Македонска фудбалска репрезентација

  • Креатор на темата Креатор на темата meazza
  • Време на започнување Време на започнување
Ако од умрените Велс примивме 7 од Данска 10
 
Тешко, данска е многу поквалитетна екипа од останатите. Дури и само еден од сите овие 16 тима да проаѓа, би типувал на Данска.
 
Тешко, данска е многу поквалитетна екипа од останатите. Дури и само еден од сите овие 16 тима да проаѓа, би типувал на Данска.
+1
Иако нели, еден натпревар, се е можно, ама ако стигнат до СП би рекол дека можат дури и до 1/4 финале лагано да стигнат, што да не и повеќе. Многу озбилна репрезентација
 
Данска се доведе во оваа ситуација затоа што ремизираше дома против репрезентација која е послаба и од нас, Белорусија.

Ние игравме два пати нерешено со селекција која е на нивно ниво, еден натпревар во 90 минути (со можни продолженија), ако сме комплетни во одбраната и играме како што знаеме затворено се си бидува , ако не сме комплет позади, е тогаш ни нема спас.

Во 90 минути , еден натпревар, каде што многу зависи од тактика, се е отворено, лошо е што играме пак две на гости, но ние кога сме имале среќа па сега да не посака.
 
Сакате copium? I got you

Данска против земји од СССР и Југославија од 2023 наваму (без пријателски):

Пораз во Казахастан 3-2
Нерешено 1-1 со Словенија
Победа 3-1 дома со Казахстан
Победа 2-1 дома со Словенија
Нерешено 1-1 во Словенија
Нерешено 0-0 дома со Србија
Победа 2-0 дома со Србија
Нерешено 0-0 во Србија
Победа 6-0 во Белорусија
Нерешено 2-2 дома со Белорусија

4 победи - 5 нерешени - 1 пораз

Нерешено па пенали? Pse jo? :icon_lol:
 
Лош ждреб искрено. Најубаво ќе беше со Украина да паднеме, па од неутрален терен на домашен терен пак се некакви шанси. Нека го викнат Чеде Јаневски како Вардар што го внесе во ЛЕ во тие две утакмици со Фенер, така и со Македонија сега. Башка со него Данска 3-0 ја тепавме во Скопје. :D
 
Ја однапред ќе се извинам за должината на постот ама ние имаме проблем кој не ваков пост, туку цела студија од минимум 500 страни треба да се напише и да се издефинира еден јасен концизен план за развој генерално на спортот кај нас, не само фудбалот бидејќи и кошарката ни тоне без знаци за некаков излез.

Точно е дека фудбалот ни е на дно ама и Боби е дел од тоа сивило, не е никаков исклучок, и квалитетот на тимот е лош, и квалитетот на тренерскиот кадар е исто очаен, голема работа ако е еден од најдобрите фудбалски тренери моментално ?!?, па у таа конкуренција прилично сум убеден дека има барем една особа тука на форумов што би била исто меѓу најдобрите, и за ова сум мртов сериозен. Си теравте на емоција некаква и ај нека ви е, врска нема од тренер, да тргнеме од еден најосновен параметар, кај знае дека квалитетот ни е таков каков што ни е, он ко капак игра формација тотално неадекватна за тие играчи, што значи дополнително ги влошува работите и дебаклите како оној во Велс се неизбежни.

А мене прешкртан ми е од моментот кога мајка му на Бобан Николов заболела од рак, а Боби воопшто не се замарал со тоа и ниту еднаш не му јавил да го праша како е, тоа све говори за него како човек пред се. Бобан сепак го носел националниот дрес во сите категории преку 80 пати, 46 настапи има за сениорите, бил тука за време на нашите најголеми фудбалски успеси, не заслужувал таков третман без разлика што си одлучил повеќе да не го викаш за тим.

Не се гради тимска хемија и другарство во еден тим на ваков начин, а тоа нарочито па за земја ко нашата која пати од неквалитет, е и те како битно, тоа всушност нас не возеше у времето на Мрме, тимската хемија и ништо друго, така и Германија ја добивме, по што дојде Боби место Мрме у сред квалификациски циклус. Да не се лажеме дека он има најголема заслуга што подоцна Италија падна у бараж, начека тимска хемија у репка каква што никогаш во историјата не сме имале, сега откако тоа изветреа, ние почнавме да се бламираме.

Добрата хемија во тимот не беше резултат на Мрме, туку на Пандев. Мрме беше небитен лик, Пандев ги држеше сите конци, откако претходно ја напушти репрезентацијата, па го молеа да се врати. И во време на Мрме си имаше свои играчи кои ги форсираше на сметка на другите, односно како и Боби си имаше свои резервисти кои не ги менуваше ни под разно.

Боби не ја наруши хемијата во репрезентацијата, туку ја наруши Пандев. Знаеше дека со доаѓањето на Мети, Боби ќе оди на позиција селектор (Боби е вмроња тежок и од претходно го спремаа за селектор, исто како што сега Седло е спремен од пред една година), особено што има неверојатен успех со младинците кој НИКОЈ НЕ МУ ГО ЦЕНИ.
Пандев отвори хајка против Боби дека му го сменија Мрме, од старт го искористи своето име да ја заврти јавноста против него. Воедно, се повлече Адеми, останавме без најбитните два играчи. Од политички причини се повлече и Ристовски, што уште толку ја продлабочи кризата во составот.

Плачеше Пандев, за на крај да си земе функција во федерација и тоа како СПОРТСКИ ДИРЕКТОР и ко пичка да ќути. Нека каже нешто за тоа што се прави во младите селекции, ете сега он е во федерација, под негова капа се носат играчите и тренерите кои ги поставија. Нека гукне што Свињенко им е алфа и омега во федерацијата.
Поголемо педериште од Панчев излезе по мене.
 
Ич не е местено, го викаат Дарко Матераци да влечи и меша меша се смеј го вади првата топка Италија и пак се смеј.
 
Neznam sto placete najubo so nikoj da ne pustea taka, 0-0 na penali gi imame posle vo Ceska tepame so 0-1
 
Ќе не поразат лесно, едно 3-4 минимум, барем да не се брукаме ко во Велс...тука веќе цел свет ќе гледа ќе прати резултати :)
 
Ти ебам руката и тие мали шанси ги изгубивме со ждребкава :D
Прво Данска, а после Чешка-Ирска. Сите 3 би не смачкале како гмизавци.

Па бараж е не може со Фарски Острови :icon_lol:
Од сите можни реално најлесниот ни се падна, ако покажеме муда имаме шанси
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom