички.
Прашувам заради неколку причини. Знам од прва рака дека државата доцни со исплати на свои обврски кон фирми со кои има милионски договори. Прееска гледам дека се доцни со исплати на поврат на Мој ДДВ. Го протуркаат законот за пратки до 22€. Почнаа да ги чешлаат сите странски приливи од 2020-та навака, и ги присилуваат луѓево и што со години биле надвор од Македонија, да плаќаат.
Гледам дека планот сега е да се пратат барања и до сите околни земји, како Србија, Бугарија, и да се добијат информации за сите Македонци што примале пари како нерезиденти, практично сите што имаат сметки во Врање, и нив да ги оданочат. Гледам дека и Safe City, брзаат што е можно поскоро да го пуштат во функција.
Сето ова е за почит, ама некако, ми делува дека има и финансиски мотив, да не речам, празна државна каса. Каде би можело, преку кои бројки, да се дојде до појасна слика за тоа дали државава е пред финансиски колапс?