Сарај 2025, комплетно среден и реновиран базенот кој буквално беше депонија до пред некој период.Крстот во Драчево, пазарот во Драчево. Паркот на шахот кој е веќе уништен, не само да се направи треба и да се одржува.
Игралиште едно во 11 Октомври.
Салата Расадник се реновира.
А колку е уништено од тогаш од амортизација? Повеќе се уништува него што се гради.
Во споредба со другите скопски општини делува многу зошто таму ништо не се чепна последните 4 год. Ама во споредба со претходно искрено не воодушеви оти нема поголеми покапитален проект. Пред него се проби булеварот кај Цементарница, се правеше Борис Трајковски, се проби Есинова, се направи паркот во 11 Октомври.
Во споредба пред 10-15год многу помалце се прави во било која општина, не само Кисела вода. Од Коце надоле сите општини идат во се полошо и полошо. А во цел тој период и едните и другите беа на власт, затоа попрво ќе гласам за некој што никогаш не бил на фотеља па макар и не се согласувам со нивните ставови. Полошо од моментално нема да иде сигурно, зошто се давиме во ѓубре, дишиме неквалитетно, вода во одредени населби нема, парковите не се одржуваат, јавен превоз не постои, здравство не постои.
Гази Баба на пример кажи ми капитален проект последниве 20год? Последно нешто е направено е клучката кај Континентал и плоштадот во Автокоманда, од тогаш игралиште се нема направено, а не па нешто друго. И едните и другите беа на власт, од кој ВМРО повеќе.
Се прават и реализираат проекти од сите влади и партии. Не си фантазирајте. Бројот на проекти не зависи толку кој е градоначалник и совет (нормално многу е важно), туку колку пари има општината на располагање за реализирање на истите, а тоа зависи од многу фактори. Пред се помалите општини зависат од централна власт колку пари ќе пуштат на локално ниво. Надвор од Скопје малите општини немаат пари, нема луѓе, нема од каде да се собира данок и од истите да се планира некој развој (и да се покраде малку).






