Random Movie Roulette (ДЕКЕМВРИ 2025. The Long Goodbye - Robert Altman (1973))

Заборавив да напоменам нешто кога ја отворав темата: од оправдани причини, јас никогаш нема да бидам во можност да сменам филм во последниот ден од месецот. Па така и сега - утре не сум достапен на форум попладне. Затоа, следниот филм ќе биде избран секогаш на ден пред последниот ден во месецот.

Кој го гледаше, го гледаше Into The Blue. Одиме на второ дете!

Се изнамачив додека го најдам. Рековме да има минимум 6,8 на IMDB и да не е краток филм. Е па guess what - може 30 пати притиснав на копчето „генерирај“, додека конечно не ми даде некој таков. :D

Вториот филм, за ДЕКЕМВРИ 2025 е:

1764439188266.png

1464 филм на листата е:

2. The Long Goodbye - Robert Altman (1973)
1764439300010.png

@Manga , @FORZA ACM , @devilko, @Anon , @Shawn Spencer, @Dumbledore - првата чета, што си стои на зборот
@П² , @Комита Ултрас , @ManUtdChampions , @Leo Bonnie , @StoleD , @Chronysync, @FilipMKD007 - втората група - лажговци
@moongoses , @Гостин , @ComfortablyNumb , @Darling , @Io Sono Interista , @Mud - и трета група - неодредени

Бујрум!
 
Се изнамачив додека го најдам. Рековме да има минимум 6,8 на IMDB и да не е краток филм. Е па guess what - може 30 пати притиснав на копчето „генерирај“, додека конечно не ми даде некој таков. :D
Тоест до мај 2028 требаше да гледате филмови со оценка под 6.8.

(y)
 
Тоест до мај 2028 требаше да гледате филмови со оценка под 6.8.

(y)
Да, ама меѓу нив имаше и два филма кои повеќе од 5 члена од форумов ги имаа оценето со оценка 8 или погоре. Што значи не секогаш е пресудна IMDB оценката. Има скриени бисери и меѓу тие, послабите.

А инаку, меѓу тие 30-тина, имаше и еден филм со 7.6 оценка, ама малку сомнителен постер и само околу 900 души од цел свет го гледале и оцениле на IMDB, па затоа решив да пробуричкам за него. Успеав да најдам два торенти, ги ставив да се симнуваат, ама немаше ни еден сидер ни на едниот ни на другиот. Го најдов и на Stremio, пробав и од таму да го пуштам - залудно. Затоа тој беше скокнат иако ги исполнуваше правилата. :D
 
Брзо сте ме отпишале, ваљда не ме лаже календаров, сеуште сме ноември. :D

Само што го изгледав Into the Blue - 5/10 за мене, на граница на гледливост. Досаден за гледање, не нуди ништо возбудливо, имав чувство дека сцените со гнурењето траат цела вечност. Можеби во деновите кога имав 11-12 години би ми се допаднал.
 
Последно уредено:
А инаку, меѓу тие 30-тина, имаше и еден филм со 7.6 оценка, ама малку сомнителен постер и само околу 900 души од цел свет го гледале и оцениле на IMDB, па затоа решив да пробуричкам за него. Успеав да најдам два торенти, ги ставив да се симнуваат, ама немаше ни еден сидер ни на едниот ни на другиот. Го најдов и на Stremio, пробав и од таму да го пуштам - залудно. Затоа тој беше скокнат иако ги исполнуваше правилата. :D
А бе ало, дечко, јас ќе го најдев, кој е тој?
 
@Zlatikevichius слободно може да ме тргнеш од категоријата “лажговци“ и да ме ставиш во “задоцнети гледачи“, ама по која цена...

Into the Blue (2005) - 5/10
Да почнам со што беше добро. Генерално ми се допаѓаат секакви филмови, серии, емисии, документарци каде што се прикажани морската/океанска флора и фауна, имаа убави сцени од нуркањето, имаше и интересни песнички на почетокот. И тоа беше тоа за жал. Приказната беше цела со дупки, не ми држеше внимание, доста монотоно, разработување карактери, дејство, тоа мисловна именка е во филмов. А и многу ме нервираат сцени што не прават никаква смисла во не-sci fi/fantasy film, a тука има на изобилие такви сцени. Прво без боца кислород си пливаат лагано на дното на морето, си наоѓаат авион напуштен и сосема без проблем наоѓаат и каде е кокаинот во него. Потоа наоѓаат на дното на морето место кај што може без проблем да се зима воздух, па кога некој снемува само ќе му се даде уста на уста воздух на другиот и тоа ќе си е доволно ќе си почиламе, а да и нема никаков проблем да си седи на дното на океанот за да се биде невидлив на бродовите над тебе, воопшто не те влече солта нагоре. И после толкаво нуркање кога се излага на површина сосема е тивко и смут, нема она зимање воздух пошто за малку не си цркнал под вода. Не е проблем со ајкули да си пливаме, домашни се. Не знам, премногу имаше нелогичности и филмов е тотално ради реда направен, без ни малку да се задржи некој да бара логика во сцените, да се барем малку поприродни. Прдеж од филм, знам дека не може секој филм да ме допре, ама ова беше баш безврска (а човек сум што генерално e дарежлив за оценки).
 
Јас цело време се местам да пишам дека за жал не успеав да го изгледам филмот од претходниот месец, ама стално заборавам. Веќе 7ми декември дошол... :D

Како и да е, од месецов дефинитивно ќе ве дружам.
 
Да го решам филмов дур не почнале празниците.

The Long Goodbye (1973)

Главен лик не е некој од познатите холивудски актери од тој период ко Де Ниро, Пачино, Редфорд, не е некој харизматичен лик за гледање и уште од прва сцена покажа дека го боли кур за сѐ, што направи да ми е и мене гајле како гледач што ќе му се деси. Али кога на тоа куроболие додадоа и мистерија во приказната, филмов стана добар, ме заинтригира и ми го задржа вниманието до крај.

Друго не знам што би кажал за филмов, освен што не ми се допадна визуелно, има некоја бледа, депресивна палета на бои како македонски филм од 2000-та.

Интересно беше да се види Шварци како статист. Дури не е ни пишан на одјавна шпица од што е небитен у филмот. :D

Ако треба оцена ми е негде измеѓу 3 и 3.5, али ајде нека оди 3.5/5.
 
The Long Goodbye

Ја би го карактеризирал како нео-ноар од 70-тите со многу специфичен тон, визуелно различен од класичните ноари, но има некој таков мрачно - меланхоличен наратив.
Комбинира мистерија преку некој лежерен стил, бавно дејство, на моменти дури и пребавно.

Главниот карактер типичен приватен детектив од тоа време, со цигара во уста 24/7, убава блондинка, насилен пијаница, изневерување на секој можен начин (пријателски, љубовен итн), мачка, и храна за мачката. И јога цицки. :)

Најмногу ми се истакна атмосферата, целиот филм ја има таа типична 70s вибрација, музиката речиси никогаш не престанува. Некогаш дури и премногу гласна за мој вкус, или не соодветна за некоја сцена, ама тоа е типично за овие филмови.

Крајот, од друга страна е малку нетипичен, бар за тоа време, за денес не е никаков шокирачки фактор, но за тогаш се разликува баш по тоа од други шаблон детективски филмови. И тука добива екстра поен(и) поради уникатниот пристап кон класичниот детективски жанр.

Гледано од тогашен аспект, ќе го вреднував малку повеќе, но гледано од денешен аспект, не можам да му дадам повеќе од 7/10.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom