Имам куќа во Велес во Центарот на градот со 1000 квадрата двор двоспратна, и не би ја менувала со стан во Скопје, нооо... Еве пред година и нешто кога престојував во Велес со син ми цела година, влегоа глувци, стара куќа треба реновирање, и тоа не е малце, а куќата не изгледа воопшто старо, фасадата и е беспрекорна малку само се лупи од страна, нема бетонска плоча тоа е проблемот но не се познава и неможеш да приметиш дека нешто фали, јас сега толку имам страв да живеам таму што би ја сменила и продала за стан или плац, поентата ми е дека неможеш да знаеш кога купуваш куќа, никогаш не си сигурен дека нешто не е во ред со куќата. Тоа е лотарија, и мааните ќе се покажат од после, што не е случај со стан, 38 квадрати ама барем знаеш на што си, и дека е чисто, а не утре да бегаш од станот како јас од сопствената куќа заради глувци.