Криви се што играат како пички на дербиња, поготово што вака се срамотат на домашен терен.ne se krivi nasive be sto odma po niv. Sudijava ne odra za site pari
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Криви се што играат како пички на дербиња, поготово што вака се срамотат на домашен терен.ne se krivi nasive be sto odma po niv. Sudijava ne odra za site pari
Kрив Бастони, иако немаше потреба од држење. Сепак контактот беше многу мал, топката бегаше спротивно од голот, немаше ни да ја стигне отепанион. 1 од 10 судии го свират ова. Да додадеме дека не ни беше синхронизирано доволно, држењето на Бастони и овај што се фрли изгледаше ептен смешно, каснеше еден тон време. Сети дека има контакт и ајде ќе се фрлиме како да ме заклале.
Ова го велам уште од кога Квадрадо ни изглуми контакт на раб на 16 метри, и во истиот период против нас беше досуден некаков пенал во кој има влечење за дрес ама топката оди Богу иза леѓа и не може никој да ја стигне освен Супермен. За кој Тасе се судат такви пенали во кои играчот се движи во непознат правец или не може да дојде во допир со топка никако.
Пред да се уфрли некој со реплика од типот: а што ако му удрат лакт на играч во 16 метри кога топката оди надвор и секако не може да ја стигне, или се што е фаул надвор е фаул и внатре... не. Таа формулација мора да се промени. Лакт е лакт, црвен картон, пенал и два месеци затвор. Се што се суди надвор не треба да се суди внатре, затоа што внатре води до гол и глупаво е за минорен контакт да паѓаат голови.
Многу се неспособни да одредат поедноставни правила, се е предмет на дискусија, во рака да те удри топка има 20 агли и 300 толкувања дали требало да е пенал или не требало.
Не ја гледам сезонава, само хајлајтси. И онака ми е смачено од фудбал, судењето го прави уште полош за гледање.
Тоа треба да се промени. Не се работи за субјективност. Ако топката прелетува 1600 метри надморска висина а некој ми паѓа на втора статива за дрпање за дрес, која е поентата да му судам пенал? По секој корнер треба да има пенал ако е така. Исто не треба да има пенал во ситуации кога на нафрлена топка на втора статива сите скокаат на топка, последниот играч во редицата е одбранбен играч и топката која веќе ги прелетува сите останати и оди кон корнер, го поткачила на раката пред да излезе од терен. Кој фактор игра тука дали го поткачила во рака или не, кога секако излегува од терен?Никаде во правилото не е наведено дали играчот може да ја стигне топката или иде во контра смер од голот.

Пак ќе те прашам иако нема да одговориш, кој е риалити чекот за тимов? Еве во Серија А само, ЛШ тргаме на страна зашо после ПСЖ веќе сеедно ми е и сакам да се стабилизираме во Италија, а Европа може да почека за понатака.❌ poraz 1-0 protiv Liverpool
❌ poraz 2-1 protiv Atletico M.
❌ poraz 1-0 protiv Milan
❌ poraz 3-1 protiv Napoli
✅ pobjeda 1-0 protiv Roma
❌ poraz 4-3 protiv Juventus
Мислам дека после ова треба да олабавиме со Reality Check?
Нема никаква смисла![]()
Ако случајно тепавме ќе пуштеше едно зајадливо ријалити чек,признајПак ќе те прашам иако нема да одговориш, кој е риалити чекот за тимов? Еве во Серија А само, ЛШ тргаме на страна зашо после ПСЖ веќе сеедно ми е и сакам да се стабилизираме во Италија, а Европа може да почека за понатака.
Значи, едно е тимов да е најдобар како што е моментално и да игра под перфорамансите како што е моментално (зборам од прво коло до денес), а друго е Спалети ерата кога мислевме дека сме многу јаки, а уствари бевме екипа за едвај 4то место и 30 бода позади Јувентус. Е тогаш си можел да кажуваш риалити чек кога ќе не треснел некој конкурент, вака е само непотребно плукање по клубот и нереално согледување на работите. Иако нели, тоа што имаме најдобар тим не значи дека ќе освоиме титула, ете лани е добар пример за тоа.
Ме радува тоа што сме далеку од најдоброто ниво, а сме на врвот со 1 бод заостанување зад конкурентите и преостанати дербиња во втор дел од сезона на домашен терен со скоро сите конкуренти освен Милан, што е голема предност. Ланска сезона на пример све у гости ни беа втор дел и си ебавме мајката, покрај секако селските киксови со Парма и остала багра полуекипи. Убеден сум дека кад тад ќе проработи екипата и ќе дојдат победите на битните мечеви, едноставно не може екипа со таков квалитет вечно да не победува големи мечеви. Башка да напоменеме на голем дел и немавме среќа, колку и да звучи пацерски ова, со Јуве Сомер им подари 3 гола, со Милан пенал утнавме и 13 стативи акнавме, едино со Наполи потфрливме во второ иако судијата не одра на тој меч и комплетно го смени текот на истиот.
Сеа мора да ги тепаме овие гнасниве Џенова, не ни се ич противник по мерка последно време на гостински терен, башка без Хакан..., али верувам дека Зиелински ќе достави, добро игра сезонава.
